Дудук
Дудук, кавалче/кафалче, кавал/кафал и сворче – свирка затворена на горниот крај, на која е пробиен процеп за дување. Истиот се вбројува како овчарски солистички инструмент. Називот кавал, односно кавалче, и за овој вид флејти укажува на фактот дека два различни типа свирки имало по конструкција, а се именуваат со ист назив.
Терминологија и потекло
[уреди | уреди извор]Дудукот спаѓа во надолжни флејти од типот блокфлејти. Во Битолско поле, Охридско поле и Преспа, дудукот се именува со зборовите кавал и кавалче, а во источна македонија истиот се именува како сворче. Во остатокот на Македонија, го задржува името дудук.
За потеклото на овој инструмент многу малку се знае. Меѓутоа, во Македонија е масовно распостранет во сите области.
Изградба
[уреди | уреди извор]Во дрво обликувано во форма на валјак, со пресек од 25-30мм (2-3см), јасеново, јаворово или некое друго, се пробива канал со три различни пресеци. Првиот канал со пресек од 20 до 23 мм, кој се пробива во горниот дел на инструментот, на кој се дува (устиње или рез), затворен со валчест дрвен затворач спресма него остар раб (јазиче), т.е. иста конструкција што ја има кај свирката од врбова фиданка, исечен од ѕидовите на првокласна улога во реализајција на тонот и тонските низи.
Во продолжение на првиот канал, настанува пробивање на вториот канал со пресек од 15 мм, и на последниот, односно трет канал со пресек од 8 мм во должина од 25мм. На спротивната страна од процепот, се пробиваат шест мелодиски отвори, во форма на елипса или круг, распоредени така што шестиот мелодиски отвор да биде продупчен во средината на инструментот, а другите пет по неа.
Расотјанието меѓу трите горни и трите долни мелодиски отвори зависи од должината на инстурментот. За малите дудуци обично се користи расојание од 15-ти дел од должината на инструментот. За долгите дудуци, растојанието меѓу горните три и долните три се зфолемува сообразно со должината на инструментот и може да биде до два пати зголемено наспрема растојаните што го имаат малите дудуци. Оддалеченоста се проверува според реализацијата на квинтата на инструментот. Се украсуваат со резба и шари, а понекогаш и со елементи од зооморфизмот и антропоморфизмот.
Се изработуваат во две големини: мали дудуци со должина од 24 до 40см, и големи дудуци со должина од 70 до 78см. Краевите на инструментот се обложени со прстени дорожна материја, или на нив се намотува тенка жица, што има за цел да се спречи свиткувањето и пукањето на инструментот.
Површината на која се дува (устиње), најчесто е рамна површина, и речиси, не се среќаваат дудудци со клун, какви што често се среќаваат кај други народи.
Штимање и звук
[уреди | уреди извор]Малите дудуци се изработуваат во штимовите ге1 (G1), а1 (A1), ха1 (H2), ц2 (C2), де2 (D2) и ес2 (S2); а големите во штимовите а (A), бе (B) и це1 (C1).
Тоновите можат да се реализираат на два начина:
- со прекин на воздужната струја со јазикот, при кое како да се служа некое тутукање, односно дудукање (од што и доаѓа називот дудук)
- само преку вдувување на воздужна струја со кое се постигнува чист и пријатен тон
Со дудукот можат да се реализираат полуфлажолетни тонови, дијатонски пасажи, скокови, поголеми интервали, трилери и предудари. Апликацијата и реализацијата на хроматските тонови е иста како и кај шупелката.
Изведба на звук
[уреди | уреди извор]Дудукот при свирењето се држи со двете раце, вертикално пред себе. Со левата рака се покриваат трите мелодиски отвори пробиени на долниот крај, а десната ги покрива трите горни мелодиски отвори. Се користат кажипрстот, средниот и тој до него на двете раце. Реализацијата на тоновите е сосема лесна, што ја условува неговата голема примена во инструменталната практика. Репертоарот им се состои во импровизирање на народни мелодии.
Литература
[уреди | уреди извор]- Линин, Александар (1986). Народните музички инструменти во Македонија. Скопје: Македонска Книга. стр. 78 до стр. 81.