Зрнци
Зрнци | |
---|---|
Црн зрнец (Solanum nigrum) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Зрновидни |
Семејство: | Зрнци Juss. |
Потсемејства | |
Cestroideae |
Зрнци (науч. Solanaceae)— семејство на цветни растенија каде спаѓаат низа значајни земјоделски култури, но и многу видови на токсични растенија.
Во фамилијата се вбројуваат татулата (Datura), мандрагората (Mandragora), помамницата (Atropa belladonna), плетиплотката (Lycium barbarum), зрнавецот (Physalis), пиперката (Capsicum), зрнецот (Solanum = компир, домат, модар патлиџан), тутунот (Nicotiana) и петунијата (Petunia).
Многу членови на фамилијата играат важна улога во човечкиот живот како храна, зачини и лекови. Меѓутоа, многу видови се богати со алкалоиди со отровност која се движи од малку надразнителна до смртоносна во мали дози. Некои видови се психоактивни (на пр. татулата).
Опис
[уреди | уреди извор]Растенијата од фамилијата Зрнци можат да бидат билки, грмушки, дрва и понекогаш, ползавци. Цветовите обично се ѕвездести. По облик се зрачни или цевчести, со четири до пет венечни ливчиња кои обично се споени. Leaves are alternate. Плодот е бобинка со осна плацентација како кај доматот и плетиплотката, или пак зажлебена чаура како кај татулата. Семињата кај највеќето растенија се округли и рамни, со пречник од 2-4 мм. Прашниците излегуваат од венечните ливчиња и нивниот број обично е содржател на четири или пет, најчесто четири или осум. Плодницата е издадена.[2]
Генетика
[уреди | уреди извор]Највеќето членови на фамилијата имаат по 12 хромозоми,[3] број кој е зголемен поради полиплоидија. Дивите компири (околу 200 вида) се претежно диплоидни (2 × 12 = 24 хромозоми), но постојат и триплоидни (3 × 12 = 36 хромозоми), третраплоидни (4 × 12 = 48 хромозоми), пентаплоидни (5 × 12 = 60), па дури и хексаплоидни (6 × 12 = 72 хромозоми) видови. Домашниот компир (Solanum tuberosum) има 4 × 12 = 48 хромозоми. Некои водиви од родот на пиперката имаат 2 × 12 = 24 хромозоми, додека пак други имаат 26 хромозоми.
Некои родови
[уреди | уреди извор]
|
|
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Зрнци (Solanaceae Juss., nom. cons.)“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. 12 април 2007. Посетено на 16 април 2009. (англиски)
- ↑ Yasin J. Nasir. „Solanaceae“. Flora of Pakistan.
- ↑ Fujii, Kenjiro (1934). Cytologia. Botanical Institute. стр. 281.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Зрнци“ на Викивидовите ? |
„Зрнци“ на Ризницата ? |
- Извор за зрнците - таксономска монографија за сите видови од родот Зрнец (Solanum) (англиски)
- Зрнци (Solanaceae) Архивирано на 26 октомври 2007 г. - Л. Вотсон и М.Џ. Далвиц (1992-) (англиски)
- Зрнци (Solanaceae) - База на растенија на USDA (англиски)
|