Емсланд
Емсланд Landkreis Emsland | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Мепен | |
Површина | ||
• Вкупна | 2,881 км2 (1,112 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 338.052 | |
• Густина | 120,000/км2 (300,000/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | EL | |
Мреж. место | emsland.de |
Емсланд (германски: Landkreis Emsland) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, наречен по реката Емс. Административното окружно седиште е во градот Мепен. Се граничи (од север надесно) со окрузите Лер, Клопенбург и Оснабрик, покраината Северна Рајна-Вестфалија (округот Штајнфурт), округот Грофовија Бентхајм во Долна Саксонија, и со Холандија (покраините Дренте и Гронинген).
Географија
[уреди | уреди извор]Округот е сместен на границата со Холандија. Наречен е по реката Емс, која го пресекува овој крај во правец југ-север. Релјефот се одликува со совршено рамни предели кои некогаш изобилувале со блата. Единствените возвишенија се на Химлинг, кое е ридесто шумско подрачје источно од Емс.
Својствено за регионот на Емсланд е тоа што неговите жители имаат посебен идентитет и свест, каква што не е застапена во другите окрузи на покраината.
Историја
[уреди | уреди извор]Низ историјата, подрачјето на Емсланд било многу слабо населено, пред сè поради пространите блата од двете страни на реката. Во средновековието во поречието кај Химлинг никнале мали селца. Во XIII век, Минстерските епископи завладеале со регионот; Емсланд бил во сопственост на епископот сè до распуштањето на владичките држави во 1803 година. Потоа крајот влегол во состав на Прусија и Аренберг, но по Наполеоновите војни, на Виенскиот конгрес е решено Емсланд да му припадне на Кралството Хановер. Војводството Аренберг продолжило да постои како феуд на хановерските кралеви. Хановер во 1866 година е припоен кон Прусија, а наскоро настапило и расчинување на војводите (1875).
Пруската покраина Хановер во 1885 година била поделена на окрузи, од кои четири на територијата на денешен Емсланд. Тие се споени во 1977 година со што настанал денешниот округ.
По Втората светска војна властите усвоиле развоен план за Емсланд, со намера да го индустријализираат. Ова е спроведено со исцедување на блатата и поголеми зафати како изградба на пробна пруга за магнетнолебдечки воз „Трансрапид“ и неколку големи бродоградилишта како „Мајер-Верфт“ во Папенбург. Иако крајот го изгубил својот изворен лик, некои делови како Химлинг до денес имаат природен карактер.
Во 1977 година се спроведени управни реформи со кои дотогашните окрузи Линген, Мепен и Ашендорф-Химлинг се споени, образувајќи го округот Емсланд, со седиште во Мепен. Емсланд и денес е мошне католички крај за разлика од другите делови на Долна Саксонија.
Градови и општини
[уреди | уреди извор]Градови | Слободни општини | Општински заедници | ||
---|---|---|---|---|
|
|
| ||
1 седиште на општинската заедница; 2 град |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Емсланд“ на Ризницата ? |
- Официјална страница на Емсланд (германски)
- Деловен водич на Емсланд (германски)
- Туристички портал на Емсланд (германски) (англиски) (холандски)
|
|