Прејди на содржината

Карло Дебелиот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карло Дебелиот
Печат на Карло III со натписот KAROLVS MAGS („Карло Велики“)
Каролинзи
На престол881–888
Крал на Западна Франкија
На престол884–888
ПретходникКарломан II
НаследникОдо (Крал на Западна Франкија)
Ранулф II (Крал на Аквитанија)
Крал на Италија
На престол879 – 26 декември 887
ПретходникКарломан Баварски
НаследникБеренгар I
Крал на Источна Франкија
На престол20 јануари 882 – 17 ноември 887
ПретходникЛудвиг Помладиот
НаследникАрнул (Крал на Источна Франкија)
Рудолф I (Крал на Бургундија)
Роден(а)13 јуни 839
Источна Франкија
Починал(а)13 јануари 888(888-01-13) (возр. 48)
Донауешинген, Каролиншко Царство
Почивалиште
СопружникРихгарда (862–888)
ДецаБернард (нелегален)
ДинастијаКаролинзи
ТаткоЛудвиг Германски
МајкаЕма Баварска
Вероисповедхристијанство

Карло Дебелиот[1] (13 јуни 83913 јануари 888), познат и како Карло IIIкаролиншки цар од 881 до 888 година. Најмладиот син на Лудвиг Германски и Ема Баварска, Карло бил праправнук на Карло Велики и последниот владетел кој ќе владее со обединетото Каролиншко Царство.

Во текот на неговиот живот, Карло бил владетел на најразлични кралства. Му било доделено владение над Алеманија во 876 година по поделбата на Источна Франкија, тој го наследил и италијанскиот престол по повлекувањето на неговиот постар брат Карломан Баварски кој бил онеспособен од мозочен удар. Бил крунисан за цар во 881 година од страна на папата Јован VIII, по наследувањето на владенијата на неговиот брат Лудвиг Помладиот (Саксонија и Баварија) се обединува Источна Франкија. По смртта на неговиот роднина Карломан II во 884, ја наследил цела Западна Франкија, обединувајќи го целото Каролиншко Царство.

Но вака обединетото царство не опстојало. За време на преврат предводен од неговиот внук Арнулф Каринтски во ноември 887 година, Карло бил симнат од власт во Источна Франкија, Лотарингија и Италија. Принуден да се повлече, тој починал од природна смрт во јануари 888 година, неколку недели по неговото симнување од власт. Царството набрзо по неговата смрт се распаднало и никогаш не било возобновено, разделувајќи се на пет одвоени наследнички царства.

Го сметале за мрзоволен и смотан – познато е дека постојано бил болен и се верувало дека страдал од епилепсија – во два наврати го откупил мирот со викиншките ограбувачи, вклучувајќи ја и познатата Париска опсада во 886 година.

Младост и наследство

[уреди | уреди извор]

Карло бил најмладиот од трите синови на Лудвиг Германски, крал на Источна Франкија и Ема Баварска, од франкската благородничка династија Велфци. За време на неговото детство се пишува дека бил опседнат од демон и притоа дошло до пенење од неговата уста сè додека не бил положен на олтарот на месната црква. Ова во голема мера влијаело на неговиот татко како и на самиот Карло. Бил опишуван како „христијански принц, кој се плашел од Бога, целосно посветен на почитување на заповедите, почитувач на заповедите на црквата, добротвор, практикувач на црковно пеење и молитва, секогаш славејќи го Бога.“

Во 859 година, Карло бил прогласен за гроф на Брајсгау, алеманско мочуриште јужно од Лотарингија.[2] Во 863 година, неговиот бунтовен најстар брат Карломан се побунил против својот татко. Следната година на бунтот му се придружил и Лудвиг Помладиот по што им се придружил и Карло. Карломан бил прогласен за совладетел во Баварија. Во 865 година, Лудвиг бил принуден да ги раздели владенијата меѓу своите синови: Баварија му припаднала на Карломан, Саксонија (со Франконија и Турингија) му припаднала на Лудвиг, додека пак Алеманија (Швабија и Раетија) му припаднала на Карло. Лотарингија требала да се подели меѓу двајцата помлади браќа.

Кога во 875 година царот Лудвиг II, кој бил и крал на Италија, починал, се договорил со Лудвиг Германски дека Италија ќе му припадне на Карломан, но Карло Ќелавиот го нападнал полуостровот и се крунисал за крал и цар.[3] Лудвиг Германски првично го испратил Карло, а подоцна и Карломан со војски кои во себе имале и италијански сили под водство на Беренгар Фурлански, нивен роднина, да ја освојат Италија.[3][4] Но во ова тие не успеале сè до смртта на Карло Ќелавиот во 877 година.

Во 876 година, Лудвиг починал и наследството се поделило според Риешкиот договор, иако Карло добил помал дел од Лотарингија. Владението на Карло со Германија започнува од 876 година.

Стекнување на Италија

[уреди | уреди извор]

Браќата соработувале и со тоа била избегната војната околу наследството, реткост во мрачната доба во Европа. Во 877 година, Карломан ја стекнал во владение како наследство Италија од својот вујко Карло Ќелавиот. Лудвиг ја поделил Лотарингија и му понудил третина на Карломан и третина на Карло. Во 878 година, Карломан му го вратил неговиот дел од Лотарингија на Лудвиг, кој подедакво го поделил со Карло. Во 879 година, Карломан бил онеспособен да владее од мозочниот удар и своите владенија ги поделил меѓу неговите браќа: Баварија му припаднала на Лудвиг, а Италија на Карло. Таа година се смета за почеток на владеењето на Карло со Италија, и претежно целото свое владеење сè до 886 година го минал во Кралството Италија.[5]

Во 880 година, Карло му се придружил на Лудвиг III и Карломан, совладетлите на Западна Франкија, во опсадата на Босо Провансалски во Виен од август до септември но биле неуспешни. Прованса била дел од Италија (од 863). Во август 882 година, Карло го испратил Рихард Праведниот, гроф на Отен, да го заземе градот, во што и успеал. По оваа победа, Босо не успеал да го поврати своето владение и бил ограничен на владенијата во близина на Виен.

Крунисување и дејства

[уреди | уреди извор]

На 18 јули 880 година, папата Јован VIII испратил писмо до Гвидо II Сполетски за склучување на мир, но војводата го игнорирал и ја нападнал Папската Држава. Јован очаен го молел Карло за помош како крал на Италија. Како благодарност, тој бил крунисан за цар на 12 февруари 881 година. Неговото воздигнување било придружено со надежи за заживување на западна Европа, но оа било претешка задача за него. Карло не се потрудил особено околу Гвидо, па папата продолжил да испраќа писма со кои го молел Карло да преземе воени дејства.

Како цар, Карло започнал со изградба на палата во Селеста во Алзас. Наликувала на палатата во Ахен од Карло Велики, кого постојано го имитирал, потврдено од делото на Ноткер Пелтекот, Gesta Karoli Magni. Бидејќи Ахен се наоѓал во кралството на неговиот брат, морал да изгради нова палата за неговиот двор во западна Алеманија.[6] Sélestat was also more central to the Empire than Aachen.

Во февруари 882 година, Карло свикал собор во Равена. Војводата, царот и папата потпишале мир со Гвидо и неговиот вујко, Гвидо III, кои се обврзале дека ќе ги вратат освоените папски земји. Во март пристигнало писмо од папата во кое Карло е информиран дека заветите не се исполнетио. Во 883 година, Гвидо, сега војвода на Сполето, бил обвинет за предавство на царскиот синод одржан во мај во Нонантула.[7] Тој се упатил кон Сполето и склучил сојуз со Сарацените. Карло го испратил Беренгар, со армија, за да го отстрани Гвидо Сполетски од власт. Беренгар првично бил успешен во походите сè додека не избила епидемија, која ја опустошила цела Италија, поради што сите дејства биле запрени.[7]

Во 883 година, Карло потпишал договор со Џовани II Партиципацио, дужд на Венеција, според кој секое убиство на дужд кој пребегнал на територијата на царството ќе биде казнето со 100 lbs злато и прогонство.

Источна Франкија

[уреди | уреди извор]

Кон почетокот на 880-ите, остатоците од големата викиншка војска, поразени од Алфред Велики во Едингтонската битка во 878 година, започнала да се населува во Низоземска. Лудвиг, Карловиот брат, им се спротивставил со одреден успех, но починал по кусиот поход на 20 јануари 882 година. КАрло го наследил неговото кралство со што повторно било обединета Источна Франкија.

Кога се вратил од Италија, КАрло одржал собир во Вормс со цел да се справи со Викинзите. Војската на Источна Франкија била ставена под водство на Арнулф грофот на Корушка и Хајнрих. Главниот викиншки камп бил опсаден кај Аселт. Подоцна Карло започнал преговори со викиншките поглавари, Годфрид и Зигфрид. Годффрид го прифатил христијанството и се согласил да стане Карлов вазал. Тој се венчал со Гизела, ќерката на Лотар II.Зигфрид бил поткупен. И покрај некои наговестувања во современите записи, ниту еден извор од тој период не ги критикува дејствата на Карло во текот на походот.[8]

Од 882 до 884 година, е периодот на Вилхелминајската војна во пределите на Панонија (подоцна Австија). Арнулф Корушки, КАрловиот нелегален внук, се осојузил со бунтовникот Енгелшалк II против Карловиот претставник во таа покраина, Арибо. Сватоплук I, владетелот на Голема Моравија, се здружил со Арибо и во 884 година во Каумберг, му се заколнал на верност на Карло. Иако царот го изгубил вазалството на Вилхелминајското семејство и ги нарушил односите со својот внух, но се стекнал со моќни сојузници од Моравија и други словенски владетели во близина на царството.

Во 885 година, плашејќи се од Годфрид и неговиот зет, Хуго, Карло организирал собир во Спијк во близина на Лобид, каде викиншкиот водач паднал во заседа. Годфрид бил погубен а Хуго ослепен и испратен во Прум.

Наследство

[уреди | уреди извор]

Карло, кој немал деца од неговиот брак со Рихарда, сакал да го направи наследник илегалното дете од непознатата конкубина, Бернард, во 885 година, но наишол на отпор од неколку епископи. Имал поддршка од папата Адријан III, кој бил поканет на собирот во Вормс во октомври 885 година, но тој починал доаѓајќи, веднаш по минувањето на реката По.[9] Адријан требало да ги расчини епископите, бидејќи Карло се сомневал дека може да го стори тоа сам, со што би му дал легимитет на Бернард.[9] Според записите на еден хроничар од Мајнц во делото Annales Fuldenses, главниот опирач на волјата на Карло бил најверојатно Лиутберт, архиепископот на Мајнц. Бидејќи Карло ги свикал на едно место „епископите и грофовите на Галија“, заедно со папата во Вормс најверојатно Карло планирал да го постави Бернард за Крал на Лотарингија.[10] Ноткер Пелтекот, кој го сметал Бернард за можен наследникнапишал во своето дело Делата на Карло Велики:

Јас нема да ви кажам [Карло Дебелиот] за овој [[[викинзи|викиншки]] грабеж на Прумската опатија] сè додека не го видам твојот млад син Бернард со меч на својата половина.[10]

Најверојатно Ноткер очекувал од Карло дмазада за грабежот на Прумската опатија.

По неуспехот во неговиот прв обид, Карло се обидел повторно. Тој во списите го вовел зборот потомок proles, најверојатно со цел да го легализира својот син.[11] На почетокот на 886 година, Карло се сретнал со новиот папа Стефан V и најверојатно преговарал за признавањето на неговиот син за негов наследник. Бил испланиран собир во април и мај наредната година во Вајблинген. Папата Стефан го откажал планираното присуство на 30 април 887 година. Сепак, во Вајблинген, Беренгар, кој по куса расправија со Литвард го изгубил својот углед кај царот, по што на почетокот на мај 887 година, е помирил со царот, и принел дарови.[12]

Карло најверојатно ги напуштил плановите поврзани со Бернард и наместо него го посвоил Лудвиг Провански на соборот одржан во мај во Кирхен.[13] Но можно е да бил постигнат договор со Лудвиг за да се осигури поддршката за кралувањето на Бернард во Лотрарингија. Во јуни или јули Беренгар пристигнал во Кирхен, надевајќи се да биде прогласен за наследник на Карло, постои можност истиот да бил именуван за наследник уште во Италија, каде бил прогласен за крал веднаш по симнувањето на Карло од престолот.[14] Одо, можно е да имал иста цел при посетата на Карло во Кирхен.[14] Од друга страна, присуството на овие големци на овие собири било потребно за потврдувањето на легалноста на неговиот син, план кој пропаднал кога папата одбил на учествува на собирот.[15]

Западна Франкија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Charles' nickname "the Fat" is a twelfth-century concoction. Charles' actual girth is unknown.
  2. Reuter, 72.
  3. 3,0 3,1 AF, 875 (p.77 and n8).
  4. MacLean, 70.
  5. Chris Wickham (1981), Early Medieval Italy: Central Power and Local Society, 400–1000 (Macmillan), 169.
  6. MacLean, 187–188.
  7. 7,0 7,1 AF(B), 883 (p 107 and nn6–7).
  8. Reuter.
  9. 9,0 9,1 Reuter, 116–117. AF(M), 885 (pp 98–99 and nn6–7) and AF(B), 885 (p. 111 and n2).
  10. 10,0 10,1 MacLean, 131.
  11. MacLean, 132.
  12. AF(B), 887 (p. 113 and nn3–4).
  13. MacLean, 167.
  14. 14,0 14,1 Reuter, 119.
  15. MacLean, pp167–168.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]