Прејди на содржината

Кавијар

Од Википедија — слободната енциклопедија
кавијар

Кавијар е едно од карактеристичните руски јадења кое се служи во кујна како предјадење за потоа да следи друго јадење и за доручек на леб се премачкува со путер.

Постојат три врсти на кавијар со различен квалитет. Најдобриот кавијар е со бисерносива боја, се добива од икра од рибата есетра, риба која изобилува во реката Волга; кавијарот кој се добива од атлантски лосос е со црвеникава боја. Има и помалку почитувани видови кавијар, кои се добиваат од икрата на други риби.

Во руската кујна кавијарот (рус. икра) се нарекува и јадење од зеленчук што потсетуваат на рибји кавијар, сличен на балканскиот ајвар. Зборот ајвар всушност го смени зборот кавијар, каде што се случило метатезис (кавијар -> кајвар) и исфрлање на првата согласка (кајвар -> ајвар).