Дил (река)
Дил | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Лана 50°33′3″N 8°29′18″E / 50.55083° СГШ; 8.48833° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение | Лана → Рајна → Северно Море |
Дил (герм. Dill) — река што тече низ средишниот дел на покраината Хесен, Германија и има должина од 55 км. Таа е десна притока на Лана, во која се влева кај градот Вецлар.
Течение
[уреди | уреди извор]Реката тече исклучиво низ округот Лана-Дил во Хесен. Извира на надморска височина од околу 567 м,[1] северно од Хајгер-Офдилн на источните падини на планинскиот предел Хајнски Вис (Haincher Höhe), кајшто се среќаваат венците Ротаргебирге и Вестервалд. Течението има приближна насока од север кон југ и минува низ местата Хајгер, Диленбург, Херборн, Аслар, за на крај да се влее во Лана кај Вецлар.
Многу места по течението имаат имиња изведени од реката. Во горното течение, такви се Одфилн, Дилбрехт, Фелердилн, Диленбург, а подолу се среќава Дилхајм.
Притоки
[уреди | уреди извор]Гледано низводно, најголеми притоки на Дил се: Росбах, Хајгербах, Аубах, Донсбах, Дицхелце, Нанценбах, Шелде, Ар, Амбах, Ребах, Лемп и Блазбах.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Хидрокартографска служба на Министерството за животна средина, енергетика, земјоделство и заштита на потрошувачот Архивирано на 16 јануари 2013 г. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Статистики за реката – Аслар Архивирано на 2 септември 2006 г. (германски)
- Статистики за реката – Диленбург Архивирано на 26 мај 2007 г. (германски)
- Статистики за реката – Хајгер Архивирано на 20 јуни 2007 г. (германски)
|