Диого Као
Диого Као | |
---|---|
Роден(а) | околу 1452 Вила Реал |
Починал(а) | околу 1486 |
Занимање | Истражувач |
Познат(а) по | Прв Европеец што го истражувал западниот брег на Африка и реката Конго |
Диого Као (португалски: Diogo Cão, Диогу Кау и Диогу Кан) бил португалски истражувач кој направил две патовања по должината на западниот брег на Африка кон крајот на 15 век.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Диого Као е роден во Вила Реал како незаконски син на Алваро Фернандес.
Од 1481 до 1482 година учествувал како капетан на една од каравелите во ескадрилата на Диого Азанбужи за основање на португалски колонии на Златниот брег (денес Гана).
Истражувања
[уреди | уреди извор]Во летото 1482 година, кралот Жуау II го испратил Као на нова експедиција со која требало да се прошират истражувањата под екваторот. Го открил Гвинејскиот Залив како и устиоето на реката Конго, каде поставил „падран“ – столб од камен со кралскиот грб, името на кралот и на морепловецот, како и откритието што е направено, кој сè уште стои на истото место. Потоа продолжил кон брегот на денешна Ангола, каде поставил втор падран. Се вратил во Лисабон на 8 април 1484 година, каде кралот го наградил со титула витез.[1]
Диого Као тргнал на втора експедиција од 1484 до 1486 година. Се знае дека повторно ја посетил реката Конго, дека псотавил упште две камени столба. Во октомври или ноември 1485 година, во близина на водопадот Јелала оставил столб од камен на кој запишал: „Овде пристигнаа бродовите на Жуау II Португалски - Диого Као, Перо Анес, Перо де Коста“ (Aqui chegaram os navios do esclarecido rei D.João II de Portugal - Diogo Cão, Pero Anes, Pero da Costa.)
Умрел од каснување од отровна змија во устието на реката Конго.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Диого Као“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 јавна сопственост: Beazley, Charles Raymond (1911). . Во Chisholm, Hugh (уред.). Encyclopædia Britannica. 5 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 79. One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е