Прејди на содржината

Ерјон Тола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерјон Тола (алпско скијање) влегува на стадионот на церемониjата за отворање на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер
Ерјон Тола (алпско скијање) влегува на стадионот на церемониjата за отворање на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер

Ерјон Тола (роден на 15 декември 1986 година) - албански скијач во алпско скијање, кој ја претставувал Албанија на Зимските олимписки игри 2006,[1] 2010, 2014 и 2018 година.[2]

Тола е роден во Тирана во 1986 година. Тој бил рангиран на последното место меѓу оние кои го завршија машкиот супер-Г, но завршил на 35. место во велеслалом во машка конкуренција.[1] Тола завршил на 48. место во слалом во машка конкуренција[3] и 63. во машки велеслалом на Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер. Тој тренира во Италија и живее во Червинија од 1992 година.[4]

Во 2018 година тој и Суела Мехили ја претставувале Албанија на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја. Тоа биле негови четврти и нејзини втори олимписки игри.[5]

  1. 1,0 1,1 „Erjon Tola“. Sports Reference. Архивирано од изворникот на 18 април 2020.
  2. „Kartolina 2014“. Albanian National Olympic Committee. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2020-12-27.,
  3. „Erjon Tola, Alpine Skiing“. CBC Canada, VANCOUVER NOW.
  4. CTV
  5. Times, Tirana (2018-02-06). „Two Italy-based skiers represent Albania at South Korea's Winter Olympics“. Tirana Times (англиски). Посетено на 27 декември 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]