Прејди на содржината

Доктор Но

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Д-р Но“
РежисерТеренс Јанг
ПродуцентХери Салцмен
Алберт Р. Броколи
СценаристИјан Флеминг
Главни улогиШон Конери
Џозеф Вајсмен
Урсула Андрес
Џек Лорд
Џон Кицмилер
МузикаМонти Норман
КинематографијаТед Мур
МонтажаПитер Р. Хант
СтудиоЕОН Продукција
ДистрибутерОбединети Артисти
Премиера5 октомври 1962 (1962-10-05)
Времетраење110 минути
ЗемјаОбединето Кралство[1]
САД[2]
Буџет$1.1 милиони (£392,022[3])[4]
Бруто заработка59.6 милиони долари
СледенОд Русија со љубов

Д-рНо (1962), во кој игра Шон Конери,кој е првиот филм за Џејмс Бонд. Заснован на романот од 1958 на Ијан Флеминг роман со исто име, адаптирано е од Ричард Мајбаум, Јоана Харвуд, и Беркели Матер. Филмот е режиран од Теренс Јанг, и продуциран од Хари Салцмен и Алберт Р. Броколи, партнерство кое ќе се одржи до 1975 година.

Во филмот, Џејмс Бонд е испратен на Јамајка да ја истражи смртта на неговиот пријател Британски агент. Трагата на убиството го води него во подземната база на Д-рЏулиус Но, кој прави заговор да ја наруши раното Американско лансирање во вселената со радиоактивно оружје. Д-р Но не беше првиот роман на Ијан Флеминг за Џејмс Бонд, Казино Ројал беше првото појавување на ликот за Џејмс Бонд.

Д-р Но беше продуциран со мал буџет, но беше финансиски успех. Д-р Но исто така разви успешен жанр на "таен агент" филмови кои цветаа во 1960-те. Многу од аспектите на типичниот Џејмс Бонд филм беа воспоставени во Д-р Но, започнувајќи со што е познат како цевка од огнено оружје. Филмот започнува со претставување на ликот низ погледот на gun barrel, со високо стилизиран главен наслов, и двете создадени од Морис Биндер[5]. Во неговата работа на филмот, продукциски дизајнер Кен Адам воспостави единствен и експанзивен визуален стил што е белег на серијата филмови за Бонд.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Џон Стренгвејс (Тим Моксон), Британската разузнавачка служба шеф на станицата во Јамајка, е фатен во заседа и убиен од страна на тројца атентатори (маскирани како слепи питачи) познати како "Тројцата слепи глувци" додека ја напушта неговата вообичаена игра бриџ во клубот Кингстон Квинс. Убиствената тројка потоа провалува во домот/канцеларијата на Стренгвејс, ја убива неговата секретарка, и побегнува со досие кое му припаѓа на Д-рНо. Во меѓувреме, во седиштето на Британската разузнавачка служба во Лондон, оделот за комуникации забележува дека Стренгвејс не успеал да го направи својот дневен радио извештај.

Во клубот Ле Серкл Кард во Лондон, М16 агентот Џејмс Бонд (007) (Шон Конери), се запознава за време на натпревар на бакарат со убавата девојка, Силвија Тренч (Јунис Гејсон), кога тој е повикан од службата на итна мисија. Таму, тој е информиран од неговиот шеф, "М" (Бернард Ли), со наредба да го испита исчезнувањето на Стренгвејс , и за да утврди дали таа е поврзана со неговата соработка со американската централна разузнавачка агенција (ЦИА) на еден случај на нарушување на Кејп Канаверал ракета со радио притискање.

Пред да го напушти Лондон, Бонд се среќава со Силвија. Таа го чека го во неговиот стан за да го заведе за неколку минути,кој тој ги има, пред да тргне на аеродромот.

По пристигнувањето на аеродромот во Кингстон, Бонд е следен од мистериозен човек со очила за сонце, и женски фотограф (Маргарит ЛеВар), која пробува да го слика. Тој е соберен од страна на шофер по име г-дин. Џоунс (Реџи Картер), наводно испратен од Владината куќа, за кој Бонд мисли дека е таен агент. По губењето на колата која го следи на еден изолиран пат, Бонд му наредува на шоферот да застане, го совладува него во тепачка и се обидува да го испраша, но неговиот предмет се самоубива со цијанид-вграден во цигаре наместо да зборува.

  • Шон Конери како Џејмс Бонд: M16 агент 007.
  • Урсула Андрес како Хани Рајдер
  • Џозеф Вајсмен како Д-р Џулиус Но: Главен антагонист и самотен член на СПЕКТАР, тој го користи островот Краб Ки и неговата брилијантност во полето на јадрена сила за да се одмазди на Западниот свет со лансирањето на американската ракета во блискиот Кејп Канаверал. По пресметката со Бонд тој врие до смрт во радиоактивна вода.
  • Џек Лорд како Феликс Леитер: ЦИА оперативец испратен да воспостави врска со Џејмс Бонд додека тој е во Кингстон. Ова е првото среќавање на Бонд и Леитер заедно. Леитер се враќа во многу од идните авантури на Бонд и во повторното стартување во 2006 г. во серијата филмови.
  • Зена Маршал како Мис Таро: секретарката на г-дин Плејдел-Смит во Владината куќа во Кингстон тајно работејќи за Д-рНо како шпион. Бонд ја уапсил по романтичната вечер.
  • Бернард Ли како M: Главната личност во Британската таена служба. Тој го испраќа Бонд во Кингстон да го истражи исчезнувањето на Џон Стренгвејс и неговата секретарка.
  • Џон Кицмилер како Кварел: Локален островјанин кој беше вработен од Џон Стренгвејс да тајно оди на Краб Ки за да собира примероци од камења. Кварел подоцна помага да влезе на Краб Ки. Тој е изгорен жив од страна на луѓето на Д-рНо.
  • Ентони Досон како Професор Р. Џ. Дент: Металург во Кингстон, тој е приврзаник на Д-рНо кој е испратен кај Бонд пред тој да дознае за исчезнувањето на Стренгвејс. Тој е застрелан двапати од Џејмс Бонд.
  • Јунис Гејсон како Силвија Тренч: Тренч прво го среќава Бонд напреку на маса во Лондонскиот клуб Ле Серкл. Подоцна таа станува негова девојка, појавувајќи се повторно во Од Русија со љубов; како Мод Адамс, само една од неколкуте девојки на Бонд кои се појавуваат во 007 филмовите.
  • Лоис Максвел како Мис Манипени: Секретарка на M. Ова е првото од четиринаесетте појавувања на Максвел во оваа улога .
  • Тимоти Моксон како Џон Стренгвејс: Стренгвеј е главен на станицата во Кингстон за Британската таена служба. Тој е убиен од приврзаник на Д-рНо.
  • Реџи Картер како г-дин Џоунс: Вешт мафијаш на Д-рНо кој беше испратен да го собере 007 во Аеродромот Палисадоус. Тој се отрул сам.
  • Маргерит ЛеВар како Фотограф на Д-рНо "Фриленс": Еден од оперативците на Д-рНо кој го следи Бонд. Бонд ја пушта на слобода.
  1. „Dr. No“. Lumiere. European Audiovisual Observatory. Архивирано од изворникот 29 September 2020. Посетено на 9 October 2020.
  2. „AFI|Catalog“. Архивирано од изворникот 29 August 2019. Посетено на 17 December 2019.
  3. Chapman, L. (2021). “They wanted a bigger, more ambitious film”: Film Finances and the American “Runaways” That Ran Away. Journal of British Cinema and Television, 18(2), 176–197 p 180. https://doi.org/10.3366/jbctv.2021.0565
  4. Chapman, J. (2022). The Money Behind the Screen: A History of British Film Finance, 1945–1985. Edinburgh University Press p 360
  5. "Spies". Mark Kermode's Secrets of Cinema. BBC. BBC Four. No. 3. Event occurs at 13:26.