Прејди на содржината

Деми Ловато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Деми Ловато
Податотека:Demi Lovato at the 2023 MTV Video Music Awards.jpg
Деми Ловато на MTV Video Music Awards во 2023
Животописни податоци
Родено имеДеметрија Девон Ловато
Роден(а)20 август 1992(1992-08-20)(32 г.)
Албакерки, Ново Мексико, САД
Жанрови
Занимања
  • Пејачка
  • глумица
  • текстописец
Инструменти
  • Пеење
  • гитара
  • пијано
Период на активност2002–денес[3]
Издавачи
Мреж. местоdemilovato.com

Деми Ловато (англиски: Demi Lovato) (р. 20 август 1992) ― американска пејачка и глумица. Глумечката кариера ја започнала во 2002 година во детската телевизиска серија Барни и пријателите, а стекнала популарност со улогата на Мичи Торес во филмот „Камп Рок (Camp Rock)“ и неговото продолжение Камп Рок 2 (2010).

Во 2008 година Ловато потпишала договор со Hollywood Records и го издала нејзиниот прв студиски албум, Don’t forget. Потоа објавила уште седум студиски албуми: “Here we go again” (2009), “Unbroken” (2011), “Demi” (2013), “Confident” (2015), “Tell me you love me” (2017), Dancing with the Devil... the Art of Starting Over (2021) и Holy Fvck (2022).

На телевизија, Ловато имала главна улога во ситкомот Шансата на Сани (англ. Sonny with a Chance) (2009–2011), била судија во втората и третата сезона во музичкото натпреварување „Икс Фактор САД“ и имала повтолива улога во сериите: Glee (2013–2014) и ситкомот Вил и Грејс (2020). Таа, исто така, глумела во филмовите: Програма за заштита на принцезата (англ. Princess Protection Program) (2009), анимираната комедија „Штрумфови: Скриеното село“ (2017) и музичката комедија Евровизија: Приказната за огнената сага (2020).

Ловато продала над 24 милиони музички записи во САД[4] и добила многу награди и признанија: една награда за музичко видео од MTV, 14 Награди по избор на тинејџерите, пет Награди по избор на народот, две Латиноамерикански музички награди, Гинисов рекорд и во 2017 година била вклучена на годишниот список Time 100. Нејзиниот активизам во борбите против нарушување во исхраната и против зависноста од опојни стедства добиле значително медиумско внимание, а исто така ги објавила мемоарите за самопомош „Да се остане силен: 365 дена годишно“ (англ. Staying Strong: 365 Days a Year) (2013) и ги објавила документарците: Деми Ловато: Едноставно комплицирано (2017) и Деми Ловато: Танцување со ѓаволот (англ. Demi Lovato: Dancing with the Devil) (2021).

Детство и почетоци на кариерата

[уреди | уреди извор]
Деми во 2008 година

Деметрија Девон Ловато е родена на 20 август 1992 година, во Албакерки, Ново Мексико.[5] од поранешната мажоретка на Далас Каубојс, Дијана Де Ла Гарза[6] и аранжерот и музичар Патрик Мартин Ловато.[7] Таа има постара сестра, Далас Ловато,[8] помлада полусестра, глумицата Медисон де ла Гарза[9] и постара полусестра, Амбер, со која Ловато првпат разговарала на 20-годишна возраст.[10] Нејзините родители се развеле во 1994 година, после нејзиниот втор роденден.[11] Таткото на Ловато бил хиспанец, со претежно шпански и домородни американски предци, но исто така имал далечно португалско и еврејско потекло.[12][13] Нејзината мајка имала ирско потекло.[14][15][16][17]

Ловато детството го поминала во Далас.[18][19] Почнала да свири пијано на седумгодишна возраст и гитара на десет години,[20] а истовремено почнала да зема часови по танцување и глума.[21] Глумечката кариера ја започнала во 2002 година во детската телевизиска серија Барни и пријателите. Таа се појавила во Бегство од затворот (2006) и во Едноставно Џордан (англ. Just Jordan) во 2007 година.[5] Поради нејзината актерска кариера, Ловато била задевана на училиште поради нејзините улоги и побарала домашно школување[22] преку кое добила диплома за завршено средно образование.[23]

2007–2008: Пробив со филмот Камп Рок и албумот Don't Forget

[уреди | уреди извор]

Од 2007 до 2008 година, Ловато ја глумела Шарлот Адамс во кратката серија Додека бијат камбаните (англ. As the Bell Rings).[24] Во 2007 година Ловато била на аудиција за Дизниевиот ТВ-филм Камп Рок и за серијата Сони со шанса (Sonny with a Chance) и ги добила двете улоги.[25] Во Камп Рок, Ловато го глумела главниот лик, пејачката Мичи Торес. Филмот бил премиерно прикажан на 20 јуни 2008 година пред 8.9 милиони гледачи.[26] Саундтракот за филмот бил објавен три дена претходно;[27] дебитирал на трето место на американската топ-листа за албуми, Билборд 200.[7] Ловато, за саундтракот испеала четири песни, меѓу кои: „We Rock“ и „This Is Me“.[28] „This Is Me, бил прв сингл на Ловато, успеал да се пласира на американската топ-листа за синглови, Billboard Hot 100, а подоцна се искачил на деветто место.[29] Истото лето, Ловато потпишала договор со Hollywood Records и ја започнала нејзината турнеја „Demi Live! Warm Up Tour“,[30] и била гостин на турнејата од Jonas Brothers „Burnin' Up Tour“.[31]

Првиот студиски албум на Ловато, Don't Forget, бил објавен на 23 септември 2008 година и добил претежно позитивни критики од музичките критичари.[32][33][34] Десет песни од албумот биле ко-напишани заедно со браќата Џонас.[35] „Get Back" бил издаден како водечки сингл од албумот, а „La La Land“ бил втор и последен сингл од албумот.

2009-2010: Други Дизниеви улоги и втор албум

[уреди | уреди извор]

Во февруари 2009 година,[36] Disney Channel започнал со емитување на првата сезона од серијата Шансата на Сани (англ. Sonny with a Chance). Во серијата, Ловато глуми девојка која, благодарение на видеото за апликација, добива улога во нејзината омилена серија и поради тоа се сели од Висконсин во Холивуд. Во нејзиниот нов живот таа се соочува со многу проблеми поврзани со популарноста, но и во секојдневниот живот. Вкупно 21 епизода од првата сезона достигнале во просек речиси четири милиони гледачи по емитување.

Во јуни 2009 година, на американскиот канал на Дизни премиерно бил прикажан ТВ-филмот Програма за заштита на принцезата (англ. Princess Protection Program), во кој покрај Ловато глумела и Селена Гомез. Во филмот, Ловато глуми принцеза чија татковина е загрозена од диктатор, поради што преку Програмата за заштита на принцезата ја носат во Луизијана во САД. Таму живее под псевдоним со американското семејство и мора да ги извршува секојдневните работи. Филмот бил премиерно прикажан на 8,5 милиони гледачи, а исто така бил четврти највисоко оценет оригинален филм на Дизни каналот.[37]

Вториот студиски албум на Ловато, Here We Go Again, бил издаден во САД во јули 2009 година.[38] Дебитирал на прво место на Билборд 200 со 108.000 продадени единици во првата недела.[39][40] За да го промовира албумот, Ловато се придружила на светската турнеја на Jonas Brothers за неколку концерти во Јужна Америка и Европа во мај и јуни. Од 21 јуни до 21 август имала концертна турнеја низ САД, насловена како Live in Concert.[41] Во 2010 година ја започнала нејзината прва голема концертна турнеја, Demi Lovato Live in Concert.[42][43] Во ноември, Ловато повторно се приклучила на Jonas Brothers за европските концерти од нивната светска турнеја.

Во март 2010 година, Disney Channel започнал со емитување на втората сезона од Шансата на Сани, која се состоела од 26 епизоди. Во мај, Ловато гостувала во шестата сезона од медицинската драма Вовед во анатомија.[44] Таму Ловато глумела хоспитализирана девојка која боледува од шизофренија. Иако рејтингот на епизодата бил под просекот на сезоната, Ловато добила добри критики за нејзината изведбата и ја добила наградата „Омилена ТВ-ѕвезда-гостин“ од People's Choice..

Во септември 2010 година, на каналот Дизни бил прикажан филмот Камп Рок 2, а Ловато повторно ја глумела Мичи Торес. Премиерата ја виделе околу осум милиони луѓе. Саундтракот за продолжението бил објавен во август и, како и албумот за првиот филм, дебитирал на третото место во САД.[45] За да ја промовира музиката од филмот, актерската екипа од филмот се приклучила на светската турнеја „Jonas Brothers Live in Concert“,[46] која траела од август до ноември 2010 година. Ловато ја напуштила турнејата на крајот на октомври за да побара третман за „физички и емоционални проблеми“.[47] Од есента 2010 година, таа повеќе не била под договор со Jonas Records, туку со Hollywood Records .

На крајот од 2010 година, Ловато се преселила во Шерман Оукс.[48]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Don't Forget (2008)
  • Here We Go Again (2009)
  • Unbroken (2011)
  • Demi (2013)
  • Confident (2015)
  • Tell Me You Love Me (2017)
  • Dancing with the Devil (2021)
  • Holy Fvck (2022)

Видеографија

[уреди | уреди извор]
Спот Година Режисер
Get back 2008 Филип Анделмен
La La Land 2008 Брендан Малој,Тим Вилер
Lo Que Soy 2009 Едгар Ромеро
Don't Forget 2009 Роберто Халис
Here We Go Again 2009 Брендан Малој,Тим Вилер
Gift of a Friend 2009
Remember December 2009 Тим Вилер
Make a Wave 2009
Skyscraper 2011 Марк Пелингтон
Give Your Heart a Break 2012 Џастин Френсис
Heart Attack 2013 Крис Ејплбум
Made in the USA 2013 Деми Ловато,Рајан Палота
"Let It Go 2013 Деклан Вајтблум
Neon Lights 2013 Рајан Палота
Really Don't Care 2014 Рајан Палота
Nightingale 2014 Black Coffee
Cool for the Summer 2015 Хана Лукс Дејвис
Confident 2015 Роберт Родригес
Waitin for You 2015 Black Coffee
Stone Cold 2016 Патрик Еклезајн
Sorry Not Sorry 2017 Хана Лукс Дејвис
Instruction 2017 Ози Пулин
Échame la Culpa 2017 Карлос Р. Перес
Tell Me You Love Me 2017 Марк Пелингтон
I Believe 2018 Хана Лукс Дејвис
Fall In Line 2018 Лук Гилфорд
Solo 2018 Грејс Чато,Џек Патерсон
I Love Me 2020 Хана Лукс Дејвис
I’m Ready 2020 Џора Францис
OK Not To Be OK 2020 Хана Лукс Дејвис
OK Not To Be OK (Duke & Jones Remix) 2020 Дејвид Ланч
Commander in Chief 2020 Director X.
What Other People Say 2021 Dano Cerny
Dancing with the Devil 2021 Деми Ловато,Michael D. Ratner
Melon Cake 2021 Хана Лукс Дејвис
Breakdown 2021 Daniel CZ
Skin of My Teeth 2022 Ник Харвуд
Substance 2022
Still Alive 2023
Swine 2023
Sorry Not Sorry (Rock Version) 2023

Нејзини напознати песни се: „Ла Ла земјата“, „Едни и исти“ (дует со Селена), „Верувај во мене“, „Запомни го декември“, „Јас себеси и времето“, „Поправи срце“, „Прати го“ (со повеќе Дизниеви ѕвезди), „Еве одиме повторно“ итн.

Други активности

[уреди | уреди извор]

Деми Ловато е позната и како судијка на реалното шоуХ-фактор“. Исто така, таа се занимавала и со хуманитарна работа која, според нејзината изјава за магазинот „Алур“ ја исполнувала повеќе отколку музичките настапи.[49]

  1. „Demi Lovato reviews, music, news“. sputnikmusic. May 14, 2013. Архивирано од изворникот March 5, 2024. Посетено на June 29, 2019.
  2. „Demi Lovato Anaheim Tickets“. Excite.com. Архивирано од изворникот на January 5, 2021. Посетено на June 29, 2019.
  3. Bitette, Nicole (October 4, 2016). „Demi Lovato is taking a break from music and the spotlight“. New York Daily News. Архивирано од изворникот April 10, 2019. Посетено на December 8, 2016.
  4. Празен навод (help)
  5. 5,0 5,1 „Demi Lovato“. Biography. June 14, 2021. Архивирано од изворникот на April 15, 2019. Посетено на March 4, 2022.
  6. „Sue Emmons and Donald Smith“. Family Tree Maker. Архивирано од изворникот на October 15, 2014. Посетено на February 17, 2014.
  7. 7,0 7,1 Празен навод (help)
  8. „Happy 24th Birthday Dallas Lovato February 4, 2012“. Disney Dreaming. Архивирано од изворникот на February 8, 2012. Посетено на February 4, 2012.
  9. Yao, Laura (June 21, 2008). „Disney Demi-Goddess“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на June 29, 2011. Посетено на March 11, 2013.
  10. „Demi Lovato Reveals Secret Half-Sister“. People. March 6, 2013. Архивирано од изворникот April 4, 2017. Посетено на April 3, 2017.
  11. Jensen Shaffer, Jody (2013). Demi Lovato: Taking Another Chance. Minneapolis, Minnesota: Lerner Publications. стр. 7. ISBN 978-1467715515.
  12. KISS FM UK (September 22, 2015). „Demi Lovato finds out she's Jewish!?“. Архивирано од изворникот на 2022-11-29. Посетено на March 10, 2017.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  13. „The Young Hispanic Hollywood Class of 2013“. The Hollywood Reporter. November 22, 2013. Архивирано од изворникот на March 14, 2014. Посетено на March 4, 2022. In honor of her Mexican-American father,
  14. „Lost Ancestry: Demi Lovato's Ancient Spanish Heritage“. Family History Insider. Посетено на 26 август 2015.
  15. Aldama, Frederick Luis (2013). Latinos and Narrative Media: Participation and Portrayal. Palgrave Macmillan. Claiming a multi-ethnic background of Mexican, Italian, Irish, and English descent,
  16. Murphy, Nicola (March 15, 2014). „How Irish ancestry links Demi Lovato, Megan Fox and Olivia Wilde“. Irish Central. Архивирано од изворникот April 15, 2019. Посетено на August 26, 2015.
  17. Lovato, Demi [@ddlovato]. „actually - I found out that I am Irish, Hispanic, Native American, Portuguese and Jewish!!!“ (Tweet). Посетено на March 4, 2022 – преку Twitter. Missing or empty |date= (help)
  18. Biography Today. Detroit, Michigan: Omnigraphics. 2009. стр. 103. ISBN 978-0-7808-1052-5.
  19. Caramanica, Jon (July 15, 2009). „Tween Princess, Tweaked“. The New York Times. Архивирано од изворникот на July 21, 2009. Посетено на November 4, 2009.
  20. "Biography Today", p.105.
  21. „Demi Lovato and B.o.B.“. MTV. December 18, 2012. Архивирано од изворникот на November 15, 2014. Посетено на March 7, 2013.
  22. Culbertson, Caroline (November 2, 2010). „Demi Lovato in rehab: Dad blames Hollywood, acting for her issues“. New York Daily News. Архивирано од изворникот на April 15, 2019. Посетено на March 4, 2022.
  23. „Demi Lovato Graduates High School“. Disney Dreaming. April 23, 2009. Архивирано од изворникот на April 7, 2010. Посетено на July 27, 2011.
  24. „About Demi Lovato“. demilovatotour.com. Архивирано од изворникот на November 4, 2013. Посетено на September 13, 2013.
  25. Moser, John J. (June 22, 2009). „Disney singing sensation Demi Lovato ready for new album, first tour as headliner“. The Victoria Advocate. Victoria Advocate Publishing Co. Архивирано од изворникот на August 18, 2013. Посетено на March 11, 2013.
  26. „High ratings for 'Camp Rock,' the Disney Channel's Jonas Brothers movie“. Los Angeles Times. June 21, 2008. Архивирано од изворникот на May 21, 2022. Посетено на March 11, 2013.
  27. Hinkley, David (June 18, 2008). 'Camp Rock' is a rock-steady Disney hit“. New York Daily News. Архивирано од изворникот на December 1, 2022. Посетено на June 1, 2013.
  28. „Camp Rock: Original Television Soundtrack: Music“. Amazon. Архивирано од изворникот на January 10, 2016. Посетено на March 11, 2013.
  29. Празен навод (help)
  30. „Demi Live! Warm Up Tour Video“. OVGuide. Архивирано од изворникот на October 22, 2013. Посетено на March 11, 2013.
  31. „Jonas Brothers: The Burning Up Tour with special guest Demi Lovato“. Zvents. Архивирано од изворникот на November 3, 2013. Посетено на March 11, 2013.
  32. „Demi Lovato – Don't Forget“. AbsolutePunk.net. Архивирано од изворникот на July 16, 2012. Посетено на August 26, 2015.
  33. Levine, Nick (April 20, 2009). „Demi Lovato: 'Don't Forget'. Digital Spy. Архивирано од изворникот на August 3, 2021. Посетено на March 4, 2022.
  34. Erlewine, Stephen Thomas. „Here We Go Again – Demi Lovato“. AllMusic. San Carlos, California: Rovi Corporation. Архивирано од изворникот на March 5, 2024. Посетено на October 9, 2011.
  35. Donahue, Amy (June 25, 2008). „Jonas Brothers thrilling tweens“. Reuters. London, England: Thomson Reuters. Архивирано од изворникот на December 21, 2015. Посетено на July 7, 2011.
  36. „Sonny With a Chance, Season 1“. iTunes Store (US). Apple Inc. February 7, 2009. Архивирано од изворникот на July 12, 2018. Посетено на March 11, 2013.
  37. Lauer-Williams, Kathy (July 1, 2009). „Jon & Kate divorce episode/ BET Jackson tribute draw record audiences“. The Morning Call. Allentown, Pennsylvania: Tribune Company. Архивирано од изворникот на August 3, 2021. Посетено на March 4, 2022.
  38. „Demi Lovato“. Biography. June 14, 2021. Архивирано од изворникот April 15, 2019. Посетено на March 4, 2022.
  39. Caulfield, Keith (July 29, 2009). „Demi Lovato Debuts At No. 1 On Billboard 200, But Michael Jackson Still Reigns“. Billboard. Архивирано од изворникот March 4, 2022. Посетено на March 4, 2022.
  40. „Gold & Platinum: Demi Lovato“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот May 29, 2016. Посетено на January 19, 2023.
  41. „Demi Lovato Announces "Summer Tour 2009" North American Headline Tour“. AEG Live. Архивирано од изворникот на April 16, 2014. Посетено на January 1, 2009.
  42. „Demi Lovato Announces South American Tour 2010“. Disney Dreaming. Burbank, California: Walt Disney Company. March 21, 2010. Архивирано од изворникот на October 6, 2013. Посетено на October 5, 2013.
  43. „Demi's coming to South America!!“. Myspace. Beverly Hills, California: Specific Media LLC. March 30, 2010. Архивирано од изворникот на March 27, 2012. Посетено на March 13, 2013.
  44. „Demi Lovato stars in Grey's Anatomy“. MetroLyrics. May 14, 2010. Архивирано од изворникот на May 22, 2010. Посетено на March 14, 2013.
  45. „Camp Rock 2 Soundtrack 41,863 Sold“. OceanUp. Los Angeles, California: As If Productions. Архивирано од изворникот на September 15, 2018. Посетено на April 9, 2013.
  46. „Jonas Brothers 2010 World Tour Camp Rock 2 Tour 20 of the show have been cancelled or moved“. Disney Dreaming. Burbank, California: The Walt Disney Company. April 27, 2010. Архивирано од изворникот на August 16, 2013. Посетено на March 13, 2013.
  47. „Demi Lovato Enters Treatment Center for "Issues". E! Online. 2010-11-02. Посетено на 2024-05-27.
  48. Lipworth, Elaine (2012-02-22). „Actress-singer Demi Lovato: 'I'll have to fight the addiction for the rest of my life'. Mail Online. Посетено на 2024-05-27.
  49. „Хуманитарната работа ме исполнува повеќе од пеењето“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 25.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]