Прејди на содржината

Каранфил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каранфил
Цветови на градинарскиот каранфил (Dianthus caryophyllus)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Ред: Каранфиловидни
Семејство: Каранфили
Род: Каранфил
L.
Типски вид

градинарски каранфил
(Dianthus caryophyllus)

Пелистерски каранфил
(D. myrtinervius)
Ботаничка илустрација на картуски каранфил (D. alpinus)
Турски каранфил (D. barbatus)
Перјест каранфил (D. plumarius)
Јапонски каранфил (D. japonicus)

Каранфил (научDianthus) — род со околу 300 вида на цветни растенија од семејството каранфили (Caryophyllaceae). Автохтони се на Европа и Азија, со неколку вида во северна Африка и еден вид (D. repens) во Северна Америка. Во Македонија и разни други земји, каранфилот (поточно градинарскиот каранфил) е симбол на првомајството и партизанското движење.

Претставниците на родот се претежно зелјести и повеќегодишни, со тоа што некои се едногодишни и двегодишни. Некои имаат облик на полугрмушки со дрвенести стебленца. Листовите се спротивставени, прости и линеарни со сивозелена до синозелена боја. Цветовите имаат по пет ливчиња со набрани рабови и (речиси сите) имаат светлорозова до темнорозова боја. Еден вид (D. knappii) има жолти цветови со виолетова средина. Извесни повеќегодишни видови имаат карактеристичен опоен мирис.

Ендемски каранфили во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија виреат разни видови на каранфили, од кои некои се заеднички за поширокиот регион или континентот, но некои се ендемски:

Одгледување

[уреди | уреди извор]

Каранфилот има подолга историја на одгледување и вкрстување, па затоа постојат илјадници градинарски и цвеќарски сорти со многу нијанси на бела, розова, жолта и црвена боја и огромна разновидност на облици и белези. Одгледуваните каранфили можат да се поделат на обрабени, вечноцутни, малмезонски, старински, современи и планински.[11]

Некои видови

[уреди | уреди извор]

Каранфилот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Каранфил“ (Carnation) - песна на англиската рок-група „Џем“ (The Jam) од 1982 година.[12]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, галичички“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, јабланички“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  3. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, јакупички“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  4. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, кајмакчалански“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  5. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, капински“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  6. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, македонски“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  7. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, охридски“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  8. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, пелистерски“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  9. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, прилепски“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  10. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, скопски“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  11. RHS A-Z encyclopedia of garden plants. United Kingdom: Dorling Kindersley. 2008. стр. 1136. ISBN 1405332964.
  12. DISCOGS, The Jam ‎– The Gift (пристапено на 17.6.2020)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]