Златокртови
Златокртови Период: Ран миоцен - денес[1] | |
---|---|
Податотека:Taupe doree.jpg | |
Златокрт. | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Afrosoricida |
Подред: | Chrysochloridea Broom, 1915 |
Семејство: | Chrysochloridae Gray, 1825 |
Родови | |
Eremitalpa |
Златокртовите (латински: Chrysochloridae) образуваат семејство на цицачи од редот тенрековидни каде припаѓаат мали ријачки животни кои се среќаваат во Јужна Африка.
Надворешен изглед
[уреди | уреди извор]По својот изглед овие животинки потсетуваат не толку на кртовите колку на подземните глодачи (слепи кучиња и сл.). Притоа златокртовите се филогенетски поблиски до тенреките и ровчиците. Иако припаѓаат на различни систематски групи, златокртовите се исто така многу слични на австралиските торбарски кртови (Notoryctes).
Златокртовите се мали до средно големи животни: должината на телото изнесува 8–24 cm, а опашката е рудиментирана. Телото е заоблено и прекриено со кратко и густо крзно кое може да биде црвено, жолто, маслинесто или кафеавкасто со прекрасен метален отсјај. Главата е нешто зарамнета на врвот. Носниот дел не е заострен; крајот на муцката е заострен во вид на рог, што му помага на златокртот при риењето на земјата. Ноздрите при раскопувањето се прекриваат со капачиња. Рудиментираните очи се затскриени под кожата. Ушните школки се незабележливи. Предните шепи се четирипрсни (го нема V прст), а задните се петпрсни. Меѓу прстите на задните шепи има препони. III прст на предните екстремитети е наоружан со голема копачка канџа. Забите се од 36 до 40 на број. Поседуваат 2 пара на млечни жлезди (градни и слабински). Кај мажјаците и женките урогениталниот тракт се отвора во заеднички отвор — клоака.
Начин на живеење и исхрана
[уреди | уреди извор]Златокртовите може да се најдат во Јужна Африка, од ’Ртот на добрата надеж до Камерун, Заир, Уганда, Кенија и Танзанија. Се среќаваат во разни предели: шумски, рамнински, планински и мочуришни, како и во култивирани. Претполагаат станишта со меки почви, меѓу кои и песочни пустини. Начинот на живеење е подземен и ријачки. Златокртовите, како и обичните кртови, градат сложени системи од подземни ходници распоредени во неколку катови: површински, кујнски и гнездов кат. При движењето, златокртовите ја ријат почвата со помош на својата муцка и моќните предни шепи, кои за разлика од оние на кртовите, се сместени под телото, а не по страните. Често, особено во дождовната сезона, тие излегуваат на површината за да ги бараат роевите од дождовни црви. Освен црви, почвени инсекти и други безрбет, се исхрануваат и со безноги гуштери, кои ги убиваат со замав со канџите. Во сушната сезона и при заладување попаѓаат во лесен сон. Благодарение на делотворната размена на материите, многуте видови воопшто немаат потреба од вода, која ја добиваат од храната. Женките од сите видови обично донесуваат на свет по 2 младенчиња. Кога не се во сезона на парење, златокртовите живеат поединечно и се територијални.
Систематика
[уреди | уреди извор]Семејството се состои од 9 родови кои обединуваат околу 21 вид, од кои не помалку од 11 се изумрени.
- Потсемејство Chrysochlorinae:
- Carpitalpa arendsi
- Chlorotalpa
- Џиновски златокрт (Chrysospalax)
- Обичен златокрт (Chrysochloris)
- Златокртна винтона (Cryptochloris)
- Пустински златокрт (Eremitalpa granti)
- Потсемејство Amblysominae:
- Африкански златокрт (Amblysomus)
- Жолт златокрт (Calcochloris)
- Neamblysomus julianae
Фосилите на златокртовите датираат од миоцен.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Savage, RJG, & Long, MR (1986). Mammal Evolution: an illustrated guide. New York: Facts on File. стр. 53. ISBN 0-8160-1194-X.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)