Прејди на содржината

Елементарна честичка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преглед на разните семества на елементарни и мешовити честички, и теориите за нивните заемодејства
Дијаграм на кој се прикажани тристепените заемодејства помеѓу елементарните честички опишани во стандардниот модел.

Елементарна честичка — најситна неделива честичка од која е составена материјата. Со тек на времето, а во зависност со постоечките сознанија, претставата за нив се менувала. Некои честички што порано се сметале за елементарни, подоцна се покажува дека имаат сложена структура. Така, уште од времето на грчките мислители, за најмала неделива честичка е сметан атомот. Ниту денес сè уште нема точна дефиниција за поимот на елементарна честичка. Со голема приближност, доста е експлоатиран поимот дека елементарна честичка не може да се опише преку систем составен од други делови или честички.

Денес елементарните честички се делат на лептони и кваркови.

Лептоните се поделени во две подгрупи. Во првата подгрупа спаѓаат електронот (e-), мионот-, нарекуван и ми-мезон) и тау-честичката-). Од сите нив, електронот е стабилен, додека останатите се нестабилни. Нестабилните честички постојат кратко време, а потоа се распаѓаат и преминуваат во други елементарни честички. На пример, мионот се распаѓа според релацијата µ- → e- + νµ + νe. Втората подгрупа од лептони е подгрупата на неутрина. Нив ги има три видови:

  • електронско (νe)
  • мионско (νµ)
  • тау-неутрино (ντ)

Поимот "неутрино" за првпат се среќава при проучувањето на β-распаѓањето. Притоа доаѓа до следната претворба: n = p + e + ve. Кога некој неутрон во некое атомско јадро се трансформира според оваа релација, тогаш станува збор за β-распаѓање (νe е симбол за неутрино, а со знак ~ над него е антинеутрино).

Според големината на електричниот полнеж, кварковите се поделени на две групи. Во првата се вброени кварковите што имаат позитивен електричен полнеж со големина од 1 / 3 од елементарниот електричен полнеж. Ознаките за кварковите: u, d, c, s, t, b потекнуваат од првите букви на англиските зборови: up (горе), down (долу), charm (шарм), strange (чудно), top (врв), bottom (дно). Самите имиња немаат некоја посебна смисла, но симболите се дадени за нивно меѓусебно разликување.

Директното набљудување на кварковите не е возможно, но индиректни докази за нивното постоење има во изобилство. Според досегашните сознанија, кварковите се составни делови на голем број набљудувани елементарни честички. На пример, протонот и неутронот се составени од по три кваркови: uud, односно udd. Нивниот сумарен полнеж одговара на полнежот на протонот, односно на неутронот. Според можноста за комбинирање на кварковите можат да се добијат и некои хипотетички структури кои сè уште не се познати во природата Врз основа на вакви претпоставки (во 1964) е откриен хиперонот омега минус-), составен од три кваркови.

Поврзано

[уреди | уреди извор]