Прејди на содржината

Кизил (река)

Координати: 41°44′04″N 35°57′23″E / 41.73444° СГШ; 35.95639° ИГД / 41.73444; 35.95639
Од Википедија — слободната енциклопедија
41°44′04″N 35°57′23″E / 41.73444° СГШ; 35.95639° ИГД / 41.73444; 35.95639
Кизил
Kızılırmak
Река
Кизил кај Искилип
Земја Турција
Притоки
 - леви Деврез, Ѓок
 - десни Делиџе
Градови Сивас, Киршехир, Крккале
Извор
 - место Имранли, Sivas Province
 - височина 2.000 м
 - координати 39°48′N 38°18′E / 39.800° СГШ; 38.300° ИГД / 39.800; 38.300
Утока Црно Море
 - местоположба Бафра, Самсун
 - височина м
 - координати 41°44′04″N 35°57′23″E / 41.73444° СГШ; 35.95639° ИГД / 41.73444; 35.95639
Должина 1.355 км
Сливот на Кизил
Сливот на Кизил
Сливот на Кизил
Службен назив: Делта на Кизилирмак
Прогласено:15 април 1998 [1]

Кизил или Кизилирмак (турски: Kızılırmak = „Црвена Река“), во антиката наречена Халис (старогрчки: Ἅλυς) — најдолга река во Турција што извира и завршува во земјата. Искористена е за хидроенергетски потреби и наводнување на оризови полиња, но не е пловна.

Географија

[уреди | уреди извор]

Реката е долга вкупно 1.355 км.[2] Извира во Источна Анадолија и тече на запад, свртува на југозапад, па образува широк лак. Продолжува на запад, па на северозапад, минувајќи североисточно од езерото Туз, а потоа на север и североисток, каде ѝ се придружува големата притока Делиџе. Тече цик-цак до утоката на реката Деврез, а потоа назад кон североисток, се соединува со реката Ѓок и завршува во Црното Море (41°43′N 35°57′E / 41.72° СГШ; 35.95° ИГД / 41.72; 35.95 (Устие на Кизил)). На Кизил се изградени браните „Бојабат“, „Алтанкаја“ и „Дербент“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Хетитите реката ја нарекувале Мараш-шантија, и ја исцртувала западната граница на нивната татковина. Во класичната антика, Кизил претставувал граница помеѓу Мала Азија и остатокот од Азија, како и меѓу Понт и Пафлагонија. Крај реката се одиграла Битката кај Халис (28 мај 585  г. п.н.е.)[3] како погранично подрачје помеѓу Лидија на запад и Медија на исток. Ова важело сè додоека лидискиот цар Крез не ја преминал реката во походот против Кир Велики во 547 г. п.н.е. Крез ја изгубил војната, и Персија се проширила сè до Егејското Море.

  1. „Список на рамсарски места“. Ramsar.org. Посетено на 13 април 2013. (англиски)
  2. Turkish Statistical Institute (2011). „Land and Climate“. Turkey in Statistics 2011: The Summary of Turkey’s Statistical Yearbook, 2011. стр. 2.
  3. Наречена и Битка на затемнувањето. Ова е најраната битка чиј ден на случување може да се утврди со точност поради затемнувањето на сонцето, кое нагло ставило крај на борбата.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]