Прејди на содржината

Ејнар Херцшпрунг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ејнар Херцшпрунг
Ejnar Hertzsprung
Херцшпрунг (десно) со Карл Шварцшилд пред Гетингенскиот универзитет, 1909 г.
Роден(а)8 октомври 1873(1873-10-08)
Копенхаген, Данска
Починал(а)21 октомври 1967(1967-10-21) (возр. 94)
Роскилде, Данска
Полињахемија, астрономија
УстановиЛајденска опсерваторија
ОбразованиеКопенхагенска техничка школа
Познат поХерцшпрунг-Раселов дијаграм
Поважни наградиЗлатен медал на КАД (1929)
Брусов медал 1937

Ејнар Херцшпрунг (дански: Ejnar Hertzsprung; 8 октомври 187321 октомври 1967) — дански хемичар и астроном. Во периодот од 1911–13 г. заедно со американскиот астроном Хенри Норис Расел го разработил познатиот Херцшпрунг-Раселовиот дијаграм за класификација на ѕвездите.

Роден е во Копенхаген. Во 1913 г. ги утврдил растојанијата на неколку кефеидни променливи ѕвезди според нивната паралакса,[1] и со тоа успеал да го избаждари односот (откриен од Хенриета Левит) помеѓу периодот на кефеидите и нивната сјајност. При оваа работа по случајна грешка ги одредил ѕвездите на десетпати помала далечина. Со овој однос ја проценил оддалеченоста на Малиот Магеланов Облак. Од 1919 до 1946 г. Херцшпрунг работел во Лајденската опсерваторија во ХОландија, каде од 1937 г. бил нејзин директор. Меѓу дипломците во Лајден бил и истакнатиот астроном Џерард Кајпер.

Веројатно најголемиот придонес за астрономијата го дал со разработката на класификација на ѕвездите според спектрален тип, развојна фаза и сјајност. Во неговат работа ја проучувал и постоечката класификација осмислена од Антонија Мори.[2] Таканаречениот Херцшпрунг-Раселов дијаграм до денес се користи како начин на типолошко претставување на ѕвездите и нивниот развој. Открил и два астероида, од кои еден е аморскиот астероид наречен 1627 Ивар.[3]

Неговата сопруга Хенриета (1881–1956) била ќерка на холандскиот астроном Јакобус Каптајн. Херцшпрунг починал во Роскилде во 1967 г. Во негова чест е наречен астероидот 1693 Херцшпрунг.[4]

Откриени астероиди

[уреди | уреди извор]
Награди
Именувања
  • Sky & Telescope, January, 1968, Sky Publishing Corporation, Cambridge
  1. Hertzsprung, E. (1913). „Über die räumliche Verteilung der Veränderlichen vom δ Cephei-Typus“ [On the spatial distribution of variable [stars] of the δ Cephei type]. Astronomische Nachrichten. 196 (4692): 201–208. Bibcode:1913AN....196..201H.
  2. Hoffleit, D. "Reminiscences on Antonia Maury and the c-Characteristic." The MK Process at 50 Years: A Powerful Tool for Astrophysical Insight. Vol. 60. 1994.
  3. Schmadel, Lutz D. (2003). „(1627) Ivar“. Dictionary of Minor Planet Names – (1627) Ivar. Springer Berlin Heidelberg. стр. 129. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_1628. ISBN 978-3-540-29925-7.
  4. Schmadel, Lutz D. (2003). „(1693) Hertzsprung“. Dictionary of Minor Planet Names – (1693) Hertzsprung. Springer Berlin Heidelberg. стр. 135. doi:10.1007/978-3-540-29925-7_1694. ISBN 978-3-540-29925-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]