Прејди на содржината

Долна вилица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Долна вилица
Долната вилица
Човечкиот череп со долна вилица во виолетово долу.
Податоци
ПретходникПрв жабрен лак[1]
Латинскиmandibula

Долна вилица или мандибула[2] — непарна коска споена со подвижен зглоб за черепот. На неа се разликуваат тело и две гранки. Меѓу гранките и телото од обете страни се наоѓа виличен агол. Според поделбата влегува во групата коски на лицето. Таа е најголемата и најјаката коска во скелетот на лицето и служи за припојување на долните заби. Забите се цврсти структури сместени во забни јамички или алвеоли, на долната и горната вилица од усната празнина.

Тело corpus mandibulae – наликува на потковица. Горниот раб од телото е забен продолжеток (processus alveolaris) со забни јамички (alveoli dentales) каде што се вметнати корените од долните заби. Долниот раб од телото е масивен и претставува база.

Вилични гранки

[уреди | уреди извор]

Вилични гранки (ramus mandibulae) на горниот крај завршува со два израстока: преден (короноиден израсток) служи за поврзување со слепоочниот мускул, а задниот зглобен израсток во вид на глава (caput mandibulae) за зглобување со слепоочната коска. Овој е единствениот подвижен зглоб на главата.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Долна вилица