Прејди на содржината

Ефенум

Координати: 54°43′N 8°31′E / 54.717° СГШ; 8.517° ИГД / 54.717; 8.517
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ефенум
Улица во Ефенум
Улица во Ефенум
Улица во Ефенум
Ефенум во рамките на Германија
Ефенум
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Северна Фризија
Месна заед. Фер-Амрум
Градоначалник Гизела Риман
Основни податоци
Површина 10,87 км2
Надм. височина 2 м
Население 470 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 43 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NF
Пошт. бр. 25938
Повик. бр. 04681
Портал www.oevenum.de
Местоположба на Ефенум во рамките на округот Северна Фризија
Карта
Карта
Координати 54°43′N 8°31′E / 54.717° СГШ; 8.517° ИГД / 54.717; 8.517

Ефенум (германски: Oevenum; фериншки: Ööwenem; дански: Øvenum) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1796 година, 23 куќи во соседното село Ниблум биле уништени од пожар. Подоцна било поставено ѕвоно над училиштето во Ефенум за да ги предупредува луѓето во случај на пожар. Ѕвоното ѕвонело наутро и напладне и било користено како предупредување при бури. Во 1882 година, првите млади противпожарникари биле регрутирани во Ефенум. Така, младинската противпожарна служба во Ефенум се смета дека е најстара од таков вид во Европа.

Кон крајот на Француско-пруската војна во 1871 година бил посаден даб во Ефенум за да се прослави подоцнежниот мир.

Во поранешниот амбар бил основан музеј каде можат да се видат документи и земјоделскиот развој на Фер. Исто така, прикажани се предмети за поморството, изградбата на браните и островот Фер.

Економија

[уреди | уреди извор]

Туризмот е важен извор на приход за Ефенум.

  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]