Ивајло Чочев
Ивајло Чочев | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Ивајло Људмилов Чочев | ||
Роден на | 18 февруари 1993 | ||
Роден во | Плевен, Бугарија | ||
Висина | м[1] | 1,88||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Палермо | ||
Број | 18 | ||
Младинска кариера | |||
Чавдар Етрополе | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010-2012 | Чавдар Етрополе | 61 | (17) |
2013-2014 | ЦСКА Софија | 45 | (7) |
2014- | Палермо | 91 | (10) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | Бугарија 17 | 3 | (0) |
2010-2011 | Бугарија 19 | 5 | (0) |
2012-2014 | Бугарија 21 | 9 | (3) |
2015- | Бугарија | 15 | (3) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Ивајло Чочев (роден во Плевен на 18 февруари 1993), е бугарски фудбалер, играч од средниот ред на Палермо и на бугарската репрезентација.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци и раните години од кариерата
[уреди | уреди извор]Чочев е роден во Плевен, а својата фудбалска кариера ја започнал во локалниот клуб Спартак Плевен во 1999 година. Во 2008 година тој се преселил во Чавдар Етрополе,[2] каде станал профсионалец во сезоната 2010-2011, играјќи 27 натпревари за клубот во бугарската Б група. Следната сезона одиграл 21 натпревар постигнувајќи 6 гола, а во сезоната 2012-2013 на 13 натпревари постигнал 8 гола во првиот дел од сезоната пред да го напушти клубот во зимата 2013.
ЦСКА Софија
[уреди | уреди извор]На 16 јануари 2013, Чочев потпишал за еден од гигантите на бугарскиот фудбал ЦСКА Софија.[3] Своето деби Чочев го направил во победата со 2–0 на домашен терен над Черноморец Бургас на 10 март 2013. Тој влегол во игра на местото на Игнасио Лорес во 58-мата минута и во последните минути од натпреварот асистирал за вториот гол на ЦСКА кој го постигнал Сержињо.[4][5] Првата сезона во дресот на ЦСКА ја завршил со 10 настапи во лигата и два во купот, без постигнат гол но забележал две асистенции.
Во текот на сезоната 2013-2014, Чочев станал стандарден првотимец и еден од клучните играчи во тимот на тренерот Стојчо Младенов. Својот прв погодок за ЦСКА го постигнал на 17 септември 2013, во победата со 6-2 на домашен терен над Хасково во Купот на Бугарија. Само 6 дена подоцна, тој го постигнал својот прв гол за ЦСКА во бугарската А група, носејќи му победа на својот клуб на домашен терен над Литекс со 1-0.[6] Само три дена подоцна на, 26 септември 2017, тој ја продолжил својата серија на голови стигајќи до три гола во три последователни натпревари откако го постигнал првиот погодок за ЦСКА во победата со 3-0 на гостувањето кај Љубимец со 3-0. Сезоната ја завршил со вкупно (во првенството и купот) 38 настапи и 9 гола.
Палермо
[уреди | уреди извор]На 11 јули 2014, Чочев се преселил во италијанскиот Палермо во Серија А за сума од 2 милиони евра,[7] потпишувајќи три годишен договор.[8][9] Тој станал првиот бугарин во историјата на сицилијанската екипа. Своето деби за популарните Росанеро во италијанската лига го направил на 5 октомври, во поразот со 3-0 од Емполи во шестото коло од сезоната 2014-2015 во Серија А, појавувајќи се во игра на местото на Франко Васкес во 72-рата минута од натпреварот.[10] На 12 април 2015, toј го постигнал својот прв гол во Серија А во победата со 3-1 над Удинезе. Следната недела, Чочев постигнал двапати во победата со 2-1 против Џенова на стадионот Ренцо Барбера.[11] Својата прва сезона во италијанскиот фудбал ја затворил со 18 настапи и 3 гола. На 22 јуни го продолжил договорот со Палермо до 30 јуни 2020 година.[12]
Во текот на сезоната 2016-2017, Чочев одиграл 30 натпревари за Палермо во Серија A и постигнал 3 гола но клубот испаднал од лигата на крајот од сезоната. Тој останал во Палермо, да игра во Серија Б во сезоната 2017-2018 и запишал две асистенции во победата со 2-1 на домашен терен над Про Верчели во петтото коло. Својот прв гол во Серија Б го постигнал на 3 ноември 2017 во ремито 2-2 против Пескара.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Своето деби за сениорската репрезентација на Бугарија Чочев го направил на 8 јуни 2015 во поразот со 4-0 од Турција во Истанбул во пријателски натпревар.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Ивайло Чочев от Чавдар (Етрополе) пред трансфер при "оранжевите"“. balkanec.bg. 16 June 2012. Посетено на 15 April 2017.
- ↑ Плевенчанинът Ивайло Чочев заби победния гол в мача България - Швеция 1 September 2017, dariknews.bg
- ↑ ЦСКА взима Ивайло Чочев без пари от Чавдар (Етрополе) 13.12.2012, http://sporta.bg
- ↑ ЦСКА 2:0 Черноморец Архивирано на 15 март 2013 г. 10.03.2013, topsport.bg
- ↑ CSKA Sofia - Chernomorets Burgas 2-0 - 10. март 2013 transfermarkt.co.uk
- ↑ БГ футбол ЦСКА - Литекс 1:0 blitz.bg
- ↑ CorSport: "Čočev al Palermo, c’è un retroscena" Архивирано на 6 октомври 2014 г. Mediagol.it
- ↑ Acquistato Chochev dal CSKA Sofia Архивирано на 14 јули 2014 г. Palermocalcio.it
- ↑ „CSKA Sofia midfielder Chochev joins Palermo“. reuters.com. 11 July 2014. Архивирано од изворникот на 2015-06-26. Посетено на 2018-02-03.
- ↑ palermocalcio.it, уред. (5 октомври 2014). „Empoli-Palermo 3-0“. Архивирано од изворникот на 2015-05-11. Посетено на 19 април 2015.
- ↑ gazzetta.it, уред. (19 април 2015). „Palermo-Genoa 2-1. Doppietta di Chochev, gol di Iago“. Посетено на 19 април 2015.
- ↑ Chochev, rimango al Palermo per crescere
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ивајло Чочев на transfermarkt
- Ивајло Чочев на soccerway
- Ивајло Чочев на espn
- Ивајло Чочев на whoscored
|