Исланд
Република Исланд Lýðveldið Ísland
|
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Lofsöngur Химна |
||||||
Главен град (и најголем) | Рејкјавик 64°08′N 21°56′W / 64.133° СГШ; 21.933° ЗГД | |||||
национален јазик | исландски | |||||
Народности (2016[1]) | ||||||
Демоним | Исланѓанец | |||||
Уредување | унитарна парламентарна република | |||||
• | Претседател | Гвидни Јоуханесон | ||||
Законодавство | Алтинг | |||||
Создавање | ||||||
• | Доселување | 9 век | ||||
• | Заедница | 930–1262 | ||||
• | Унија со Норвешка | 1262–1814 | ||||
• | Данска монархија | 1380–1944 | ||||
• | Устав на Исланд | 5 јануари 1874 | ||||
• | Кралство Исланд | 1 декември 1918 | ||||
• | Република | 17 јуни 1944 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 103,001 км2 (108-ма) | ||||
• | Вода (%) | 2.7 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 1 јули 2013 г. | 321,857[a] (178-ма) | ||||
• | Густина | 3.1 жит/км2 (235-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2012 г. | |||||
• | Вкупен | $12.831 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $39,223[2] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2012 г. | |||||
• | Вкупно | $13.654 милијарди[2] | ||||
• | По жител | $41,739[2] | ||||
Џиниев коеф. (2011) | 23.6[3] низок |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.906[4] многу висок · 13-та |
|||||
Валута | круна (ISK ) |
|||||
Часовен појас | GMT (UTC+0) | |||||
• | (ЛСВ) | н.п. (UTC) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .is | |||||
Повик. бр. | +354 | |||||
а. | ^ „Statistics Iceland:Key figures“. Statistics Iceland. 1 October 2002. Посетено на 2 July 2011. | |||||
б. | ^ „CIA – The World Factbook – Field Listing – Distribution of family income – Gini index“. United States government. Архивирано од изворникот на 2014-06-25. Посетено на 14 September 2008. |
Исланд — островска држава во северниот дел на Атлантскиот Океан. Се наоѓа северозападно од Велика Британија, до самиот Северен Поларник (површина 102.819 км2; 322.000 жит). Карактеристични за Исланд се гејзерите и вулканите (Хекла, Кванаталсхнукир и Ерајвајекидл). На север од земјата се наоѓаат многубројни фјордови. Главен град е Рејкјавик. Други градови: Акирејри, Исафјердир, Кеплавик и Сиглифјердир. Најблиски прекуморски соседи: Гренланд, Норвешка, Фарските Острови и Шкотска.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Историја
[уреди | уреди извор]Првите доселеници на островот биле Викинзите во текот на 9 век. Првиот доселеник кој останал да живее трајно на Исланд бил Инголфур Арнарсон. Во 930 година бил организиран првиот парламент (алтинг), најстар во континуитет на светот. Во текот на 14 век земјата паднала под власта на Данска, која дури во 1918 година му ја признала на Исланд независноста, иако формално сè уште под данската круна.
1944–денес: Република Исланд
[уреди | уреди извор]Во 1944 година Исланд била прогласена за република. За време на Втората светска војна, САД и Велика Британија ја окупирале земјата, иако Исланд уште од почетокот бил на страната на сојузниците. Во 1956 година Исланд побарал САД да ја евакуираат својата војска. Откако во 1972 година Исланд ја проширил зоната на територијалните води од 5,5 на 370 км, избувнала т.н. „Рибарска војна“ со В. Британија, која завршила во 1976, по признавањето на Лондон на новите граници.
Географија
[уреди | уреди извор]Висорамнина (400 до 800 м) со вулканско потекло, највисок врв Ерајвајекидл, 2.119 м. Од 140 вулкани, 26 се активни (Гримсвотн, Лаки, Хекла...). Над 13.000 км2 се покриени со ледници, од кои најголемиот Ватнајекидл зафаќа 8.460 км2. Забележлива е присутноста и на голем број гејзeри, од кои најсилниот исфрла вода до 100 м височина. Хидрографија: реки – Нордирау, Тјоурсау, Квитау; езера – Ми, Тоурис, Тингвадла, Квитаур. Клима: во јужните области влажна атлантска со свежи лета и благи зими, а во внатрешноста супполарна.
Политичко уредување
[уреди | уреди извор]Исланд е парламентарна република. Парламентот се нарекува алтинг, а негов претседател е Гудбјартур Ханесон. Претседател на републиката е Олафур Рагнар Гримсон, а премиер е Јохана Сигурдардотир.
Административна поделба
[уреди | уреди извор]Демографија
[уреди | уреди извор]Етнички состав: Исланѓани 94%, Полјаци 2,83%. Писменост: 100%. Јазици: исландски (службен), норвешки, англиски. Парична единица: исландска крона.
Религија
[уреди | уреди извор]Религија во Исланд со населувањето на островот била нордиска во времето на Викинзите (874-1000). Подоцна, нацијата станала полухристијанска, а потоа целосно била христијанизирана. Во моментов, населението најголемиот дел од населението е лутеранско. Сепак постојат и помали религиозни заедници [1]
Реформацијата речиси сосема ја потчинила Католичката црква во Исланд. Двајца месни жители, Одур Готскалсон и Гисур Еинарсон станале ученици на Мартин Лутер, а подоцна и негови следбеници на овие простори, особено откако Кристијан III од Данска Лутеранството ја прогласил како официјална религија на тероторијата на целото царство. Сепак, спроведувањето на реформацијата била проследена од националистички отпор која ескалирала скоро до точката на граѓанска војна. Џон Арсон и Огмундур Палсон, католички епископи, се спротивиле на напорите на Кристијан III. Огмундур бил депортиран од страна на данските функционери во 1541. Отпорот завршил во 1550, кога Џон Арсон и неговите два сина биле обезглавени на 7 ноември 1550 година. Католичката црква во Исланд била формирана на 8 декември 1855 година под името Апостолска Префектура на Северниот Пол (Praefectura Apostolica Poli Arctici). Неколку години подоцна, два француски свештеници Бернар (1821-1895) и Жан Батист Будоен (1831-1875) се населиле во Исланд во 1857 односно 1858. Сепак нивната мисија била донекаде неуспешна. Иако католичкото население останува како мал процент од вкупното население на островот, процентот бил зголемен од околу 450 во 1950 до 5590 во 2004 година, за кое време од вкупното население се зголеми од 140 000 на 290 000.
Денеска, 81% од населението на Исланд се членови на Лутеранската исландска црква, 2,4% на Слободната црква во Рејкавик, 0,9% Независни Баптисти, 2,5% римокатолици итн.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Аграрна земја во која риболовот (флота од над 1.000 бродови) и индустриската преработка на рибата се главни стопански дејности, напоредно со бродоградбата. Се одгледуваат компири, репка и во стаклени градини цвеќе и овошје, а во сточарството говеда, овци и коњи. Располага со значајна хидроенергија и геотермална енергија.
Култура
[уреди | уреди извор]Со воведувањето на христијанството во почетокот на 11 век, во земјата започнала да се користи латиницата. Првите книжевни дела се генеалошки стебла и закони, напоредно со преведените религиозни текстови. Во 12 век биле создадени првите дела со историска тематика – Книга за Исланѓаните и Книга за доселувањето. Нешто подоцна биле создадени и првите саги (за норвешките кралеви), највредниот исландски придонес во светската литература.
Во 13 век биле комплетирани главните исландски книжевни дела Помладата и Постарата Еда, напоредно со крајот на скалдичката поезија која поети-пејачи ја создавале уште од XVIII век. Последните саги биле напишани во 14 век и заменети со летописи. Меѓутоа, имтересот за сагите се обновил во 17 век и литературата се збогатила со нови такви творби. Современите автори (почеток на XX век) ги прифатиле европските литературни текови и во исландската литература почнал да доминира романот, но не и драмското творештво кое било послабо застапено. Првиот исландски универзитет е отворен во 1911 г. во Рејкјавик. Во рамките на универзитетот работи и институтот Арни Магнусон.
Исланд како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Разгледница од Исланд“ — песна на ирскиот поет Шејмас Хини.[5]
- „Исланд“ (англиски: Iceland) - песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1982 година.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Population by country of citizenship, sex and age 1 January 1998–2014“. Reykjavík, Iceland: Statistics Iceland. Посетено на 7 January 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Iceland“. International Monetary Fund. Посетено на 17 April 2013.
- ↑ „Gini coefficient of equivalised disposable income (source: SILC)“. Eurostat Data Explorer. Посетено на 13 August 2013.
- ↑ „Human Development Report 2013“ (PDF). United Nations. 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-07-08. Посетено на 14 March 2013.
- ↑ Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 86.
- ↑ YouTube, The Fall - Hex Enduction Hour (Full Album) (пристапено на 18.6.2017)
|
|