Прејди на содржината

Камерун

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Од Википедија — слободната енциклопедија
Република Камерун
République du Cameroun
Знаме Грб
ГеслоМир — Труд — Татковина
ХимнаО Камерун, колевко на нашите предци

Местоположба на Камерун
Местоположбата на Камерун
Главен градЈаунде[1]
Најголем град Дуала[1]
Службен јазик француски
англиски
Народности 
Уредување унитарна претседателска република
 •  Претседател Пол Бија
 •  Премиер Филемон Јанг
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Сенат
 •  Долен дом Национално собрание
Независност од Франција
 •  Прогласена 1 јануари 1960 
 •  соединување со
Британски Камерун
1 октомври 1961 
Површина
 •  Вкупна 475,442 км2 (53.)
 •  Вода (%) 0.57
Население
 •  проценка за 2016 г. 23.439.189[2] (56.)
 •  Попис 2005 17.463.836[3] 
 •  Густина 39.7 жит/км2 (167.)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен 81,535 млј. $[4] 
 •  По жител 3.358 $[4] 
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно 29,547 млј. $[4] 
 •  По жител 1.217 $[4] 
Џиниев коеф. (2007)positive decrease 44.6[5]
среден
ИЧР (2015) 0.518[6]
низок · 153rd
Валута централноафрикански франк (XAF)
Часовен појас WAT (UTC+1)
Се вози на Right
НДД .cm
Повик. бр. +237

Камерун (француски: Cameroun), офиц. Република Камерун (République du Cameroun) — држава во Централна Африка. Се граничи со Нигерија на север; Чад на североисток; Централноафриканската Република на исток; Екваторска Гвинеја, Габон и Република Конго на југ. Крајбрежјето на Камерун лежи на заливот Бијафра, дел од Гвинејскиот Залив во Атлантскиот Океан.

Службени јазици во Камерун се францускиот и англискиот. Државата често се нарекува „Африка во мало“ поради својата геолошка и културна разновидност. Некои од природните одлики вклучуваат плажи, пустини, планини, прашуми и савани. Највисоката точка лежи на околу 4100 метри и се наоѓа на планината Камерун во југозападниот регион на државата, додека најголемите градови во однос на број на жители се Дуала на реката Вури кој воедно претставува главен економски град и главно морско пристаниште, Јаунде, главниот политички центар и Гаруа. По независноста, новообединетата нација се придружила на Комонвелтот, иако поголемиот дел од териториите претходно биле германска колонија и по Првата светска војна, француски мандат. Државата е добро позната по своите оригинални стилови на музика, особено макоса и бикутси и по успешната фудбалска репрезентација.

Најраните жители на територијата ги вклучува цивилизацијата Сао околу езерото Чад и ловечкото племе Бака во југоисточната прашума. Португалските истражувачи пристигнале на брегот во 15 век и ја нарекле територијата Rio dos Camarões (Реката на шкампи), што подоцна станало Камерун во англискиот и другите јазици. Фуланските војници го основале Емиратот Адамава на север во 19 век и различни етнички групи на запад и северозапад воспоставиле моќни водештва и фонови. Камерун станал германска колонија во 1884.

По Првата светска војна, територијата била поделена помеѓу Франција и Обединетото Кралство како мандатна територија. Политичката партија Сојуз на народите на Камерун се залагала за независност но била забранета од Франција во 1950-те, што било причина за избувнувањето на Камерунската борба за независност. Државата прогласила војна против Француските и милитантните групи на УПЦ до 1971. Во 1960, делот од Камерун кој бил под француска власт станал независен и наречен Република на Камерун под власта на претседателот Ахмаду Ахиџо. Јужниот дел на Британските Камеруни бил обединет во сојуз во 1961 во формирањето на Федералната република на Камерун. Федерацијата била напуштена во 1972 година. Државата биле преименета во унитарна држава во 1972 и Република на Камерун во 1984.

Во денешно време, Камерун се одликува со релативно висока политичка и социјална стабилност. Ова помогнало во напредокот на земјоделството, патиштата, железниците и широкозастапените индустрии на нафта и дрвени материјали. Сепак, голем број на камерунци се занимаваат со земјоделство, користејќи ги добиените производи само за себе и своите фамилии. Од 1982 Пол Бија е Претседател и ја води партијата за демократсткото движење на камерунскиот народ. Државата била подложена на тензии од страна на англофонските територии. Политичарите на ваквите држави се залагаат за поголема децентрализација и дури целосно одделување или независност на одредени делови од Камерун.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историјата на денешен Камерун е за првпат воспоставена за време на ерата на неолитот. Најдолгите постојани групи на жители ги вклучуваат Бака (Пигми).[7] Оттука, се верува дека миграциите на Банту во источна, јужна и централна Африка започнале пред околу 2,000 години.[8] Културата на цивилизацијата Сао се појавила околу Езерото Чад 500 години пр.н.е. и оттука се појавиле Канем и државата следбеник, Борнуската Империја. Кралствата и водечките групи се појавиле на западот.[9]

Португалските експедитори стигнале на брегот во 1472 година. Приметиле изобилие на видот шкампа Lepidophthalmus turneranus на реката Вури и ја нарекле Rio dos Camarões (Река на шкампи), што подоцна станало Камерун на англиски и други јазици.[10] Во текот на наредните десет века, европските интереси придонеле кон тоа да се воспостави трговија со луѓето кои живееле на брегот и христијанските мисионери пробиле во внатрешноста на територијата.[11]

Писмото бамум разработено од Нџоја кон крајот на 19-от век

Во раниот 19 век, Модибо Адама ги водел фуладските војници на џихад на северот против луѓето кои не биле муслимани и оние кои биле делумни муслимани. Тој исто така го воспоставил и емиратот Адамава. Доселените народи кои избегале од Фуланите предизвикале големо прераспоредување на населението.[11] Северниот дел на Камерун бил важен дел во мрежата на арапскиот договор за размена на робови.[8]

Племето Бамум има свој јазичен систем, познат како писмо на Бамумите или Шу Мом. Писмото им било доделено од страна на султанот Ибрахим Нџоја во 1896,[12][13] и се предава во Камерун во склоп на проектот за бамумското писмо и архиви.[13] Германија почнала да ги воспоставува своите корени во Камерун во 1868 кога компанијата Воерман од Хамбург изградила складиште. Објектот бил изграден на речното устие на реката Вури. Подоцна, Густав Нахтигал склучил договор со еден од локалните кралеви за да се предаде регионот на германскиот цар.[14] Германското Царство ја зазела територијата како колонија во 1884 и почнала да навлегува во нејзината внатрешност. Германците биле пречекани со отпор од страна на жителите на државата кои не сакале тие да се населат на територијата на нивната држава. Под влијание на Германија комерцијалните компании биле оставени да ги регулираат локални администрации. Овие концесии го користеле принудениот труд на Африканците со цел да направат профит. Африканците биле присилени да работат со банани, гуми, палмино масло и плантации на какао.[14] Германија започнала со проекти за да ја подобри инфраструктурата во својата колонија, имплементирајќи строг систем на принуден труд кој бил широко критикуван од другите колонијални сили кои постоеле во тоа време.[15]

Со поразот на Германија во Првата светска војна, Камерун станал мандатна територија и бил поделен на француски Камерун и британски Камерун во 1919. Франција ја интегрирала економијата на Камерун со таа на Франција[16] и ја подобрила инфраструктурата со капитални инвестиции и вешти работници, модифицирајќи го системот на присилен труд.[15]

Британците ја раководеле нивната териториија од соседната Нигерија. Староседелците се жалеле дека тоа ги претвориле во запоставена „колонија на колонија“. Нигерските мигрантски работници се насобрале во Јужен Камерун, завршувајќи со системот на принудно работење но разгневувајќи ги локалните домородци кои се почувствувале како да се поплавени.[17] Мандатите под Друштво на народитете биле претворени во старателства на Обединетите Нации во 1946 и прашањето за независност станале важен проблем во Француски Камерун.[16]

Франција ја протерала најрадикалната политичка партија, Унија на народот на Камерун (француски: Union des Populations du Cameroun (UPC)), на 13 јули 1955.[18] Ова предизвикало долга герила војна и атентат на водачот на партијата, Рубен Ум Нјобе. Прашањето во помирниот британски дел на Камерун било дали повторно да се обединат со Францускиот Камерун или да се приклучат кон Нигерија.[19]

Независност (1960)

[уреди | уреди извор]
Поранешниот претседател Ахмаду Ахиџо ја водел државата од 1960 до 1982.

На 1 јануари 1960, Францускиот Камерун стекнал независност од Франција под водство на претседателот Ахмаду Ахиџо. На 1 октомври 1961, поранешниот британски Јужен Камерун се обединил со Францускиот Камерун и се формирала Федералната Република Камерун. Ахиџо ја искористил војната против UPC која сè уште била во тек со цел да ја насочи моќта во претседателската улога, продолжувајќи да го прави тоа дури и по стишувањето на UPC во 1971.[20]

Неговата политичка партија, Националната унија на Камерун, станала единствената легална политичка партија на 1 септември 1966 и во 1972 година, федералниот систем на уредување бил укинат и заменет со Обединетата Република на Камерун, предводена од Јаунде.[21] Ахиџо имплементирал економска политика на планиран либерализам, давајќи им предност на земјоделските култури и нафтениот развиток. Владата ги користела парите од нафтата за да создаде заштедина на национален фонд, да ги плати фармерите и да финансира поголеми проекти за развиток; сепак многу од овие иницијативи не биле успешни поради тоа што Ахиџо назначил неквалификувани сојузници да ги спроведат.[22]

Пол Бија ја води државата од 1982 година

Ахиџо ја напуштил функцијата на 4 ноември 1982 и ја предал својата позиција на неговиот констутиционален следбеник, Пол Бија. Ахиџо сепак останал на власт на CNU и пробал да ја предводи државата од зад сцената додека Бија и неговите сојузници не го присилиле да се повлече. Бија започнал со своето управување движејќи се кон подемократска власт, но неуспешниот државен удар го натерал да започне со користење на сличен водачки стил како неговиот претходник.[23]

Економска криза започнала да се појавува во средината на 1980-те и крајот на 1990-те како резултат на интернационални економски состојби, суша, пад на цената на нафтата и долгогодишно присуство на корупција, лош менаџмент и кронизам. Државата се насочила кон странска помош, намалени владини трошоци и приватизирани индустрии. Со повторното внесување на системот на повеќепартиска политика во декември 1990, групите на поранешната територија на Јужен Британски Камерун повикале кон поголема автономија и Јужниот Национален Совет на Камерун се залагал за целосно одвојување од Република Амбазонија.[24]

Во јуни 2006, разговорите околу територијалниот спор со Бакаскиот полуостров биле разрешени. Разговорите се воделе помеѓу камерунскиот претстедател Пол Бија, нигерскиот претседател Олусегун Обасанжо и генералниот секретар на ОН Кофи Анан и завршил со предавање на контрола на Камерун на горенаведениот полуостров кој изобулува со нафта. Северниот дел на територијата бил формално предаден на камерунската влада во август 2006 и остатокот на полуостровот му бил оставен на Камерун 2 години подоцна, во 2008.[25]

Во февруари 2008, Камерун се соочил со најлошото насилство во последните 15 години кога штрајк на транспортната унија прераснал во насилен протест во 31 општина.[26][27] Во мај 2014, веднаш по киднапирањето на ученичка во Чибок, камерунскиот претседател Бија и чадскиот претседател Идрис Деби изјавиле дека прогласуваат војна на Боко Харам, и испратиле трупи кон границата со Нигерија.[28]

Политика и влада

[уреди | уреди извор]
Палата на Обединетоста - седиште на претседателот во Камерун.

Претседателот на Камерун е одбран и ја создава полисата, управува со владини агенции, командува со вооружените сили на државата, преговара и ратификува договори и објавува вондердна состојба.[29] Претседателот ги назначува владините лица во сите сектори, од премиерот (кој се смета за главен на владата), до провинцијални гувернери и дивизионални офицери.[30] Претседателот е избран со гласање на народот на секои седум години.[1] Народното собрание ја оформува легислативата. Телото се состои од 180 членови кои се избираат на секои пет години и се состануваат трипати годишно.[30] Законите се донесуваат доколку има глас на мнозинство. Ретко се случува собранието да смени или да спречи легислатива донесена од претседателот.[1]

Конституцијата на 1996 воспоставува втора локација на парламент, Сенат кој содржи 100 седишта, воспоставен во април 2013 и е предводен од Претседател на Сенатот кој е конституционален следбеник во случај на временска празнина на функцијата претседател на Републиката.[1] Владата назначува авторитет на традиционални шефови и останати функции за да управуваат на локално ниво и да ги решаваат проблемите сè додека таквите решенија не се спротивставуваат со националниот закон.[31][32]

Легалниот систем на Камерун е широко заснован на францускиот закон, а има влијанија и од заедничкото право.[1] Покрај тоа што е номинално независно, судството влегува во склоп на авторитетот на Министерството за Правда.[31] Претседателот ги поставува судиите на сите нивоа.[30] Судството е официјално поделено на трибунали, апелационен суд и врховен суд. Националното Собрание избира членови на деветчлениот високоправен суд кој пресудува за високорангирани членови на владата во случај тие да се обвинети за велепредавство или нарушување на национална безбедност.[33][34]

Политичка култура

[уреди | уреди извор]

Камерун се смета за држава со широкозастапена корупција на сите позиции во владата. Во 1997, Камерун вопоставил анти-корупциски бироа во 29 министерства, но само 25% останале употребувани во пракса.[35] Во 2012, Транспаренси интернешнел го пласирал Камерун на 144-то место во списокот на 176 држави рангирани од најмалјку корумпирани до најмногу корумпирани.[36] На 18 јануари 2006, Бија започнал анти-корупциски погон под водство на Националниот Обзерваториум против Корумпираност.[35] Има неколку висококорумпирани подрачја во Камерун, како што се царината, јавниот здравствен сектор и јавното обезбедување.[37]

Статуа на шеф во Бана, западен регион.

Организациите за човекови права ја обвинуваат полицијата и воените сили за неправилно постапување, дури и малтретирање криминални осомненици, етнички малцинства, хомосексуалци и политички активисти.[38][39][40][41] Затворите се преполни со недостаток на соодветна храна и медицински прибор.[40][41] Затворите коишто се управувани од традиционални управители во северот се обвинети за држење политички спротивставеници под налог на владата.[39] Меѓутоа од првата деценија на 21 век, голем број на полицајци и жандармери биле судски гонети за неправилно однесување.[40]

Демократското Движење на Камерун воспоставено од претстедателот Бија, е единствената легална политичка партија од декември 1990. Голем број политички партии се формирани оттогаш. Првична опозиција е Социјалдемократскиот фронт, заснован на англофонскиот регион на државата и предводен од Џон Фру Нди.[42] Бија и неговата партија одржувале контрола на претседателството и на народното собрание во националните избори, за кое соперниците тврделе дека било нефер.[24] Организациите за човекови права тврдат дека владата ги потиснува слободите на опозициските групи со тоа што спречува демонстрации, попречува средби и апси опозициски водачи и новинари.[38][39] Особено луѓето кои го користат англискиот јазик се дискриминирани; протестите често ескалираат во насилни судири и убиства.[43] Во 2017, претседателот Бија го откажал пристапот до интернет 94 дена во делот од државата во кој се зборува на англиски јазик, попречувајќи пет милиони луѓе.[44]

Куќата на Мирот го рангира Камерун како „неслободен“ во рамките на политички права и цивилни слободи.[45] Последните парламентарни избори биле одржани на 30 септември 2013.[46]

Надворешни односи

[уреди | уреди извор]

Камерун е член на Комонвелт на нациите и Франкофонијата. Полисата за надворешни односи е слична со таа на најблискиот сојузник на државата, Франција (една од поранешните колонијални владетели).[47][48] Камерун зависи од Франција за одбрана,[31] иако воените трошоци се високи во споредба со другите сектори на владата.[49] Бија се судрил со владата на Нигерија во однос на поседништвото на Бакаскиот полуостров кој е богат со нафта (спорот бил разрешен со Договорот Гринтри) и со претседателот Омар Бонго на Габон поради лично соперништво.[42]

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Камерун е поделен на 10 региони.

Конституцијата на државата го дели Камерун на 10 полуавтономни подрачја, секое под администрација на избран регионален совет. Секој регион е воден од страна на началник избран од страна на претседателот..[29] Овие водачи се задолжени да ја имплементираат волјата на претседателот, да даваат извештаи за општата состојба и условите во регионите да управуваат со грѓанското општество, да се грижат за зачувување на мирот и да ги надгледуваат лицата назначени за помалите административни единици. Управителите имаат повеќе правна моќ: можат да повикаат на пропаганда во своето подрачје и да ја повикаат армијата, жандармеријата и полицијата.[29] Сите службени лица на месната управа се вработени во Министерството за територијална управа на централната влада, од каде што локалните власти исто така ги добиваат своите буџети.[8]

Регионите се поделени на 58 дивизии (француски départements). Овие региони се предводени од офицери назначени од претседателот (préfets). Регионите се исто така поделени на подрегиони (arrondissements), предводени од помошни дивизиони офицери (sous-prefets). Дистриктите, предводени од управители (chefs de district), се најмалите административни единици.[50]

Трите најсеверни региони се Далечен Север (Extrême Nord), Север (Nord), и Адамава (Adamaoua). Веднаш на југ од нив се наоѓаат Центарот (Centre) и Истокот (Est). Јужната покраина (Sud) лежи на Гвинејскиот Залив и на јужната граница. Западниот регион на Камерун е поделен на четири помали региони: Брег (Littoral) и Југозапад (Sud-Ouest) се на крајбрежјето и регионите на Северозападот (Nord-Ouest) и Западот (Ouest) се тревни површини.[50]

Образование и здравство

[уреди | уреди извор]
Ученици во Камерун.

Во 2010, стапката на писменост во Камерун била проценета околу 75.02% (од кои псименоста кај машки била застапена со 81.15%, а кај женските со 68.9%).[1] Најголемиот број на деца имаат пристап до државни училишта кои се поевтини од приватните и религиозните установи.[51] Образовниот систем е мешавина на британските и француските колонизатори кои ја поседувале државата во минатото[52] и најголемиот дел од наставата се одвива на француски или англиски јазик.[53]

Камерун е една од државите кои имаат најголема стапка на посета на настава од страна на учениците во Африка.[51] Девојчињата посетуваат настава поретко отколку момчињата поради културните норми, домашните обврски, рани бракови, бременост и сексуална злоупотреба. Покрај тоа што стапката на присуство е повисока во југот,[51] има непропорционален број на наставници, оставајќи ги подрачјата од северните делови на државата со недоволен персонал.[40] Одењето на училиште во Камерун е исто така под влијание на принудно работење на деца. Според Департментот на САД за труд на деца, откриено е дека 56% од децата на возраст од 5 до 14 години биле работници и дека 53% од децата на возраст од 7 до 14 години работеле во исто време додека посетувале настава.[54] Во декември 2014, на списокот на добра произведени користејќи труд на деца, објавен од страна на Бирото за итернационален труд, Камерун бил спомнат меѓу државите кои користеле деца во производството на какао.[55]

Квалитетот на здравството е претежно низок.[56] Во Камерун има само еден доктор на секои 5,000 луѓе, според Светската здравствена организација.[57] Има само неколку професионалци поради финансиските намалувања во здравствениот систем. Докторите и медицинските лица кои се стекнале со едукација во Камерун емигрираат од државата поради тоа што платите се ниски, а работната норма е висока. Голем дел од медицинските сестри се невработени иако има голема потреба од нивната дејност и помош. Некои од нив помагаат доброволно со цел да не ги изгубат стекнатите вештини.[58] Надвор од големите градови, медицинските институции се најчесто од низок квалитет и има недостаток на медицински прибор.[59]

Просечната должина на живот била околу 54.71 години во 2012, што претставува една од најниските во целиот свет.[60] Ендемските болести кои се застапени вклучуваат денга, филаријаза, лајшманиоза, маларија, менингитис, шистосомијаза, и африканска трипаносмијаза.[61] Застапеноста на ХИВ/СИДА се проценува на 5.4% за тие кои се на возраст помеѓу 15 и 49 години,[62] иако постоењето на стигма околу болеста во државата спречува да се пријават сите случаи на болеста.[56] Практикувањето на користење топли или цврсти објекти со цел да се спречи развитокот и/или целосно да се отстранат градите на девојчињата е застапено во државата и влијае на здравјето на женското население.[63][64][65][66] Генитално осакатување на жените е практика која не е премногу застапена но се документира помеѓу некои припадници на државата; според извештајот на УНИЦЕФ од 2013 година,[67] 1% од жените на Камерун биле подложени на ваква практика. Традиционалните исцелители се популарна алтернатива на научно-заснована медицина.[68]

Географија

[уреди | уреди извор]
Резерватот Џа Фаунал.

Со површина од 475442 км2, Камерун е 53-та најголема држава во светот.[69] Територијата е малку поголема од таа на Шведска и споредлива со таа на Папуа Нова Гвинеја. Државата се наоѓа во централна и северна Африка и зазема дел од Гвинејскиот Залив и Атлантскиот Океан.[70] Камерун лежи помеѓу и 13°N, и и 17°E.

Туристичката литература ја опишува државата како „Африка во минијатура“ поради тоа што ги има сите климатски и вегетациски одлики на континентот: брег, пустина, планини, прашума и саванa.[71] Соседи на државата се Нигерија и Атлантскиот Океан на запад; Чад на североисток; Централноафриканска Република на исток; и Екваторска Гвинеја, Габон и Република Конго на југ.[1]

Слонови во националниот парк Ваза.

Камерун е поделен на пет поголеми географски зони кои се одликуваат со доминантни физички, климатски и вегетативни одлики. Рамнината на крајбрежјето навлегува 15 до 150 километри во внатрешноста на Гвинејскиот Залив[72] и има просечна елевација од 90 метри.[73] Овој појас се одликува со премногу топла и влажна клима и кратка сушна сезона, има густа шума и го содржи едно од највлажните места на планетата, дел од брежните шуми на Крос-Санага-Боко.[74][75]

Јужната камерунска висорамнина се издига од брежната рамнина со просечна елевација од 650 метри.[76] Екваторската прашума преовладува во овој регион иако промената помеѓу влажната и сушната сезона ја прават помалку влажна во целина од брегот. Оваа површина е дел од екорегионот на атлантските екваторски крајбрежни шуми.[77]

Селска површина близу Нгаундал во регионот Адамава.

Нерегуларен синџир на планини, висорамнини и ридови се познати како планински венец и се протегаат од Планината Камерун на брегот - највисоката точка на Камерун се наоѓа на 4095 метри[78]—речиси до Езерото Чад на камерунската северна граница на 13°05'N. Овој регион има блага клима, особено на високата западна висорамнина и покрај тоа што има големо количество на врнежи. Почвата е една од најплодните во Камерун, особено таа која се наоѓа околу вулканската Планина Камерун.[78] Вулканските активности тука имаат создадено езера од кратери. На 21 август 1986, езерото Њос, кое претставува езеро од кратер, исфрлило јаглерод диоксид и убило околу 1,700-2,000 луѓе.[79] Овој регион бил опишан од светскиот фонд за диви растенија и животни како екорегионот на високите шуми на Камерун.[80]

Јужната висорамнина се издига на север кон тревната, нерамна висорамнина Адамава. Оваа висорамнина се протега од западната планинска територија и формира бариера помеѓу северот и југот на државата. Просечната подигнатост е 1100 метри[76] и просечната температура се движи од 22 °C (71.6 °F) до 25 °C (77 °F) со високо количество на дожд помеѓу април и октомври достигнувајќи го врвот во јули и август.[81] Северниот низок регион се протега од крајот на Адамава до Езерото Чад со просечна елевација од 300 метри.[78] Карактеристичната вегетација се состои од трева и савански грмушки. Ова е сув регион со редок дожд и високи температури.[82]

Камерун има четири извори на дренажа. На југот, главните реки се Нтем, Нјон, Санга и Вури. Овие реки течат југозападно или западно директно кон Гвинејскиот Залив. Реките Джа и Кадеи течат југоисточно во Реката Конго. Во северен Камерун, Реката Бенуе тече северно и западно и се празни во реката Нигер. Реката Логон тече северно кон Езерото Чад кое Камерун го дели со три соседни земји.[83]

Стопанство

[уреди | уреди извор]
Дуала, економскиот главен град на Камерун
Туристички предел во Лимбе

Бруто-домашниот производ на Камерун е проценет на околу 2,300 американски долари во 2008,[1] еден од десетте највисоки во потсахарска Африка.[84] Најголемиот маркет на извоз се одвива во Франција, Италија, Јужна Кореја, Шпанија и Обединетото Кралство.[1] Камерун се стреми кон тоа да стане видна земја до 2035. Државата се одликува со цела деценија на силна економска активност каде БДП-то растело во просек 4% на година. За време на периодот од 2004–2008 година, јавниот долг бил намален од над 60% БДП до 10% и официјалните резерви квадруплирале до 3 билиони американски долари.[85] Камерун е дел од Банката на Централни Африкански Држави (во кои претставува доминантната економија),[84] организацијата за царини и економска унија на Централна Африка и организацијата за хармонизација на бизнисното право во Африка.[86] Официјалната државна валута е ЦФА франкот.[1]

Невработеноста се проценува околу 4.4% во 2014,[87] и околу третина од населението живеела под границата на сиромаштијата со 1.25 американски долари на ден во 2009.[88] Од доцните 1980-ти, Камерун ги следи програмите на Светската Банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со цел да ја намали сиромаштијата, да ги приватизира индустриите и да го зголеми економскиот раст.[31] Владата има преземено мерки со цел да го поттикне туризмот во државата.[89]

Природните ресурси на Камерун се многу погодни за земјоделство и арборикултура. Околу 70% од населението има фарми и земјоделството сочинувала 19.8% од БДП-то во 2009.[1] Поголемиот дел од земјоделството е извршен од страна на локални фармери со едноставни алатки и со цел да овозможат сопствен опстанок. Вишокот на произведени производи се продава, а некои луѓе имаат посебни земјишта само за комерцијална употреба. Урбаните центри се особено зависни од селска земјоделство за нивните прехранбени производи. Почвата и климата на брегот дозволуваат комерцијална култивација на банани, какао, маслинови палми, гума и чај. Во внатрешноста на јужната камерунска висорамнина, некои од културите кои се одгледуваат се кафе, шеќер и тутун. Кафето е главна култура во западните планински предели, а на северот, природните услови дозволуваат одгледување на култури како памук, земјени јаткасти плодови и ориз. Зависноста од извоз на земјоделски производи предизвикува Камерун да биде афектиран при промена на нивните цени.[1]

Фулански сточар ја води својата стока во северен Камерун.

Стока се одгледува низ целата држава.[90] Со рибарството се занимаваат околу 5,000 луѓе и тоа придонесува околу 100,000 тони морска храна секоја година.[91][92] Месо од недомашни животни е важна храна за руралните камерунци и денес претставува еден од специјалитите во урбаните центри на државата. Комерцијалната трговија на ова месо прераснала во поголема закана за дивиот свет во Камерун од обесшумувањето.[93][94]

Јужните прашуми имаат големи резерви на дрвја, со проценета покривка од 37% од целосната земјена површина на Камерун.[92] Сепак, големи шумски површини се тешко достапни. Сечењето, за кое се главно задолжени странско поседувани фирми,[92] ја снабдува државата со 60 милиони американски долари во година во даноци. Законите предлагаат сигурна и одржувачка експлоатација на дрва но, во пракса, оваа индустрија е една од најмалку регулираните во Камерун.[95]

Индустријата заснована на фабрики придонела кон околу 29.7% од БДП-то во 2009.[1] Повеќе од 75% од камерунската сила се наоѓа во Дуала и Бонабери. Камерун содржи важни минерални ресурси, но овие не се доволно добро минирани.[31] Експлоатацијата на бензин има паднато од 1986, но сè уште пости сектор каде што промени во цените имаат голем ефект врз економијата.[96] Водопадите и брзаците ги спречуваат јужните реки, но овие водни површини нудат прилики за хидроелектричен развој и придонесуваат за генерирањето на поголем дел од енергијата во Камерун. Реката Снага ја снабдува најголемата хидроелектрична станица, која се наоѓа во Едеа. Остатокот на енергија во Камерун доаѓа од термални мотори снабдени со нафта. Поголемиот дел од државата е без сигурни извори за создавање на енергија.[97]

Инфраструктура и војска

[уреди | уреди извор]

Транспортот во Камерун е често тежок. Освен неколку релативно добри патарини кои ги спојуваат поголемите градови, патиштата се слабо одржувани и оштетени од страна на суровото време поради тоа што само 10% од нив се прекриени со катран.[1] Затворањето на патиштата честопати најмногу се користи од полицијата и жандармеријата со цел да собираат мито од патниците.[98] Разбојништвото на патиштата долго време го спречува транспортот помеѓу источните и западните граници и од 2005, проблемот станал поизразен на истокот кога Централноафриканската Република се дестабилизирала повеќе.[99]

Меѓуградските автобуски линии кои се во поседништво на неколку приватни компании ги спојуваат сите големи градови. Тие се најпознатото транспортно средство после железничката станица Камрејл. Железничкиот сервис се протега од Кумба на запад до Белабо на исток и Нгаундере на север.[100] Интернационалните аеродроми се сместени во Дуала и Јаунде, а третиот е во конструкција во Маруа.[101] Дуала е главното морско пристаниште на државата.[102] На север, Реката Бенуе е сезонски достапна од Гаруа преку Нигерија.[103]

Покрај тоа што слободата на печатот се подобрила после првата деценија на 21 век, таа е сè уште корумпирана и користена за специјални интереси и политички групи.[104] Новините рутински вршат цензура на своите содржини со цел да избегнат владина репресалија.[40] Најголемите радио и телевизиски станици се предводени од државата и останатите комуникации, како што се копнените телефони и телеграфите се под контрола на владата.[105] Мобилните мрежи и снабдувачите на Интернет се имаат драстично зголемено од првата деценија на 21 век и се значајно нерегулирани.[39][106]

Од 2015, камерунските воени сили (француски: Forces armées camerounaises, FAC), се состојат од армијата на државата (Armée de Terre), воената морнарица (Marine Nationale de la République (MNR)), камерунските воздужни сили (Armée de l'Air du Cameroun, AAC), противпожарните бригати, бригадите за брза интервенција и жандармеријата.[107] Машките и женските лица кои имаат наполнето 18 или 23 години и имаат завршено средно училиште можат да се пријават за воена служба. Тие кои го прават тоа треба да служат 4 години. Во Камерун нема воено регрутирање но владата повремено повикува волонтери.[107]

Демографија

[уреди | уреди извор]
Панорамски поглед на Јаунде.
Популцаија во Камерун[108]
Година Милиони
1971 7.0
1990 12.2
2009 19.5
ИЗвор: OECD/Светска Банка

Бројот на жители во Камерун во 2015 бил 22,250,000.[109] Животниот век на жителите е околу 57.3 години (55.9 години за мажи и 58.6 години за жени).[1] Населението на Камерун е речиси еднакво поделена на рурални и урбани жители.[110] Густината на население е највисока во големите урбани центри, западните планински региони и рамнините во североистокот.[111] Дуала, Јаунде и Гаруа се најголемите градови додека Висорамнината Адамава, југоисточната депресија Бенуе и поголемиот дел од Јужнокамерунската Висорамнина се ретко населени.[112] Според податоците на мрежното место на камерунската влада, стапката на плодност во државата била 5.0 во 2004.[113]

Куќите на Мусгумите во регионот на Далечниот Север се изградени од земја и трева.

Луѓето од пренаселените западни планински предели и неразвиениот северен дел се селат кон крајбрежните плантациски зони и убраните центри со цел да најдат работа.[114] Помали движења се случуваат кога работниците се вработуваат во дрвните фабрики и плантациите на југот и истокот.[115] Иако сразмерот на пол врз основа на националност е релативно еднаков, овие надворешни мигранти се претежно машки што предизвикува небалансиран размер во некои региони.[116] Моногамни и полигамни бракови се практикуваат и просечната камерунска фамилија се одликува со голем број на членови.[117] Во северот, жените претежно работат околу домовите и мажите чуваат стока или работат како фармери. Во југот, жените се задолжени за производството на храна за фамилијата додека мажите снабдуваат месо и растат растителни култури. Како во поголемиот број општества, камерунското е предводено од страна на машките и чести се случаите на насилство и дискриминација против жените.[39][40][118]

Според проценките, постојат помеѓу 230 и 282 различни народи и лингвистички групи во Камерун.[119][120] Висорамнината Адамава ги дели овие групи на северни и јужни. Северните народи се судански групи кои живеат во централните планински региони и северните низини и фуланските народи кои се распространети низ северен Камерун. Мал број на Шува Араби живеат во близина на Езерото Чад. Јужен Камерун е населен од говорители на банту и полубанту јазиците. Луѓето кои го говорат банту јазикот живеат во крајбрежните и екваторските зони додека тие кои ги зборуваат полубанту јазиците живеат на северните тревни површини. Околу 5,000 Гјеле и Бака Пигми народи се наоѓаат на југоисточниот и крајбрежните прашуми или живеат во мали куќички сместени до патиштата.[121] Нигеријанците се најголемата странска национална група.[122]

Во 2007, Камерун содржел околу 97,400 бегалци. Од овие, 49,300 биле од Централноафриканската Република (од кои поголемиот дел биле протерани кон западот поради војната),[123] 41,600 од Чад, and 2,900 од Нигерија.[124] Киднапирањата на камерунски граѓани од страна на Централноафриканската република се зголемиле од 2005.[99] Во првиот месец на 2014, илјадници бегалци кои бегале од насилството во Централноафриканската Република стигнале во Камерун.[125] На 4 јуни 2014, AlertNet објавил статија тврдејќи дека околу 90,000 луѓе избегале до Камерун од декември и околу 2,000 неделно (претежно жени и деци) сè уште ја преминуваат границата. Ертарин Казин, директор на Светската Прехранбена Програма рекол дека жените и децата пристигаат во Камерун во „шокантна состојба“, поминувајќи недели или месеци на пат, снаоѓајќи се за храна во целиот тој процес.[126]

Двојазично училиште во Њу Бел (Дуала)

Англиски и француски се официјално јазици иако француски е јазикот кој луѓето го разбираат повеќе (повеќе од 80%).[127] Германски, јазикот на оригиналните колонизатори бил заменет одамна од страна на француски и англиски. Камерунски пиџин англиски е лингва франка во териториите кои претходно биле раководени од страна на Британија.[128] Јазикот кој претставува ешавина на англиски, француски и пиџин и е наречен „франкангле“ (FrancAnglais) се здобил со популарност во урбаните центри од средината на 1970-те.[129][130] Владата ја поддржува двојазичноста на англиски и француски и поради тоа официјалните документи се напишани на двата јазици. Како дел од иницијативата за тоа да се поддржи двојазичноста во државата, шест од осумте универзитети во државата се целосно двојазични. Двата јазици исто така се користат во секојдневните медиуми, а постојат и голем број средни училишта во кои наставата е двојазична.[131] Покрај колонијалните јазици, во Камерун се користат и околу 250 други јазици кои ги зборуваат околу 20 милиони камерунци.[132] Поради ова, Камерун се смета за една од лингвистички најразновидните држави во светот.[133]

Религија

[уреди | уреди извор]
Религија во Камерун (Центар за истражување во Пју)[134][135]
религија процент
католици
  
40 %
протестанти
  
30 %
муслимани
  
18 %
ништо
  
6 %
традиционалци
  
3 %
останати
  
3 %

Камерун има високо ниво на верска слобода и разновидност.[40] Преовладувачката религија е христијанството, кое го практикува околу две третини од целото население, додека исламот е вера на значајното малцинство кое претставува една петтина од бројот на жители. Муслиманите се најзастапени во северот додека христијаните се наоѓаат претежно во јужните и западните региони, но луѓе кои ги практикуваат двете вери може да се најдат насекаде во државата. Големите градови имаат голем број луѓе од двете групи.[135] Муслиманите во Камерун се поделени на Суни (вклучувајќи ги вахабите),[136] Шии, Суфи и други муслимани.[136][137] Покрај овие религии, постојат голем број луѓе кои сè уште ги практикуваат традиционалните африкански религии.

Луѓето од северозападот и југозападот кои биле дел од британскиот Камерун се претежно протестанти. Деловите на јужните и западните региони во кои се зборува француски се претежно католички.[135] Јужните етнички групи претежно веруваат во христијанство или традиционални африкански анимистички верувања, или пак синкретичка комбинација на двете. Луѓето веруваат во маѓепсништво и владата ги забранува тие обичаи.[138] Вештерките се често подложени на насилство од страна на толпи.[40] Се смета дека исламистичката џихадистичка група Боко Харам оперира во Северен Камерун.[139] Во северните региони, фуланските етхнички групи кои предоминираат се претежно муслимански, но целото население е речиси подеднакво поделена помеѓу муслимани, христијани и следбеници на оригиналните религиски верувања (наречени кирди („пагани“) од страна на Фуланите).[135] Бамумските етнички групи на Западниот Регион се претежно муслимански.[135] Традиционалните религии се практикуваат во руралните подрачја во државата но ретко јавно во градовите, поради тоа што голем дел од оригиналните религиозни групи се појавиле локално и останале од локален карактер.[135]

Медиумите во Камерун се застапени преку независни аутлети. Нацијата има само еден национален весник кој е во поседништво на државата.[140] Постојат и голем број на публикации кои се јавни и приватни - јавни телевизиски станици и приватни канали, радио станици кои се јавни, приватни и странски како и достапност до Интернет. Цензурирање на новинарите е широкозастапено во Камерун. Во 2011 владата била замешана во обиди за блокирање на друштвената мрежа Твитер во државата.[141] Во 2009, глобалната класификација за слобода на печатот од страна на организацијата Репортери Без Граници ја рангирала државата на 109 место од 175 држави.[142] Во државата постојат печатени медиуми кои се објавуваат нерегуларно и имаат мала циркулација кај жителите. Поголемиот дел од нив се објавуваат на француски јазик, но и на голем број локални африкански јазици. Најголемиот дневен весник е Cameroon Tribune кој се објавува на француски и на англиски јазик.[143]

Телевизијата за првпат се појавила во Камерун во 1985 година.[144] Се вовела како дел од проектите на претседателот Бија за развиток и модернизација на државата; претседателот ја сметал телевизијата како средство за едукација на младите, за кое се изјаснил во своето политичко манифесто „За слободата на заедницата“ (француски: Pour le libéralisme communautaire (1987)). Деведесет билиони ЦФА франци биле инвестирани за изградба на телевизиските центри во Мбала и при поставувањето целта била да се обезбеди добар сигнал на места и градови насекаде во државата.[145] Првиот пренос бил во 1985, во Баменада, за време на конгресот на единствената партија кога Камерунската национална унија била преименувана во Камерунската демократска партија.[145] До крајот на 1990-те постоел само еден телевизиски канал - Радио Телевизија на Камерун (англиски: Cameroon Radio Television (CRTV)) предводен од страна на државата. Голем број на луѓе го сфатиле процесот на воспоставување телевизија како пропагандна алатка на владата со која постојано бил величен трудот на владата и снижуван тој на нејзините противници што било спротивно од мислењето на претседателот.[145][146][147]

Музика и танци

[уреди | уреди извор]
Танцувачи ги поздравуваат посетителите во Источниот Регион.

Музиката и танцот се неизбежен дел од камерунските церемонии, социјални собири и раскажување на приказни.[148][149] Традиционалните танци се комплексни и се поделени на машки и женски или забрануваат учество на припадници од некој од двата пола.[150] Целите на танцот може да бидат едноставно за забава или за религиозна посветеност.[149] Традиционално, музиката се пренесува усно и за време на еден типичен перформанс, хор на пејачи повторуваат солист.[151] Музичката придружба може да биде едноставна како на пр. плескање со раце или тропање со стапала,[152] но традиционалните инструменти вклучуваат ѕвончиња кои ги носат танцувачите, чукала на камбани, тапани и токинг-тапани, флејти, ѕвечки, стругала, жичени инструменти, свирки и ксилофони; комбинацијата на овие инструменти е во зависност од тоа за која етничка група и регион се работи. Некои изведувачи пејат песни сами, придружени од инструмент кој личи на харфа.[151][153]

Популарни музички стилови се амбасе беј на крајбрежјето, асико на Баса, мангамбеу на Бангангте, и тсамаси на Бамилеке.[154] Нигериската музика извршила влијание на камерунските изведувачи и хајлајф хитот „Sweet Mother“ на Prince Nico Mbarga е најпродаваната африканска грамофонска плоча во историјата.[155] Двата најпознати стилови на музика се макоса и бикутси. Макоса музиката се развила во Дуала и е мешавина на традиционална музика, хајлајф, соул и музиката во Конго. Настапувачи како што се Ману Дибанго, Франсис Бебеј, Мони Биле, и Petit-Pays го популаризирале овој стил во светски рамки во 197-те и 1980-те. Бикутси музиката се појавила од воената музика помеѓу Евондо. Настапувачи како што се Ан-Мари Нзие ја претвориле во популарна музика за танц во 1940-те и настапувачи како што се Мама Охандџа и Les Têtes Brulées ја прославиле во интернационални рамки за време на 1960-те, 1970-те и 1980-те.[156][157]

Камерунската кујна варира по регион но голем вечерен оброк кој се состои само од главно јадење е застапен во целата држава. Традиционално јадење е засновано на кокојами, пченка, тапиока, банана за готвење, компири, ориз, или јам, кои се често замешани во тестесто фуфу. Ова се сервира со сос, супа или чорба која е направена од зеленчуци, земјени јаткасти плодови, палмово масло или други состојки.[158] Месото и рибата се популарни но скапи додатоци, а пилешкото се користи само за специјални пригоди.[159] Јадењата се најчесто лути, зачинети со сол, сос од црвен пипер и Маги.[160][161][162]

Честа е употребата на сребрен прибор но храната традиционално се јаде со помош на десната храна. Доручекот се состои од остатоци од леб и овошје со кафе или чај. Најчесто доручекот се прави со пченично бражно во различни јадења како пуф-пуф (крофни), акра банана која се прави со банани и брашно, торти од грашок и многу други. Ужинките се популарни, особено во поголемите градови каде што можат да бидат купени од улични продавачи.[163][164] Вода, палмино вино и банту пивото се традиционални пијалаци кои се сервираат со оброците иако пивото, газираните пијалаци и виното стекнале популарност. Пивото 33 Експорт е официјалниот пијалак на фудбалска репрезентација и еден од најпознатите брендови, придружувајќи им се на Кастел, Amstel Brewery, и Гинис.

Локална уметност и занаети

[уреди | уреди извор]

Традиционалната уметност и занаетите се практикуваат низ целата држава за комерцијални, декоративни и религиозни цели. Резбарството и скулптурите се особено чести.[165] Висококвалитетна глина на западните планински региони дозволува да се развиваат грнчарството и керамичарството.[149] Другите занаети вклучуваат плетење кошници, работење со бронза и месинг, калабаш резба и сликарство, работење со кожа и везење. Традиционалните куќни градби користат локално достапни материјали и можат да се појават во разни форма, од постојани засолништа изградени од листови кои биле користени од номадсите Мбороро до правоаголни куќи од кал и покриви од сламки и трски на јужните луѓе. Куќи изградени од материјали како цемент и калај се сè почести и почести.[166] Модерната уметност е главно промовирана од независни културни организации.[167]

Литература, филм и спорт

[уреди | уреди извор]
Камерун против Германија во Централстадион во Лајпцих, 17 ноември 2004.

Камерунската литература претежно опфаќа содржини со европски и африкански теми. Писателите кои твореле во времето на колонијализмот, како што се Луис-Мери Пука и Санки Маимо биле образовани од страна на европски мисионерски општества и предлагале асимилација во европската култура како начин за влез на државата во модерниот свет.[168] По Втората светска војна, писатели како Монго Бети и Фердинанд Ојоно го анализирале и критикувале колонијализмот и ја отфрлиле асимилацијата.[169][170][171]

Кратко по независноста, режисери како Жон-Пол Нгаса и Терез Сита-Бела истражувале слични теми.[172][173] Во 1960-те, Монго Бети и други писатели пишувале за теми како што се пост-колонијализам, проблеми во развојот на Африка и повторно воспоставување на африканскиот идентитет.[174] Во меѓувреме, во средината на 1970-те, режисери на филмови како што се Жон-Пиер Диконге Пипа и Даниел Камва претежно создавале содржини во кои го претставувале конфликтот помеѓу традиционалното и пост-колонијалното општество. Литературата и филмовите во наредните две децении се фокусирале претежно на целосно камерунски теми.[175]

Националната полиса строго го поддржува спортот во сите форми. Традиионални спортови на Камерун се трки со каноа и борење и стотици маратонци учествуваат во 40 километарската трка на надеж која се одвива на Планината на Камерун секоја година.[176] Камерун е еден од ретките тропски држави кои се имаат натпреварувано во Зимските олимписки игри. Спортот во Камерун е доминиран од фудбал и изобилува со аматерски фудбалски клубови кои се организирани по етнички линии и корпоративни спонзори. Фудбалската репрезентација на Камерун е еден од најуспешните во Африка по силниот насап во светското првенство во фудбал во 1982 и 1990. Камерун има освоено пет титули на Африканскиот куп на нации и златен медал на Олимписките игри во 2000 (машка категорија во фудбал).[177] Женскиот африкански куп на нациите бил одржан во периодот ноември-декември 2016.[178]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 „Cameroon“. World Factbook. CIA. Архивирано од изворникот на 2020-05-15. Посетено на 2 ноември 2016.
  2. „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
  3. „Rapport de présentation des résultats définitifs“ (PDF). Institut national de la statistique: 6. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-08-13. Посетено на 21 July 2012. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 „Cameroon“. International Monetary Fund. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Distribution of family income – Gini index“. The World Factbook. CIA. Архивирано од изворникот на 2014-06-25. Посетено на September 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „2016 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. Посетено на 21 March 2017. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. DeLancey and DeLancey 2.
  8. 8,0 8,1 8,2 „Cameroon“. US Department of State. 25 August 2011. Посетено на 24 September 2011.
  9. Njung, GN, Lucas Tazanu Mangula, and Emmanuel Nfor Nkwiyir (2003). Introduction to History: Cameroon. ANUCAM, pp. 5–6.
  10. Pondi, J. E. (1997). „Cameroon and the Commonwealth of nations“. The Round Table. 86 (344): 563–570. doi:10.1080/00358539708454389.
  11. 11,0 11,1 Fanso, V. G. (1989). Cameroon History for Secondary Schools and Colleges, Vol. 1: From Prehistoric Times to the Nineteenth Century. Hong Kong: Macmillan Education Ltd., p. 84, ISBN 0333471210.
  12. DeLancey and DeLancey 59
  13. 13,0 13,1 „Bamum“. National Museum of African Art, Smithsonian Institution. Посетено на 29 January 2012.
  14. 14,0 14,1 „historyworld“.
  15. 15,0 15,1 DeLancey and DeLancey 125.
  16. 16,0 16,1 DeLancey and DeLancey 5.
  17. DeLancey and DeLancey 4.
  18. Terretta, M. (2010). „Cameroonian Nationalists Go Global: From Forest Maquis to a Pan-African Accra“. The Journal of African History. 51 (2): 189–212. doi:10.1017/S0021853710000253.
  19. Takougang, J. (2003). „Nationalism, democratisation and political opportunism in Cameroon“. Journal of Contemporary African Studies. 21 (3): 427–445. doi:10.1080/0258900032000142455.
  20. DeLancey and DeLancey 6.
  21. DeLancey and DeLancey 19.
  22. DeLancey and DeLancey 7.
  23. DeLancey and DeLancey 8.
  24. 24,0 24,1 DeLancey and DeLancey 9.
  25. „Cameroon: Presidents Obasanjo And Biya Shake Hands On Disputed Bakassi Peninsula]“. Allafrica. 2006-06-13. Посетено на 13 јуни 2006. Text "13 јуни 2006" ignored (help)
  26. Nkemngu, Martin A. (11 March 2008). "Facts and Figures of the Tragic Protests", Cameroon Tribune. Retrieved 12 March 2008.
  27. Matthews, Andy (12 March 2008). "Cameroon protests in USA Архивирано на 6 декември 2008 г.", Africa News. Retrieved 13 March 2008.
  28. „Cameroon, Chad Deploy Troops to Fight Boko Haram – Nigeria“. ReliefWeb. 2014-05-26. Посетено на 10 јуни 2014.
  29. 29,0 29,1 29,2 Neba 250.
  30. 30,0 30,1 30,2 „Cameroon: Government“. Michigan State University: Broad College of Business. Посетено на 12 April 2013.
  31. 31,0 31,1 31,2 31,3 31,4 "U.S. Relations With Cameroon". United States Department of State. Retrieved 6 April 2007.
  32. Neba 252.
  33. Abdourhamane, Boubacar Issa. „Cameroon: Institutional Situation“. Montesquieu University of Bordeaux. Архивирано од изворникот на 2010-09-21. Посетено на 12 April 2013.
  34. „Government in Cameroon“. Commonwealth of Nations. Архивирано од изворникот на 2014-03-28. Посетено на 12 April 2013.
  35. 35,0 35,1 "Cameroon: New anti-corruption drive leaves many sceptical". 27 January 2006. IRIN. UN Office for the Coordination of Humanitarian Affairs. Retrieved 6 April 2007.
  36. "Corruption Perceptions Index 2012 Архивирано на 29 ноември 2013 г.". Transparency International.
  37. „Business Corruption in Cameroon“. Business Anti-Corruption Portal. Архивирано од изворникот на 2014-03-24. Посетено на 24 March 2014.
  38. 38,0 38,1 "Cameroon". Архивирано од изворникот на 8 February 2007. Посетено на 2007-04-06.. Amnesty International Report 2006. Amnesty International Publications. Retrieved 6 April 2007.
  39. 39,0 39,1 39,2 39,3 39,4 „Cameroon (2006)“. Country Report: 2006 Edition. Freedom House. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 6 April 2007.
  40. 40,0 40,1 40,2 40,3 40,4 40,5 40,6 40,7 "Cameroon". Country Reports on Human Rights Practices, 6 March 2007. Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor, U.S. Department of State. Retrieved 6 April 2007.
  41. 41,0 41,1 "2006 Elections to the Human Rights Council: Background information on candidate countries". Архивирано од изворникот на 6 June 2006. Посетено на 2007-02-07.. May 2006. Amnesty International Publications. Retrieved 6 April 2007.
  42. 42,0 42,1 West 11.
  43. Radina Gigova (15 December 2016). „Rights groups call for probe into protesters' deaths in Cameroon“. CNN. Посетено на 17 March 2017.
  44. Kieron Monks (3 February 2017). „Cameroon goes offline after Anglophone revolt“. CNN. Посетено на 17 March 2017.
  45. Камерун е рангиран на шесто место во двете категории на скала од еден до седум, каде еден е „најслободен“ и седум „најмалку слободен“.
  46. Kandemeh, Emmanuel (17 July 2007). "Journalists Warned against Declaring Election Results", Cameroon Tribune.
  47. DeLancey and DeLancey 126
  48. Ngoh 328.
  49. DeLancey and DeLancey 30.
  50. 50,0 50,1 „Core document forming part of the reports of States Parties: Cameroon“. UNHCHR. Посетено на 12 April 2013.
  51. 51,0 51,1 51,2 Mbaku 15.
  52. DeLancey and DeLancey 105–6.
  53. Mbaku 16.
  54. „2013 Findings on the Worst Forms of Child Labor -Cameroon“. Dol.gov. Архивирано од изворникот на 2015-03-03. Посетено на 29 јуни 2015.
  55. „List of Goods Produced by Child Labor or Forced Labor“. Dol.gov. Посетено на 29 June 2015..
  56. 56,0 56,1 DeLancey and DeLancey 21.
  57. Staff, CNN. „3 medical marvels saving lives“. CNN. Посетено на 18 November 2013.
  58. Rose Futrih N. Njini (December 2012). „The need is so great“. D+C Development and Cooperation/ dandc.eu.
  59. West 64.
  60. „Life Expectancy ranks“. CIA World Factbook. Архивирано од изворникот на 2012-05-04. Посетено на 12 April 2013.
  61. West 58–60.
  62. "Cameroon Архивирано на 23 февруари 2007 г.". UNAIDS. Retrieved 6 April 2007.
  63. Joe, Randy (23 June 2006). Africa „Cameroon girls battle 'breast ironing' Проверете ја вредноста |url= (help). BBC News. Посетено на 29 June 2015.
  64. „BBC World Service – Outlook, Fighting 'Breast Ironing' in Cameroon“. BBC. 16 January 2014. Посетено на 29 June 2015.
  65. „Campaigners warn of 'breast ironing' in the UK“. Channel 4 News. 18 April 2014. Посетено на 29 June 2015.
  66. Bawe, Rosaline Ngunshi (24 August 2011). „Breast Ironing : A harmful traditional practice in Cameroon“ (PDF). Gender Empowerment and Development(GeED). Посетено на 17 јули 2017.
  67. UNICEF 2013 Архивирано на 5 април 2015 г., p. 27.
  68. Lantum, Daniel M., and Martin Ekeke Monono (2005). "Republic of Cameroon", Who Global Atlas of Traditional, Complementary and Alternative Medicine. World Health Organization, p. 14.
  69. Demographic Yearbook 2004. United Nations Statistics Division.
  70. „Country Profiles“. UCLA African Studies Center. Посетено на 12 April 2013.
  71. DeLancey and DeLancey 16.
  72. Fomensky, R., M. Gwanfogbe, and F. Tsala, editorial advisers (1985) Macmillan School Atlas for Cameroon. Malaysia: Macmillan Education, p. 6
  73. Neba 14.
  74. Neba 28.
  75. "Highest Average Annual Precipitation Extremes". Global Measured Extremes of Temperature and Precipitation, National Climatic Data Center, 9 August 2004. Retrieved 6 April 2007.
  76. 76,0 76,1 Neba 16.
  77. „ICAM of Kribi Campo“ (PDF). UNIDO. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-05-06. Посетено на 12 April 2013.
  78. 78,0 78,1 78,2 Neba 17.
  79. DeLancey and DeLancey 161 репорт 1,700 убиени; Hudgens and Trillo 1054 велат „најмалку 2,000“; West 10 вели „повеќе од 2,000“.
  80. „Cameroon Highlands Forests“. WWF. Архивирано од изворникот на 2013-05-01. Посетено на 12 April 2013.
  81. Gwanfogbe, Mathew; Meligui, Ambrose; Moukam, Jean and Nguoghia, Jeanette (1983). Geography of Cameroon. Hong Kong: Macmillan Education, p. 20, ISBN 0333366905.
  82. Green, RH (1969). "The Economy of Cameroon Federal Republic". In Robson, Peter, and DA Lury (eds). The Economies of Africa, p. 239. Allen and Unwin.
  83. „Country Files: Cameroon“. UN Food and Agriculture Organization. Посетено на 3 March 2013.
  84. 84,0 84,1 Musa, Tansa (8 April 2008). "Biya plan to keep power in Cameroon clears hurdle Архивирано на 24 септември 2015 г.". Reuters. Retrieved 9 April 2008.
  85. „Cameroon Financial Sector Profile“. MFW4A. Архивирано од изворникот на 2011-05-13. Посетено на 24 September 2011.
  86. „The business law portal in Africa“. OHADA. Посетено на 22 March 2009.
  87. „World Statistics Pocketbook-Cameroon“. United Nations Statistics Division. UN data. Посетено на 2 November 2016.
  88. „Table 3: Human and income poverty“ (PDF). Human Development Indices. UN. стр. 35. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 December 2008. Посетено на June 2009. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  89. „Cameroon Business Mission Fact Sheet 2010–2011“ (PDF). Netherlands-African Business Council. 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-13. Посетено на 2017-07-18.
  90. „Cameroon livestock production map“. FAO. Архивирано од изворникот на 2013-06-05. Посетено на 12 April 2013.
  91. Som, Julienne. „Women's role in Cameroon fishing communities“. FAO. Архивирано од изворникот на 2013-06-03. Посетено на 12 April 2013.
  92. 92,0 92,1 92,2 „Cameroon“. AWF. Посетено на 12 April 2013.
  93. „UK project tackles bushmeat diet“. BBC. 10 April 2002. Посетено на 12 April 2013.
  94. „Cameroon's bushmeat dilemma“. BBC. 14 March 2008. Посетено на 12 April 2013.
  95. „Logging in the Green Heart of Africa“. WWF. Посетено на 12 April 2013.
  96. Cossé, Stéphane (2006). „Strengthening Transparency in the Oil Sector in Cameroon“ (PDF). IMF. Посетено на 12 April 2013.
  97. Prevost, Yves. „Harnessing Central Africa's Hydropower Potential“ (PDF). Climate Parliament. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-04-27. Посетено на 12 April 2013.
  98. Hudgens and Trillo 1036.
  99. 99,0 99,1 Musa, Tansa (27 June 2007). „Gunmen kill one, kidnap 22 in Cameroon near CAR“. Reuters. Архивирано од изворникот на 2007-06-29. Посетено на 27 June 2007.
  100. „Getting around Cameroon“. World Travel Guide. Посетено на 12 April 2013.
  101. „Equipment for the Future Maroua International Airport“. Cameroon Online. 3 April 2013. Архивирано од изворникот на 9 May 2013. Посетено на 12 April 2013.
  102. „SOS Children's Village Douala“. SOS Children's Villages. Посетено на 12 April 2013.
  103. DeLancey and DeLancey 68.
  104. "Cameroon – Annual Report 2007".
  105. Mbaku 20.
  106. Mbaku 20–1.
  107. 107,0 107,1 „AFRICA :: CAMEROON“. The World Factbook. Central Intelligence Service. Архивирано од изворникот на 2020-05-15. Посетено на 28 December 2015.
  108. „CO2 Emissions from Fuel Combustion: Population 1971–2009“. IEA. Архивирано од изворникот (XLS) на 2009-10-12. Посетено на 24 September 2011. PDF Архивирано на 6 јануари 2012 г. pp. 87–89.
  109. „Cameroon“. World Bank. Посетено на 27 June 2013.
  110. West 3.
  111. Neba 109–11.
  112. Neba 111.
  113. „Cameroon population“ (PDF) (француски). Statistics Cameroon. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-05-28. Посетено на 2017-07-18.
  114. Neba 105–6.
  115. Neba 106.
  116. Neba 103–4.
  117. Mbaku 139.
  118. Mbaku 141.
  119. Neba 65, 67.
  120. West 13.
  121. Neba 48.
  122. Neba 108.
  123. „Cameroon: Population Movement; DREF Bulletin no. MDRCM004“. ReliefWeb. 28 May 2007. Посетено на 18 June 2007. Занемарен непознатиот параметар |DUPLICATE_title= (help)
  124. „World Refugee Survey 2008“. U.S. Committee for Refugees and Immigrants. 19 June 2008. Архивирано од изворникот на 2 October 2008.
  125. „Cameroon: Location of Refugees and Main Entry Points (as of 02 May 2014) – Cameroon“. ReliefWeb. 2014-05-06. Посетено на 8 June 2014.
  126. Nguyen, Katie (4 June 2014). „Cameroon: Starving, Exhausted CAR Refugees Stream Into Cameroon – UN“. Allafrica.com. Посетено на 8 June 2014.
  127. Nathan, Fernand (2010). La langue francaise dans le monde en 2010 (PDF). Nathan. ISBN 978-2098824072. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-06-03. Посетено на 2017-07-18.
  128. Neba 94.
  129. DeLancey and DeLancey 131
  130. Niba, Francis Ngwa (20 February 2007). „New language for divided Cameroon“. BBC News. Посетено на 6 April 2007.
  131. Nicholson, Asia (21 March 2017). „Language Policy In Cameroon--Bilingual Or Not?“. Odyssey. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 18 July 2017.
  132. Kouega, Jean-Paul. 'The Language Situation in Cameroon', Current Issues in Language Planning, vol. 8/no. 1, (2007), pp. 3-94.
  133. Pereltsvaig, A (19 January 2011). „Linguistic diversity in Africa and Europe - Languages Of The World“. Посетено на October 30, 2016.
  134. „Pew Research Center's Religion & Public Life Project: Cameroon“. Pew Research Center. 2010. Архивирано од изворникот на 2018-08-02. Посетено на 18 July 2017.
  135. 135,0 135,1 135,2 135,3 135,4 135,5 „July–December, 2010 International Religious Freedom Report – Cameroon“. US Department of State. 8 April 2011. Посетено на 12 November 2011.
  136. 136,0 136,1 „The veil in west Africa: Banning the burqa: Why more countries are outlawing the full-face veil“. The Economist. 13 February 2016. Посетено на 15 February 2016.
  137. „Pew Forum on Religious & Public life“. 9 August 2012. Отсутно или празно |url= (help)
  138. Geschiere, Peter (1997). The Modernity of Witchcraft: Politics and the Occult in Postcolonial Africa. Charlottesville: University Press of Virginia, pp. 169–170, ISBN 0813917034.
  139. [-http://www.bbc.co.uk/news/world-africa-22538888 „Boko Haram timeline: From preachers to slave raiders“] Проверете ја вредноста |url= (help). BBC. 15 May 2013. Посетено на 19 June 2013.
  140. „Cameroon“. Freedom of the Press. 2013. Архивирано од изворникот на 2017-06-29. Посетено на 18 July 2017.
  141. „Blocked for more than 10 days, is Twitter being restored?“. Reporters Without Borders. Архивирано од изворникот на 2011-08-12. Посетено на 18 July 2017.
  142. „Classement mondial 2009“. Reporters sans frontières. 2009. Архивирано од изворникот на 2012-03-11. Посетено на 18 July 2017.
  143. „Официјална страница на Cameroon Tribune“. Cameroon Tribune. Посетено на 18 July 2017.
  144. Bourgault, Louise M. 1995. Mass Media in Sub-Saharan Africa. Bloomington & Indianapolis: Indiana University Press.
  145. 145,0 145,1 145,2 Butake, Bole. 2005. “Cinema, CRTV, and the Cable Television Syndrome in Cameroon”. Cinema and Social Discourse in Cameroon. Alexie Tcheuyap (Ed.). Bayreuth: Bayreuth African Studies. 39–62.
  146. Nymanjoh, Francis B. 2011. Mass media and democratisation in Cameroon in the early 1990s. Bamenda: Langaa.
  147. Pigeaud, Fanny. 2011. Au Cameroun de Paul Biya. Paris: Karthala.
  148. Mbaku 189
  149. 149,0 149,1 149,2 West 18.
  150. Mbaku 204.
  151. 151,0 151,1 Mbaku 189.
  152. Mbaku 191.
  153. West 18–9.
  154. DeLancey and DeLancey 184.
  155. Mbaku 200.
  156. DeLancey and DeLancey 51
  157. Nkolo, Jean-Victor, and Graeme Ewens (2000). "Cameroon: Music of a Small Continent". World Music, Volume 1: Africa, Europe and the Middle East. London: Rough Guides Ltd., p. 43, ISBN 1858286352.
  158. West 84–5.
  159. Mbaku 121–2.
  160. Hudgens and Trillo 1047
  161. Mbaku 122
  162. West 84.
  163. Mbaku 121
  164. Hudgens and Trillo 1049.
  165. West 17.
  166. Mbaku 110–3.
  167. Mulenga, Andrew (30 April 2010). „Cameroon's indomitable contemporary art“. The Post. Архивирано од изворникот на 2014-03-11. Посетено на 12 April 2013.
  168. Mbaku 80–1
  169. Fitzpatrick, Mary (2002). "Cameroon." Lonely Planet West Africa, 5th ed. China: Lonely Planet Publications Pty Ltd., p. 38
  170. Mbaku 77, 83–4
  171. Volet, Jean-Marie (10 November 2006). „Cameroon Literature at a glance - Reading women writers and African literatures“. Посетено на 6 April 2007.
  172. DeLancey and DeLancey 119–20
  173. West 20.
  174. Mbaku 85–6.
  175. DeLancey and DeLancey 120.
  176. West 127.
  177. West 92–3, 127.
  178. Shearlaw, Maeve (2016-11-20). „Africa Women Cup of Nations kicks off in Cameroon“. The Guardian.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • DeLancey, Mark W.; DeLancey, Mark Dike (2000). Historical Dictionary of the Republic of Cameroon (3. изд.). Lanham, Maryland: The Scarecrow Press. ISBN 0810837757.
  • Hudgens, Jim; Trillo, Richard (1999). West Africa: The Rough Guide (3. изд.). London: Rough Guides. ISBN 1858284686.
  • Mbaku, John Mukum (2005). Culture and Customs of Cameroon. Westport, Connecticut: Greenwood Press. ISBN 0313332312.
  • Neba, Aaron (1999). Modern Geography of the Republic of Cameroon (3. изд.). Bamenda: Neba Publishers.
  • West, Ben (2004). Cameroon: The Bradt Travel Guide. Guilford, Connecticut: The Globe Pequot Press. ISBN 1841620785.

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]
  • "Cameroon – Annual Report 2007". Архивирано од изворникот на 26 May 2007. Посетено на 2007-02-07. . Reporters without Borders. Retrieved 6 April 2007.
  • "Cameroon". Архивирано од изворникот на 13 January 2007. Посетено на 2007-01-06. . Human Development Report 2006. United Nations Development Programme. Retrieved 6 April 2007.
  • Fonge, Fuabeh P. (1997). Modernization without Development in Africa: Patterns of Change and Continuity in Post-Independence Cameroonian Public Service. Trenton, New Jersey: Africa World Press, Inc.
  • MacDonald, Brian S. (1997). "Case Study 4: Cameroon", Military Spending in Developing Countries: How Much Is Too Much? McGill-Queen's University Press.
  • Njeuma, Dorothy L.. "Country Profiles: Cameroon Архивирано на 9 јуни 2007 г.". The Boston College Center for International Higher Education. Retrieved 11 April 2008.
  • Sa'ah, Randy Joe (23 June 2006). "Cameroon girls battle 'breast ironing'". BBC News. Retrieved 6 April 2007.
  • Wight, Susannah, ed. (2006). Cameroon. Spain: MTH Multimedia S.L.
  • "World Economic and Financial Surveys". World Economic Outlook Database, International Monetary Fund. September 2006. Retrieved 6 April 2007.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Влада
Генерални информации
Трговија


Статијата „Камерун“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).