Игуасу (водопади)
Игуасу шпан. Cataratas do Iguaçu порт. Cataratas del Iguazú | |
---|---|
Поглед на водопадите Игуасу | |
Место | Аргентина, Мисионес. Бразил, Парана. |
Координати | 25°41′43″S 54°26′12″W / 25.69528° ЈГШ; 54.43667° ЗГД |
Вид | упаден |
Вкуп. висина | 60 - 82 м[1] |
Слапови | 275[1] |
Највисок слап | 82 м[1] |
Вкуп. ширина | 2,7 км[1] |
Река | Игуасу |
Прос. истек | 1.756 км3/с[1] |
Игуасу (шпански: Cataratas del Iguazú; португалски: Cataratas do Iguaçu; гварански: Chororo Yguasu) — водопади на реката Игуасу која се наоѓа на граница на бразилската држава Парана и аргентинската провинција Мисионес.[1] Водопадите ја делат реката на горна и долна Игуасу. Изворот на реката Игуасу е во близина на градот Куритиба. Поголемиот дел од својот тек го минува низ Бразил. Во својот слив со реката Сан Антонио, реката Игуасу ја формира границата помеѓу Бразил и Аргентина.
Името „Игуасу“ потекнујва од гваранскиот или тупискиот јазик и претставува сложенка од „игу“ (вода) и „уасу“, (голема).[2] Легендата вели дека богот сакал да се ожени со убава жена по име Наипи, која во чун побегнува со нејзиниот смртен љубовник Тароба. Збеснат, богот ја сече реката, создавајќи ги водопадите и осудувајќи ги љубовниците на вечно паѓање.
Во 1541 год, шпанскиот конквистадор Алвар Нуњес Кабеза де Вака ќе биде првиот Европеец кој ќе ги пронајде водопадите,[3][4] според кого е именуван еден од водопадите во Аргентина.
Географска положба
[уреди | уреди извор]Водопадите Игуасу се наоѓаат на местото каде реката Игуасу се сплотува преку работ на платото на Парана, 23 километри спротивно на течението на реката од сливот на Игуасу со реката Парана. Бројни острови по работ долг 2.7 километри ги делат водопадите на околу 275 поединечни водопади и упади (катаракти) кои варираат од 60 метри (200 стапки) до 82 метри. Околу половина од протокот на реката паѓа во долга и тесна бездна наречена Ѓаволско грло (Garganta del Diablo на шпански или Garganta do Diabo на португалски). Ѓаволско Грло е во форма на буквата У, високо е 82 метри, широко е 150 метри и долго 700 метри. Ѓаволското грло ја создава границата помеѓу Аргентина и Бразил. Аргентинската страна се состои од три дела: високите водопади,ниските водопади и Ѓаволско грло.
Од многуте острови најзначаен е Исла Гранде Сан Мартин, на страната на Аргентина. Поединечни водопади на аргентинската страна ги вклучуваат : Две сестри ,Бозети, Сан Мартин,Ескондидо и Ривадавија. Значајни водопади на бразилската страна ги вклучуваат Бенжамин Константа, Деодоро и Флоријано.
Две третини од водопадите се во рамките на аргентинската територија. Работ од базалт капа годишно се намалува за 3 мм (0,1 инчи) . Водата од долниот дел на Игуасу се собира во кањонот кој ја носи водата во реката Парана, на кратко растојание по течението од браната Итаипу.Раскрсницата на водотеците ја означува границата меѓу Бразил, Аргентина и Парагвај. Постојат места во градовите на Фоз до Игуасу, Бразил, Пуерто Игуасу, Аргентина и Сиудад дел Есте, Парагвај кои имаат пристап до реката Игуасу, каде границите на сите три земји можат да се видат и тоа претставува позната туристичка атракција за посетители на трите града.
Туризам
[уреди | уреди извор]Повеќето посетители ги гледаат водопадите од аргентинската страна од градот Пуерто Игуасу. Бразил и Парагвај од граѓаните на некои земји бараат визи особено ако влегуваат од Аргентина, а тоа одзема многу време. На пример,посетители од Северна Америка кои минуваат низ Аргентина за да ги видат водопадите од бразилската страна треба да добијат виза од Бразилскиот конзулат од земјата пред заминување, но може лично да побараат виза во Бразилскиот конзулат во аргентинскиот град Пуерто Игуасу.
Постојат два меѓународни аеродрома во близина на Игуасу Водопади: Бразилскиот меѓународен аеродром Фоз до Игуасу (ИГУ) и Аргентинскиот меѓународен аеродром Катаратас дел Игуасу (ИГР). Двата аеродроми се оддалечени неколку километри од Игуасу Водопадите и од соседните градови Фоз до Игуасу, Бразил и Порто Игуасу, Аргентина. Воздухопловна компанија ЛАН и Аеролинеас Аргентина имаат директни летови од Буенос Аирес и неколку бразилски авиокомпании како авиокомпанија ТАМ,Гол, Азул, Веб-џет нудат услуги од големите бразилски градови до Фоз до Игуасу.
Пристап
[уреди | уреди извор]До водопадите може да се стигне од двата главни града на двете страни од водопадите: Фоз до Игуасу во Бразил и Порто Игуасу во аргентинската провинција Мисионес, како и од Сиудад дел Есте, Парагвај од другата страна на реката Парана од Фоз до Игуасу. Убавината на глетката на водопадите е заштитена од Национален парк Игуасу (Аргентина) и Национален парк Игуасу(Бразил). Двата парка се одредени од УНЕСКО како Локации од светското наследство, еден во 1984, а другиот во 1987.
На бразилската страна има долга патека по должината на кањонот со продолжување кон пониското подножје на Ѓаволско Грло. Возење со хеликоптер кое нуди погледи на водопадите од височина е достапно само на бразилската територија. Аргентина забрани такви тури,поради штетните последици за животната средина. Од аеродромот Фоз до Игуасу до паркот може да се стигне со такси или автобус директно пред влезот на паркот. Има билети за паркот. Автобуси за слободно возење често се предвидени до различни места во паркот. Градот Фоз до Игуасу е оддалечен околу 20 километри и аеродромот се наоѓа помеѓу паркот и градот.
Аргентинскиот пристап е олеснет од страна на еколошки воз за прашуми и различни патеки. Возот ги носи посетителите директно до влезот на Ѓаволско дгрло, како и до горните и долните патеки. Премин Ѓаволско грло-Paseo del Diablo Garganta е патека долга еден километар што ги води посетителите директно преку водопадите на Ѓаволско грло. Други шеталишта овозможуваат пристап до издолжената верига на водопадите на аргентинската страна и на ферибот, кој се поврзува со островот Сан Мартин.
Споредби со други познати водопади
[уреди | уреди извор]Првата дама на САД Еленор Рузвелт,откако ги видела Игуасу Водопадите наводно извикала "Јадна Нијагара!" Исто така, Игуасу Водопадите често се споредуваат со Викторијански Водопади во Јужна Африка кои ги делат Замбија и Зимбабве. Игуасу е поширока, но поради тоа што е поделена на околу 275 посебни падови и големи острови, Викторија е најголемата покривка за вода во светот, широка над 1.600 метри (5.249 метри) и висока над 100 метри (328 стапки) (во низок проток Викторија е поделена во пет дела од острови, но во висок проток може да биде непрекината). Единствените пошироки водопади се исклучително големи и брзи водопади како што се водопадите Бојома.
Со поплавување на Гваира водопадите во 1982 година, во моментов Игуасу го има вториот најголем просечен годишен проток од сите водопади во светот, по Нијагарините, со просечна стапка од 1.746 m3 во секунда .Својот максимален снимен тек со најголема количина е 12.800 m3 во секунда.За споредба, просечниот проток на Нијагарините Водопади е 2.400 m3 во секунда , со максимален снимен проток на 8.300 m3 во секунда. Просек на протокот на Викторијански Водопади е 1.088 m3 во секунда , со максимален снимен проток на 7.100 m3 во секунда.
Маглата се крева од 30 метри (98 стапки) до 150 метри (492 стапки) од Ѓаволското грло на Игуасу, и е над 300 метри (984 стапки) над Викторија. Сепак, Игуасу овозможува подобри погледи и патеки, а нејзиниот облик нуди грандиозни глетки. Во еден момент, едно лице може да застане и да биде опкружено со 260 степени на водопадите. Во Аргентина, Ѓаволското грло, има вода која се влева во него од три страни .Исто така, бидејќи Игуасу прилично е поделена на многу мали водопади,тие можат да се видат наеднаш,а Викторија не го овозможува ова, бидејќи во суштина е еден водопад, кој паѓа во кањонот и е премногу силен да се увиди наеднаш (освен од воздушна височина).
Игуасу Водопадите беа ставени во потесен избор како кандидат за едно Седумте нови светски чуда на природата од страна на Седумте нови светски чуда на Светската фондација. Од февруари 2009 година,тие се рангирани на петтото место во групата Ф, во категоријата за езера, реки и водопади
Суша во 2006
[уреди | уреди извор]Во текот на летото 2006 година, сериозна суша предизвика намалување на реката Игуасу, намалувајќи ја количината на вода што тече низ водопадите на 300 кубни метри во секунда до почетокот на декември. Ова беше невообичаено, затоа што сушни периоди вообичаено траат само неколку недели.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Iguaçu Falls“. Енциклопедија Британика (Encyclopædia Britannica Online Library Edition. изд.). 2011. Посетено на 15 April 2011.CS1-одржување: излишен текст (link)
- ↑ „Iguazu Falls in Argentina & Brazil – All You Want to Know“. https://iguazufalls.com/ (англиски). Посетено на 2022-01-31. Надворешна врска во
|work=
(help) - ↑ „The discovery of Iguazú Falls – PATAGONIA-ARGENTINA.COM“. www.patagonia-argentina.com. Посетено на 2022-01-31.
- ↑ www.iguassufallstour.com https://www.iguassufallstour.com/main.php?run=articles&key=48. Посетено на 2022-01-31. Отсутно или празно
|title=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„водопади Игуасу“ на Ризницата ? |
- Игуасу Архивирано на 4 декември 2012 г. — УНЕСКО (англиски)
- Виртуелна прошетка низ водопадите Игуасу (англиски)