Еј, Словени
Печатена верзија на српскохрватски јазик на песната што ќе стане државна химна на Југославија. | |
Поранешна национална химна на Југославија Србија и Црна Гора Словачка | |
Друг наслов | "Hej, Slovenci" "Hej, Słowianie" |
---|---|
Текст | Само Томашик, 1834 |
Музика | Непознат композитор, 1820-те |
Усвоена | 1977 (со закон) 1988 (со Устав) 1992 (од Србија и Црна Гора) |
Укината | 1992 (од Југославија) 2006 (од Србија и Црна Гора) |
Звучен извадок | |
"Еј, Словени" (инструментална верзија) | |
Еј, Словени (словачки оригинал: Hej, Slováci) е песна во која се трајно воспеани пансловенските идеи и неофицијална химна на пансловенското движење. Во периодот од 1945 - 1991 оваа песна е химна на Титова Југославија, а потоа и на Сојузна Република Југославија (СРЈ) и на Државната Заедница на Србија и Црна Гора, сè до осамостојувањето на Црна Гора во мај 2006, кога химната официјално заминала во историјата. Музиката е заснована на химната на Полска - Домбровска мазурка (Mazurek Dąbrowskiego), дело на полскиот генерал и народен херој, Јан Хенрик Домбровски.
Песната е препеана на многу јазици и како таква се среќава под следниве наслови:
- македонски: Еј, Словени
- српски: Хеј Словени/Hej, Sloveni
- хрватски: Hej, Slaveni
- босански: Hej, Sloveni
- словенечки: Hej, Slovani
- словачки: Hej, Slováci
- чешки: Hej, Slované
- полски: Hej Słowianie
- бугарски: Хей, Славяни
- руски: Гей, Славяне
- англиски: Hey, Slavs
Почетоци
[уреди | уреди извор]Првата верзија на песната ја напишал словачкиот свештеник Самуел Томашик (Samuel Tomášik) во 1834 при една посета на Прага. Растревожен од фактот што низ улиците на најзначајниот чешки град повеќе може да се чуе германски отколку чешки, во својот дневник забележал:
- ...ако на мајката Прага, бисерот на западнословенскиот свет, ѝ е судено да биде загубена во германското море, што ја чека мојата татковина, Словачка, која од Прага ја црпе својата духовна храна? Вознемирен од таа помисла, се сетив на старата полска песна Jeszcze Polska nie zginęła, póki my żyjemy... (Полска живее додека живееме и ние...). Таа позната мелодија го инспирираше моето срце да извика во непокор: Hej, Slovaci, ešte naša slovenska reč žije... (Еј, Словаци, сѐ уште живее јазикот наш словачки...). Отрчав во мојата соба, запалив свеќа и напишав три строфи во мојот дневник. Песната беше готова за миг. (од дневникот на Самуел Томашик, Недела, 2. Ноември 1834)
Така, инспирирана од полска народна песна, со соодветна доработка од страна на Михаљ Клеофаш Огињски (Michal Kleofas Ogiński), се роди идната химна на панславизмот. Веќе на широко прифатена, таа се пее и на првиот панславистички конгрес во Прага во 1848, и станува симбол на словенскиот отпор кон Австроунгарскиот јарем. Во 1905, при подигањето на споменикот на словенечкиот поет Франце Прешерн, масата славела, пеејќи ја токму оваа песна.
Со почетокот на Првата светска војна и пленувањето на австроунгарските војници со словенско потекло (Чеси, Словаци, Хрвати, Словенци) од страна на српската и руската војска, песната го пробива својот пат на Балканот. Тука се прават првите преводи на српскохрватски и словенечки јазик. Песната останува популарна и во меѓувоениот период, сè додека Народноослободителната војска во текот на Втората светска војна не ја стави на местото на химна кралството Југославија.
Химна
[уреди | уреди извор]По Втората светска војна песната, во својата српскохрватска верзија, de facto станува химна на ФНРЈ, т.е. СФРЈ иако сè до 1977 таа се третира како свечена песна, а не химна. Дури во 1977 година таа е официјално прогласена за химна. Бидејќи и самата Југославија е заснована на панславистичките идеи, овој избор бил природен и правилен, бидејќи песната го воспева словенското единство. Во повоениот период за првпат се јавува и македонски препев. По распадот на СФРЈ во 1991, песната постанува химна на Сојузна Република Југославија иако суштината и идеалите кои таа ги носи, се загубени. Така, дефинитивно, со осамостојувањето на Црна Гора во 2006, песната стана „химна без држава“, односно постана симбол на идеали кои, за жал, бледеат во времето.
Текст
[уреди | уреди извор]Следува текст на химната на повеќе словенски јазици[1]:
Оригинален текст
[уреди | уреди извор]
Hej, Slováci! ešte naša Jazyka dar zveril nám Boh, I nechže sa aj nad nami |
Еј, Словени, жив е тука Жив е вечно, жив е духот Пустошејќи, нека бура Стоиме на стамен-прагот |
Текст на химната
[уреди | уреди извор]Покрај оригиналот, песната е препеана и на многу други словенски јазици како на:
Хеј, Словени, јоште живи Живи, живи, дух словенски Нек' се сада и над нама Ми стојимо постојано |
Hej Slaveni, jošte živi Živi, živi duh slavenski Nek se sada i nad nama Mi stojimo postojano |
Hej Slovani, naša reč Živi, živi, duh slovanski, Naj tedaj nad nami Bratje, mi stojimo trdno |
Хей славяни, все още жив е Жив е, жив е духът славянски Нека сега и над нас Ние стоим твърдо като крепост. |
Hej Slované, ještě naše Žije, žije duch slovanský, Jazyka dar svěřil nám Bůh, I nechať je tolik lidí, I nechať se též nad námi, My stojíme stále pevně, |
Hej Słowianie, jeszcze nasza Żyje, żyje duch słowiański, Dar języka zwierzył nam Bóg, Ilu ludzi, tylu wrogów, I niechaj się ponad nami My stoimy stale, pewnie, |
Гей, славяне, наше слово Дух Славянский жив на веки, Наше слово дал нам Бог, Против нас хоть весь мир, что нам! |
Гий Славляне, ищи жиє Живи, живи дух Славляньскый Нич ся трафит кой над намы Стойиме сьме, постояны |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Текст на химната“. Архивирано од изворникот на 2006-06-24. Посетено на 2006-07-10.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Еј, Словени на Викиизвор.
- Слободна Југославија - преземање на песните на српскохрватски, македонски и словенечки јазик Архивирано на 24 јуни 2006 г.