Прејди на содржината

Израелско-либанска војна од 2006 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Израелско-Либанска војна од 2006-та
Дел од Арапско-израелски конфликт

Чад над Тир во Либан по израелско бомбардирање
Датум 12 јули 2006—14 август 2006
Израелската блокада на Либан заврши на 8 септември 2006
Место Либан и Израел
Исход Прекин на огнот со посредство на ОН. Неуспешна акција и повлекување на Израел.
Завојувани страни
 Израел Хизболах
Движењето Амал[1]
Комунистичка партија на Либан(КПЛ)[2]
Национален фронт за ослободување на Палестина(НФОП)[3]
Команданти и водачи
Израел Амир Перец
Израел Дан Халуц
Израел Моше Каплински[4]
Израел Udi Adam
Хасан Насралах
Имад Мугхнијех
Сила
10.000 војници (30.000 во последните денови) (+ Израелска авијација, Израелски поморски сили)[5][6] 600–1.000 активни борци (5.000-10.000 во последните денови)
10.000 резервисти[7]
Жртви и загуби
Израелска војска:

121 загинати
628 ранети[8]


Израелски цивили:
44 загинати [9][10]
33 тешко ранети[11]
68 ранети[11]
1.388 повредени[11]

Паравојска на Хизболах:

~500 загинати(По проценка на ОН)[12]
Заробени: 13[13] (9 ослободени)
Паравојска Амал: 17 загинати
Паравојска на КПЛ: 12 загинати
Паравојска на НФОП: 2 загинати
Либанска војска: 46 загинати


Либански цивили:
1.191 загинати[14]
4.409 ранети[14]

Израелско-либанска војна од 2006 г. позната во Израел како Втора либанска војна, и во Либан како Јулска војна — меѓудржавна војна помеѓу Израел и Либан. Војната се водeше на територијата на Либан и во северен Израел помеѓу израелската војска и вооруженото крило на Хезболах. Израел вршеше масовно воздушно бомбардирање на јужен Либан и Бејрут, поморска блокада на либанските пристаништа и копнени акции од помал обем во јужен Либан. Хизболах, пак, од своите упоришта во јужен Либан испалуваше ракети од типот „Катјуша“ врз цивилни мети во северен Израел, вклучувајќи ја и Хаифа. Бројот на жртвите изнесува: 1.191 убиени цивили и 80-700 убиени војници на либанска страна и 44 убиени цивили и 119 убиени војници на израелска страна.

Војната започна на 12 јули 2006 г. и траеше до стапувањето насила на примирјето на 14 август, иако формално заврши на 8 септември, кога Израел ја повлече својата поморска блокада на Либан.

Повод за војната

[уреди | уреди извор]

На 12 јули 2006 година, во знак на поддршка на борбата на Палестинците против најновата израелска офанзива во Газа и со цел ослободување на осудени либански затвореници во Израел, Хизболах прво испали ракети од типот „Катјуша“ врз воени позиции и села во северен Израел, а потоа и нападна израелска патрола на израелско-либанската граница, убивајќи тројца израелски војници и заробувајќи двајца (Ехуд Голдвасер и Елдад Регев). По нападот Хизболах упати повик до Израел за размена на заробениците.

Почеток на војната

[уреди | уреди извор]

По нападот израелската влада категорично одби да преговара со Хизболах, кој според неа е терористичка организација. Бидејќи Хизболах оперираше од де јуре суверена либанска територија и бидејќи Хизболах имаше двајца министри во либанската влада, израелската влада го оцени нападот како „акт на војна“ и донесе одлука за итен напад од широки размери врз упориштата на Хизболах во Либан. При тоа, израелскиот премиер Ехуд Олмерт му се закани на Либан со „многу болен и далекусежен одговор“, а министерот за одбрана, Амир Перец изјави дека „Државата Израел се смета себеси слободна да ги употреби сите мерки што ќе ги смета за нужни и на израелските сили им се дадени наредби во таа насока.“

Веќе следниот ден Израел започна со своите воздушни напади врз Либан. Беше бомбардиран меѓународниот аеродром во близина на Бејрут, како и пристапните патишта до Сирија, со цел да се отежне евентуалната сириска интервенција. Својата очигледна воена надмоќ Израел ја искористи за доста лесно да воспостави воздушна и поморска блокада на Либан.

Тврдејќи дека гаѓа упоришта на борците на Хизболах, кои наводно се криеле и мешале со цивилното население, при своите бомбардирања израелските сили речиси исклучиво гаѓаат цивилни цели во јужен Либан и Берјут, кои резултираат со тешки загуби помеѓу либанските цивили. Најтешкиот инцидент од почетокот на војната се случи на 30 јули кога израелската авијација погоди зграда во јужно-либанскиот град Кана, убивајќи 28 цивили од кои 16 беа деца. Поради меѓународната осуда на овој напад, Израел ги суспендира своите воздушни напади за 48 часа, но и ја промени стратегијата. Истовремено со привремениот прекин на воздушните напади Израел почна опсежна копнена офанзива во Либан, наведувајќи дека целта му е да стигне до реката Литани, на околу 30 км од израелско-либанската граница. При тоа тврдеше дека тоа го презема за да го намали дострелот на Хизболах.

Во меѓувреме, Хизболах не престана со своите ракетни напади врз цивилни мети во северен Израел, кои ги врши со несмален интензитет и покрај опсежноста на израелската воена интервенција во Либан. Овој факт критичарите го толкуваат како потврда на тезата дека израелската инвазија е или неефикасна и покрај големиот интензитет на бомбардирањата или примарна цел на Израел не е сузбивање на Хизболах, туку разрушување на Либан.

На 11 август, по речиси цел еден месец од почетокот на војната, Советот за безбедност на ОН конечно успеа да донесе резолуција (број 1701) со која се повикуваат завојуваните страни на прекин на огнот. Наспроти сите предвидувања дека оваа резолуција нема да биде почитувана, прекинот на огнот со мали нарушувања сепак го почитуваа и двете страни и всушност доведе докрај на војната.

Меѓународната реакција на војната

[уреди | уреди извор]

Меѓународната реакција на војната речиси изостана во почетните фази од војната. Сè до инцидентот во Кана, осудите на Израел беа благи, па и тогаш се тежнееше да се балансира, упатувајќи забелешки и до Хизболах. Дури ниту нападот на Израел врз постројка на Обединетите Нации и убиството на четворица набљудувачи на ОН на 25 јули не доведе до недвосмислена осуда на тој акт од страна на Советот за безбедност на ОН, во прв ред поради помалку или повеќе отворената поддршка на САД за Израел. Сепак, по инцидентот во Кана, напорите за донесување резолуција на Советот за безбедност за прекин на огнот се интензивираа и на 11 август вродија со донесувањето на Резолуцијата број 1701.

Реакција во Израел

[уреди | уреди извор]

На 18 септември 2006 година, израелската влада ја лансира Виноградовата комисија да ги преиспита израелските одлуки во текот на војната и да извлече поуки од истата. Комисијата го достави својот воведен извештај на 30 април 2007, кој строго ги искритикува главните одговорни. Но, извештајот исто така беше пофален од неговите приврзаници како доказ за истрајноста на демократијата во Израел.

  1. Daily Star. "Timeline of the July War 2006" Архивирано на 10 декември 2010 г.. Retrieved 17 април 2007.
  2. Herbert Docena (2006-08-17). „Amid the bombs, unity is forged“. Asia Times Online. Архивирано од изворникот на 2006-08-31. Посетено на 2009-07-12. The LCP...has itself been very close to Hezbollah and fought alongside it in the frontlines in the south. According to Hadadeh, at least 12 LCP members and supporters died in the fighting.
  3. Associated Press (2006-08-06]). „PFLP claims losses in IDF strike on Lebanon base“. The Jerusalem Post. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. "Two Northern Command chiefs?", Ynetnews, 8 август 2006; See also, "IDF officials: Maj. Gen. Adam must quit post after war"; "Israel swaps commanders"; "Impatient Israel appoints new battle chief"[мртва врска]; "New Israeli General Oversees Lebanon "; "Israel names new commander to head offensive" Архивирано на 30 септември 2007 г.; "Israel changes command structure"
  5. USATODAY.com - Israel captures guerrillas in Hezbollah hospital raid
  6. „Some 30,000 Israeli troops in Lebanon — army radio“. Reuters via Yahoo! News Asia. 2006-08-13. Архивирано од изворникот 2007-08-31. Посетено на 2009-07-12. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  7. „International Institute for Strategic Studies“. Архивирано од изворникот на 2008-12-12. Посетено на 2020-08-01.
  8. Winograd Commission Report, page 353. Based on Northern Command medical census of 9 ноември 2006.
  9. „State snubbed war victim, family says“. Ynet. 2007-08-30. Посетено на 2008-07-13. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. BBC News Online (8 март 2007). "PM 'says Israel pre-planned war'". Retrieved 9 март 2007.
  11. 11,0 11,1 11,2 Israel Ministry of Foreign Affairs (12 јули 2006). "Hizbullah attacks northern Israel and Israel's response". Retrieved 5 март 2007.
  12. Patrick Bishop (22 август 2006). „Peacekeeping force won't disarm Hizbollah“. Telegraph.co.uk. Посетено на 2007-04-30. A UN official estimated the deaths at 500
  13. Wheeler, Carolynne; Mark MacKinnon (2006-08-16). „Israel begins pullout as ceasefire holds“. The Globe and Mail. стр. A13.[мртва врска] "Israeli army officials indicated they have 13 captured Hezbollah fighters "
  14. 14,0 14,1 февруари pdf „Report of the Commission of Inquiry on Lebanon pursuant to Human Rights Council resolution S-2/1“ Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF). United Nations General Assembly. 23 ноември 2006. Архивирано од изворникот 2007-06-30. Посетено на 2008-07-13.