Дорат (коњ)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/ca/BayMare.jpg/220px-BayMare.jpg)
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/f6/Clydesdale-busch-gardens_c.jpg/220px-Clydesdale-busch-gardens_c.jpg)
Дорат[1] или дорија[2] – коњ чија боја на крзното на телото е кафеава со црна грива, опашка, рабови на ушите и долниот дел на нозете. Доратите се најчести кај многу раси на коњи.
Без црните делови на крзното, коњот не може да се смета дека е дорат. Црните делови понекогаш може да бидат покриени со бели обележја кои сепак не ја менуваат класификацијата дека коњот е дорат. Доратите имаат темна кожа освен под белите обележја, каде кожата им е розова. Генетски, дорат се јавува кога коњот го носи агути генот и црно основно крзно. Додавањето на други гени создава други бои на крзната. Додека основните концепти за бојата на доратите се прилично едноставни, самите гени и механизмите кои предизвикуваат варијации на сенките кај семејството на доратите, се доста сложени и понекогаш се тема на расправа.
Дории во македонското народно творештво
[уреди | уреди извор]- Спремај ми, спремај либе коња дорија[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Дорат (коњ)“ на Ризницата ? |