Прејди на содржината

Звонимир Бобан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Звонимир Бобан
Бобан во 2008
Лични податоци
Полно име Звонимир Бобан
Роден на 8 октомври 1968(1968-10-08)(56 г.)
Роден во Имотски, СФР Југославија
Висина 1.85 м (6 ст 1 ин)
Позиција Офанзивен везист
Младинска кариера
1978 — 1981 Мрачај Руновиќ
1981 — 1982 Хајдук Сплит
1983 — 1985 Динамо Загреб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1985 — 1991 Динамо Загреб 109 (45)
1991 — 2002 Милан 178 (21)
1991 — 1992Бари (позајмица) 17 (2)
2001 — 2002Селта Виго (позајмица) 4 (0)
Вкупно 308 (68)
Репрезентација
1987 Југославија 6 (3)
1988 — 1991 Југославија 7 (1)
1990 — 1999 Хрватска 51 (12)

Звонимир Бобан (роден на 8 октомври 1968 година) — поранешен фудбалски репрезентативец на Хрватска. Бобан настапувал како играч за врска во средниот ред и често бил користен како офанзивен фудбалер.Најголемиот дел од својоата кариера тој го поминал играјќи за италијанскиот калчолигаш Милан со кој освои четри титули во Серија A и една титула во Лигата на шампионите. Исто така тој беше капитен на хрватската фудбалска репрезентација со која го освои третото место на светкото пренство во Франција, во 1998 година. Пред 1990 година, и меѓународното признавање на Хрватска како независна држава, Бобан настапуваше за младата фудбалската репрезентација на Југославија, како и за сениорската фудбалска репрезентација на Југославија до 1990 година . Со младата фудбалска репрезентација на Југославија го освои светското првенство во фудбал за играчи до 20 години во 1987 година во Чиле. Бобан беше трипати стрелец на тоа првенство, вклучувајќи го и погодокот во финалето против Западна Геранија (нерешено 1–1 со Западна Германија во регуларниот тек) а потоа победувајќи на пенали. Своето деби за сениорската репрезентација на Југославија го имаше во 1988 година, но Бобан како жесток патриот, се префрли да игра за фудбалската репрезентација на Хрватска со распадот на Југославија, дебитирајќи против Романија во декември 1990 година. Тој настапи седум пати за Југославија, постигнувајќи еден гол, додека Бобан за репрезентацијата на Хрватска одигра 51 натпревар, постигнувајќи 12 гола, во периодот меѓу 1990 и 1999 година .

Од неговото пензионирање во 2002 година, Бобан дипломираше на катедрата по историја на Универзитетот во Загреб. Тој, исто така, стана фудбалски коментатор и аналитичар во Хрватска и на италијанската телевизија, особено за Скај Италија и РТЛ Телевизија. Тој има репутација како отворен и независен аналитичар.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Бобан е оженет со модниот творец Леонарда Бобан почнувајќи од 1994 г.[1] Тие имаат пет деца: посвоени Марија, Габриел, Марта, Рафаел како и биолошката керќа Ружа (Роза).[2]

Бобан исто така се занимава со играње тенис.[3] Тој е близок пријател со поранешниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ,[4] со кого игра на неговото приватно тениско игралиште.[5]

  1. „Zvonimir & Leonarda Boban“. Story.Hr. Архивирано од изворникот на 2012-04-03. Посетено на 7 June 2011.
  2. „Zvonimir Boban becomes father for a fifth time“. Croatian Times. Архивирано од изворникот на 2011-10-05. Посетено на 7 June 2011.
  3. „Zvonimir Boban“ (хрватски). Посетено на 2017-10-23.
  4. Staunton, Peter. „Top 10 – Roland Garros Special: When Football Meets Tennis“. Посетено на 10 June 2011.
  5. Law, David (1 January 2003). „Ivanisevic promises final display of fireworks“. The Independent. London. Посетено на 10 June 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]