Прејди на содржината

Естер Ледецка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Естер Ледецка
Лични податоци
Роден(а)23 март 1995(1995-03-23)(29 г.)
Прага, Чешка Република
Висина173 см
Тежина68 кг
Спорт
Земја Чешка
СпортСкијање на даска
Алпско скијање
ДисциплиниПаралелем слалом во сноубординг, Паралелем велеслалом во сноубординг
Спуст, Супервелеслалом, Алпска комбинација
КлубДукла Либерео
ТренерЏастин Рајтер (сноѕборд)
Томаш Банк, Ондреј Банк (скијање)[1]
Успеси и титули
Светски првенства Златен медал во паралелен слалом во Крајшберг 2015 година
Златен медал во паралелен велеслалом во Сиера Невада 2017
Сребрен медал во паралелен слалом во Сиера Невада 2017 година
Олимписки игри
  • Златен медал во паралелен велеслалом во Пјонгчанг 2018 година
  • Златен медал во супервелеслалом во Пјонгчанг 2018 година
  • Златен медал во паралелен велеслалом во Пекинг 2022 година
Најв. светски ранг
  • FIS Crystal Globe Прво место во паралелен слалом во сноубординг во ФИС светскиот куп (2016–2019)
  • FIS Crystal Globe Прво место во паралелен велеслалом во сноубординг во ФИС светскиот куп (2016, 2018, 2019)
  • • Второ место во Светскиот куп во спуст 2020
  • • Трето место во Свескиот куп во алпски комбинации (2020)
Ледека со Мартина Сабликова (лево) на Стариот градски плоштад во Прага по враќањето од Зимските олимписки игри 2018

Естер Ледецка (родена на 23 март 1995 година) е чешка сноубордерка и алпска скијачка. На Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Ледецка освоила златни медали во супервелеслалом (алпско скијање) и во паралелен велеслалом во скијање на даска. Со ова таа стана првиот олимпиец кој освоил два златни медали на иста Зимска Олимпијада со користење на два различни типа опрема (скии и даска). Таа била втората жена која што освоила олимписко злато во две одделни дисциплини, но прва што го освоила на истите Зимски олимписки игри. Таа била првата Чехинка која победила на паралелниот велеслалом во сноуборд во ФИС Светскиот куп во сноуборд .

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Естер Ледецка е родена во Прага. Нејзината мајка Зузана се занимавала со уметничко лизгање [2] а татко ѝ Јанек Ледецки, е познат музичар во Чешка и Словачка.[3][4] Таа потекнува од спортско семејство: нејзиниот дедо Јан Клапач е поранешен хокеар на мраз, кој освоил седум медали на Светските првенства и две медали на олимписките игри.[4]

Како дете започнала да се занимава до хокеј на мраз, а на четиригодишна возраст почнала да скија и подоцна го придодала и сноубордингот.[2]

Нејзино хоби е свирење гитара и пеење.[5] Таа исто така ужива во летните спортови како одбојка на плажа и сурфање со едрилица.[2]

Ледецка прв пат се појавила во Светскиот куп во сезоната 2012-13, и завршила на 13-то место во дисциплината паралелен велеслалом.[3] Во март 2013 година, на 17-годишна возраст, го освоила злато во паралелен слалом на Светското првенство за јуниори.[6]

Во сезоната 2013-14 таа го освоила второто место во ФИС Светскиот куп во сноуборд на првиот паралелен слалом во Бад Гаштајн и третото место во втората трка. Подоцна освоила злато во Рогла во паралелен велеслалом на истото натпреварување, со што станала првата Чехинка која освоила злато.[7] Со ова, таа станала третата Чехинка која победила на трка во сноуборд од Светскиот куп.[8]

Пред Зимските олимписки игри 2014 таа била меѓу чешките спортисти од кои најмногу се очекувало да освои медал на игрите, заедно со Мартина Сабликова, Габриела Соукалова и сноубордерката Ева Самкова.[9] Откако во квалификациите за алпско скијање на Зимските олимписки игри завршила на деветтото место, Чешката скијачка асоцијација се обидела да ја регистрира како натпреварувачка, но ФИС го одбила предлогот, наведувајќи дека само осум Чеси може да се натпреваруваат.[5][10]

Ледецка на Зимските олимписки игри во 2014 година дебитирала на 19 февруари 2014 година во паралелен велеслалом во сноубординг. Завршила како седма во генерален пласман.[11]

Ледецка својата кариера во сноуборд ја развивала напоредно со алпското скијање: на ФИС Светскиот куп во алпско скијање дебитирала во февруари 2016 година. Освојувала поени во Светскиот куп, натпреварувајќи се во спуст и супервелеслалом.[2] Во 2017 година, таа станала првата спортистка која што се натпреварувала на Светски првенства и во скијање и во сноуборд, а притоа освоила злато во паралелен велеслалом и сребро во паралелен слалом на Светското првенство за скијање во слободен стил и сноуборд во Сиера Невада, Шпанија, а завршила меѓу првите 30 скијачи во спуст, супервелеслалом и алпски комбинации на Светското првенство во алпско скијање во Сент Мориц, Швајцарија.[1]

Ледецка дебитирала во алпско скијање на Зимските олимписки игри 2018 година, а била и квалификувана за алпски сноубординг. Таму таа го освоила златниот медал во супервелеслалом, и била видно шокирана откако стигнала на целта за 0,01 секунда побрзо од бранителката на златниот медал од Олимпијадата во 2014 година, Ана Вејт. Ледецка пред Олимпијадата била рангирана на 49-тото место во таа дисциплина и никогаш не освоила медал на ниеден меѓународен скијачки настан на ниво од Светски куп.[12] Се шпекулирало дека наводно се тркала со скии позајмени од Микаела Шифрин (и двете скијачки се спонзорирани од Атомик). Таа одбила да ги отстрани очилата за време на прес-конференцијата по нејзината победа, и рекла дека тоа е нејзиниот заштитен знак, а кога новинарите ја притиснале, рекла дека не се нашминкала зошто не се надевала дека ќе победи.[13] По победата во паралелен велеслалом, таа станала првата спортистка која освоила златен олимписки медал во две различни дисциплини за време на исти Зимски олимписки игри [14] (Анфиса Резцова претходно освоила злато во различни дисциплини, но не и на иста Олимпијада: крос кантри скијање во 1988 година и биатлон во 1992 и 1994 година).[15] Ледецка била избрана за знаменосец на Чешка на церемонијата на затворање.[16]

Во Светскиот куп во алпско скијање 2018–19, Ледецка заврши на 24-то место во поредокот за спуст и на 28-то место во супервелеслалом. Во декември 2019 година, Ледецка ја забележа својата прва победа на Светскиот куп во алпско скијање во спуст во Лејк Луиз.[17] Во декември 2020 година, за прв пат победила на трка од Светскиот куп во супервелеслалом.[18]

Резултати од Светскиот куп

[уреди | уреди извор]

Податоците се преземени од Меѓународната скијачка федерација (ФИС).[19]

Сноубординг

[уреди | уреди извор]

Сезонски титули

[уреди | уреди извор]
  • 7 титули – (4 паралелно, 3 паралелен велеслалом)
Сезона Дисциплина
2016 Паралелен севкупно
Паралелен велеслалом
2017 Паралелен севкупно
2018 Паралелен севкупно
Паралелен велеслалом
2019 Паралелен севкупно
Паралелен велеслалом

Пласман по сезона

[уреди | уреди извор]
Сезона  Возраст  Паралелен
севкупно
Паралелен
слалом
Паралелен велеслалом
2013 17 15 16 15
2014 18 2 2 3
2015 19 3 8 2
2016 20 1 5 1
2017 21 1 2 3
2018 22 1 24 1
2019 23 1 13 1
2020 24 17 8 17
2021 25 23 - 13
  • 20 победи – (18 паралелен велеслалом, 2 паралелен слалом)
  • 33 подиуми – (26 паралелен велеслалом, 7 паралелен слалом)
Season Date Location Discipline Place
2013–14 10 јануари 2014 Австрија Бад Гаштајн, Австрија Паралелен слалом 2-ро
12 јануари 2014 Паралелен слалом 3то
18 јануари 2014 Словенија Рогла, Словенија  Паралелен велеслалом  1-во
2014–15 9 јануари 2015 Австрија Бад Гаштајн, Австрија Паралелен слалом 1-во
7 февруари 2015 Германија Зуделфелд, Германија Паралелен велеслалом 1-во
28 февруари 2015 Јапонија Асахикава, Јапонија Паралелен велеслалом 3-то
2015–16 12 декември2015 Италија Кареца, Италија Паралелен велеслалом 1-во
23 јануари 2016 Словенија Рогла, Словенија Паралелен велеслалом 1-во
30 јануари 2016 Русија Москва, Русија Паралелен слалом 3-то
27 февруари 2016 Турција Кајзери, Турција Паралелен велеслалом 1-во
2016–17 15 декември2016 Италија Кареца, Италија Паралелен велеслалом 2-ро
17 декември2016 Италија Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен слалом 1-во
28 јануари 2017 Словенија Рогла, Словенија Паралелен велеслалом 1-во
5 март 2017 Турција Кајзери, Турција Паралелен велеслалом 1-во
18 март 2017 Германија Винтерберг, Германија Паралелен слалом 2-ро
2017–18 14 декември2017 Италија Кареца, Италија Паралелен велеслалом 1-во
15 декември2017 Италија Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен велеслалом 1-во
5 јануари 2018 Австрија Лакенхоф, Австрија Паралелен велеслалом 1-во
20 јануари 2018 Словенија Рогла, Словенија Паралелен велеслалом 1-во
26 јануари 2018 Бугарија Банско, Бугарија Паралелен велеслалом 1-во
3 март 2018 Турција Кајзери, Турција Паралелен велеслалом 2-ро
10 март 2018  Швајцарија  Скуол, Швајцарија Паралелен велеслалом 1-во
2018–19 13 декември2018 Италија Кареца, Италија Паралелен велеслалом 2-ро
15 декември2018 Италија Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен велеслалом 1-во
16 февруари 2019 Јужна Кореја Пјонгчанг, Јужна Кореја Паралелен велеслалом 1-во
17 февруари 2019 Паралелен велеслалом 3-то
23 февруари 2019 Кина Тајната Градина, Кина Паралелен велеслалом 2-ро
9 март 2019 Швајцарија Скуол, Швајцарија Паралелен велеслалом 2-ро
2019–20 14 јануари 2020 Австрија Бад Гаштајн, Австрија Паралелен слалом 2-ро
18 јануари 2020 Словенија Рогла, Словенија Паралелен велеслалом 1-во
2020–21 12 декември2020 Италија Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен велеслалом 1-во
2021–22 16 декември2021 Италија Кареца, Италија Паралелен велеслалом 2-ро
18 декември2021 Италија Кортина д'Ампецо, Италија Паралелен велеслалом 1-во

Алпско скијање

[уреди | уреди извор]

Пласман по сезона

[уреди | уреди извор]
Сезона  Возраст  Севкупно Супервелеслалом Спуст Комбинација
2016 20 93 42 37 -
2017 21 77 38 34 -
2018 22 61 47 22 -
2019 23 54 28 24 -
2020 24 10 21 2 3
2021 25 10 5 4 -
Сезона Датум Локација Дисциплина Место
2019–20 6 декември 2019 КанадаЛејк Луиз, Канада Спуст 1
8 февруари 2020 Германија Гармиш Партенкирхен, Германија Спуст 3
23 февруари 2020 Швајцарија Кран-Монтана, Швајцарија Комбинација 3
2020–21 20 декември 2020 Франција Вал-д'Изер, Франција Супер Г 1
22 јануари 2021 Швајцарија Кран-Монтана, Швајцарија Спуст 2
2021–22 22 јануари 2022 Италија Кортина д'Ампецо, Италија Спуст 3

Резултати на Олимписки игри

[уреди | уреди извор]
  • 3 медали – (3 злата)

Сноубординг

[уреди | уреди извор]
  • 2 медали – (2 злата)
година  Возраст  Паралелно
слалом
Паралелно
велеслалом
Русија 2014 Сочи 18 6 7
Јужна Кореја2018 Пјонгчанг 22 Н/П 1
Кина 2022 Пекинг 26 Н/П 1

алпско скијање

[уреди | уреди извор]
  • 1 медал – (1 златен)
година  Возраст  Велеслалом Супер-Г
Јужна Кореја 2018 Пјонгчанг 22 23 1
Кина 2022 Пекинг 26 Н/П 5

Резултати од светските првенства

[уреди | уреди извор]

Сноубординг

[уреди | уреди извор]
  • 3 медали – (2 златни, 1 сребрен)
година  Возраст  Паралелен
 слалом 
Паралелен велеслалом
Шпанија 2011 Ла Молина 15 40 33
Канада 2013 Стоунхем 17 17 16
Австрија 2015 Крајшберг 19 1 5
Шпанија 2017 Сиера Невада 21 2 1

Алпско скијање

[уреди | уреди извор]
година  Возраст  Спуст Супер-Г Велеслалом Слалом Комбинирани
 Швајцарија  2017 Санкт Мориц 21 21 29 37 - 20
Шведска 2019 година 23 17 27 - - 15
Италија 2021 Кортина 25 4 4 - - 8

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Clarey, Christopher (27 November 2017). „Skiing or Snowboarding? Ester Ledecka Chose Both“. NYTimes.com. Посетено на 24 December 2017.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Dampf, Andrew (22 February 2016). „Czech athlete transitions from snowboard to ski at World Cup“. CTV News. Посетено на 4 December 2016.
  3. 3,0 3,1 „Dcera Janka Ledeckého debutovala ve Světovém poháru ve snowboardingu 13. místem“. Hospodářské noviny (чешки). 21 December 2012. Архивирано од изворникот на 25 February 2014. Посетено на 7 February 2014.
  4. 4,0 4,1 Grim, Filip (3 February 2014). „Od sněhuláků přes zapomenuté lyže. Jak Ledecká startovala kariéru“. Mladá fronta DNES (чешки). Посетено на 7 February 2014.
  5. 5,0 5,1 David, Jan (7 February 2014). „Na noc si dávám zmrzlinu, ale vždycky! směje se Ledecká“. Metro Praha (чешки). Prague: MAFRA. стр. 16.
  6. „Ledecka and Baumeister win parallel slalom at Junior World Champs“. FIS. 7 March 2013. Архивирано од изворникот на 11 February 2014. Посетено на 7 February 2014.
  7. Lawton, Andrew (5 February 2014). „Winter Olympics 2014: Blagger's guide to snowboarding“. The Telegraph. Посетено на 7 February 2014.
  8. „Career's first for Ledecka and Mathies in Rogla PGS | First Czech win on Alpine Snowboard World Cup tour | Exciting race for Crystal Globes“. rogla.eu. Архивирано од изворникот на 7 February 2014. Посетено на 7 February 2014.
  9. „Czech Republic names 85 athletes to Sochi Olympic team“. AP. Sports Illustrated. 16 January 2014. Архивирано од изворникот на 2014-02-22. Посетено на 7 February 2014.
  10. Augustin, Marek (1 February 2014). „Ledecká bude v Soči závodit jen na snowboardu, start v lyžování neprošel“. Czech Radio (чешки). Посетено на 7 February 2014.
  11. Grim, Filip (19 February 2014). „Desítka, jak jsem plánovala, chválila se Ledecká po olympijském debutu“. Mladá fronta DNES (чешки). Посетено на 19 February 2014.
  12. Chappell, Bill (2018-02-17). 'This Must Be Some Mistake,' Says Snowboarder After Winning Olympic Gold In Skiing“. NPR.org (англиски). NPR. Посетено на 18 February 2018.
  13. Sugar, Jenny (18 February 2018). „Ester Ledecka Won Gold in the Super-G — and She Was Wearing Mikaela Shiffrin's Skis!“. PopSugar.
  14. „Ester Ledecka: Two sports, two golds, same Olympics“. BBC. 24 February 2018.
  15. McGee, Paul (27 July 2019). „Ester Ledecká interview“. icetrail.com (англиски). Посетено на 2019-10-26.
  16. „Olympiáda skončila, za účasti Ivanky Trumpové i generála, který nechal potopit jihokorejskou loď“. lidovky.cz (чешки). 25 February 2018. Посетено на 7 March 2018.
  17. Hodgetts, Rob (7 December 2019). „Dual Olympic champion Ester Ledecka wins first World Cup skiing race“. cnn.com. Посетено на 8 December 2019.
  18. „Ester Ledecka adds World Cup super-G win to surprise Olympic title“. OlympicTalk | NBC Sports (англиски). 2020-12-20. Посетено на 2020-12-31.
  19. „Ester Ledecka“. FIS-Ski. International Ski Federation. Посетено на 15 January 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]