Едвард Сноуден
Едвард Сноуден (роден на 21 јуни 1983 година)[1] е поранешен работник на ЦИА, кој работел како советник на Државната агенција за безбедност на САД.[1] Сноуден предизвика голема контраверзија кога во јавноста изнесе тајни документи кои покажале дека постојат голем број тајни проекти за надгледување како на пример „ПРИСМ“ и „Баундлес информант“ и документи кои покажуваат дека САД спровеле хакерски напади на компјутери ширум светот. Сноуден документите им ги предал на Гардијан и Вашингтон пост во јуни 2013 година. Во октомври 2013 година Сноуден објави документи кои упатуваат дека американските тајни служби го прислушкувале дури и мобилниот телефон на германската канцеларка Ангела Меркел во период поголем од 10 години, што предизвикува голем меѓународен скандал.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Едвард Џозеф Сноуден е роден во 1983 година во Елизабет Сити (Северна Каролина), а пораснал во Вилмингтон.[3] Неговиот татко, Лони Сноуден, кој живее во Пенсилванија, бил полицаец на крајбрежната стража на САД[4], а неговата мајка која живее во Балтимор (Мериленд), е службеничка при федералниот суд во Мериленд.[5] Сноуден по објавувањето на документите од ЦИА, избегал најпрво во Хонгконг, а подоцна во Москва, 23 јуни 2013 година го дочекал дипломатскиот автомобил кој веројатно припаѓал на Еквадор. Сноуден добил помош од организацијата Викиликс и нејзиниот основач Џулијан Асанж.[6] Откако одбил азил од поголем број држави,[7] 6 јули 2013 година Венецуела му понудила азил на Сноуден. Меѓутоа 1 август 2013 година добил азил од Русија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Edward Snowden did enlist for special forces, US army confirms | World news | guardian.co.uk|
- ↑ Snowden Ready to Testify About US Spying on Merkel – German Lawmaker | Russia | RIA Novosti
- ↑ Tracy, Connor (10 јуни 2013). „What we know about NSA leaker Edward Snowden“. NBC News.
- ↑ Itkowitz, Colby; Sheehan, Daniel Patrick (10 јуни 2013). „Edward Snowden's father, stepmother plan to make public statement“. The Morning Call. Allentown, PA. Архивирано од изворникот на 2013-11-01. Посетено на 2014-06-21.
- ↑ Toppo, Greg (10 јуни 2013). „Former neighbor remembers Snowden as 'nice kid'“. USA Today. Washington DC.
- ↑ Snowden arrives at Moscow airport from Hong Kong, BBC 23 јуни 2013
- ↑ Edward Snowden: Movements and asylum requests
|