Исабел Перон
Изабел Мартинес де Перон | |
---|---|
Претседател на Аргентина | |
На должноста 1 јули 1974 – 24 март 1976* | |
Претходник | Хуан Перон |
Наследник | Хорхе Видела |
Вице-претседател на Аргентина | |
На должноста 12 октомври 1973 – 1 јули 1974 | |
Претседател | Хуан Перон |
Претходник | Висенте Солано Лима |
Наследник | Виктор Мартинес (1983) |
Прва дама на Аргентина | |
На должноста 12 октомври 1973 – 1 јули 1974 | |
Претседател | Хуан Перон |
Претходник | Норма Беатриз Лопес Рега |
Наследник | Алиса Видела Raquel |
Лични податоци | |
Роден(а) | Марија Естела Мартинес Картас 4 февруари 1931 Ла Риоха, Аргентина |
Партија | Justicialist |
Сопружник | Хуан Перон (в. 1961; died 1974) |
Потпис | |
*Перон бил во отсуство од 13 септември 1975 до 16 октомври 1975 година, за време на кој Итало Лудер работел како в.д. претседател. |
Марија Естела Мартинес де Перон или Исабел Мартинес де Перон (шпански: María Estela Martínez de Perón; родена на 4 февруари 1931 година во Ла Риоха) — третата сопруга на аргентинскиот претседател Хуан Перон. После смртта на нејзиниот сопруг таа станала прва жена претседател во историјата на светот, служејќи како Претседател на Аргентина од 1 јули 1974 до 24 март 1976 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Исабел е родена во аргентинскиот град Ла Риоха[1]. Хуан Перон ја запознал за време на прогонството во Панама[2], каде работела како танчерка во ноќен клуб. Исабел и Хуан стапиле во брак во 1960 година во Шпанија[2].
Во 1973 година Хуан се вратил во Аргентина и се кандидирал за претседател, и ја избра Исабел Перон како потпретседателски кандидат. Перон се надевал дека народот ќе ја прифати исто како Ева Перон, но тоа не случило.
После смртта на сопругот, таа го наследила како претседател, но се испоставило дека нема никаков авторитет. Аргентина сè повеќе тонела во нереди и економска криза, а перонистичкото движење се поделило на лева и десна фракција, чији пресметки прераснале во војна.
Во 1976 година војската извршила воен удар и пет години ја држела во куќен притвор. После тоа таа заминала во егзил во Шпанија, каде и денес живее.
Во 2006 година во Аргентина започнала истрага поради нејзина вмешаност во ликвидација на 500 и исчезнување на 600 левичарски политичари и активисти во периодот 1973—1976 година[3]. На 12 јануари 2007 година била уапсена во Мадрид по барање на Аргентина[4]. Шпанскиот суд го одбил барањето за екстрадиција на Аргентина[5].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Binayán Carmona, Narciso. Maria Estela Martinez Cartas said one day: Zanga Cutiricutanga, that words were a tipic words in that years. Historia genealógica Argentina. EMECE, 1999, p.578.
- ↑ 2,0 2,1 Eloy Martínez, Tomás (1985). La Novela de Perón. Random House. ISBN 0-679-78146-3.
- ↑ Warrant for ex-Argentine leader, BBC, 12 January 2007.
- ↑ „Isabel Peron's arrest signals shift in Argentina“. Los Angeles Times. 13 January 2007.
- ↑ „Extradition of Isabel Perón To Argentina Is Rejected By Court“. New York Times. 29 April 2008.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Исабел Перон“ на Ризницата ? |