Делич
Делич | |
Барокна палата во Делич | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Северна Саксонија |
Градски единици | 15 |
Градоначалник | Манфред Вилде (независен) |
Основни податоци | |
Површина | 83,57 км2 |
Надм. височина | 94 м |
Население | 25.244 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 302 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | TDO |
Пошт. бр. | 04509 |
Повик. бр. | 034202 |
Портал | www.delitzsch.de |
Местоположба на градот Делич во рамките на округот Северна Саксонија | |
Координати | 51°31′35″N 12°20′33″E / 51.52639° СГШ; 12.34250° ИГД |
Делич (германски: Delitzsch, словенски: delč или delčz за рид) — град во сојузната покраина Саксонија. Со повеќе од 26.300 жители, тој е најголем град во округот Северна Саксонија. Делич припаѓа на регионот Лајпциг-Хале и е дел од Саксонскиот Триаголник.
Археолошките наоди на подрачјето на денешниот град се забележани од времето на неолитот. Во документите Делич бил забележан во 1166 година по првпат, додека во XVII и XVIII век станал електорско седиште. Од богатството на градот на крајот на средниот век се изградил добро зачуваниот стар дел на градот, со многу плоштади, кули, трговски и граѓански вили, барокниот замок и утврдувањата на градот.
Со добрите патни и железнички сообраќајни врски, тој претставува една од најважните сообраќајни раскрсници во Нордзаксен. Поради близината на природните паркови и езерските области на север и југ од градот, Делич е една од најпопуларните одредишта за спорт и рекреација.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Градот Делич се наоѓа во северозападниот дел на округот, на север во Саксонија, на височина од 94 метри. Поради близината со границата на Саксонија-Анхалт, Делич е најсеверниот град во Саксонија.
Ширење на урбаната област
[уреди | уреди извор]Вкупната големина на урбаната област на Делич е 83,57 км². Околу него се наоѓаат општините Лебниц, Шенвелкау, Раквиц и Нојкина, погледнати од север во правец на стрелките на часовникот.
Делови
[уреди | уреди извор]Градски дел | Население (2009) | Површина во км2 |
---|---|---|
Делич (центарот со Вербен и Гертиц) | 23.539 | 16,89 |
Шенкенберг (со Кертиц и Шторквиц) | 690 | 2,21 |
Зелбен и Чепен | 198 | 1,38 |
Шпреда (со Лауе и Посдорф) | 252 | 0,86 |
Бродау | 154 | 0,48 |
Берендорф | 182 | 1,11 |
Деберниц | 1.271 | 1,25 |
Бендорф и Редген | 255 | 1,83 |
Вкупно | 26.532 | 26,01 |
Историја
[уреди | уреди извор]Делич бил основан како град околу 1200 година (според хрониките) и станал признат како град во 1300. Пред и по неговото основање, градот се борел против многу окупатори: најпрвин словенските племиња, кои живееле тука пред да биде основан градот и потоа во Триесетгодишната војна (1618-1648), со Швеѓаните. Легендата вели дека пристигнувањето на Швеѓаните, кога стигнале до реката Лобер, било најавено од ќерката на чуварот на кулата, која ги видела и го најавила нивното доаѓање до труба, дозволувајќи им на граѓаните на градот да се заштитат и подготват, и како последица на тоа окупаторите биле поразени. Секога година се одржува историски саем (во средновековен стил) за прослава на оваа победа на Швеѓаните и во текот на саемот, сите продавници работат и во недела.
Во Втората светска војна (1939 - 1945), само една зграда била запалена, железничката станица. Во споредба со другите германски градови, имал само минимална штета.
Според пописот од 1996, Делич имал повеќе од 27.000 жители. Меѓутоа, многу млади луѓе го напуштаат регионот поради високата стапка на невработеност во „новите сојузни покраини“ (Neue Bundesländer). Наместо тоа заминуваат во западните делови на Германија во потрага по подобро вработување и можности за образование.
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Барокниот замок Делич со Лустгартен, поранешна резиденција на војводите на Саксо-Мерзебург
- Градините Кенел (од 2010 повторно отворени)
- Розегартен
- Градската црква „Свети Петар и Павле“ - црква од тули од 15 век со значаен олтар
- Меморијал Шулце-Дели во чест на Херман-Шулце
- Градскиот парк
- Зоолошката градина
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Кристијан Готфрид Еренберг (1795-1876), бионаучник, кој ја открил корисноста на бактериите во медицината
- Херман Шулце-Делич (1808-1883), основач на германскиот кооперативен систем и политичар
- Бернхард Ферстер (1843-1889), професор, културен критичар и сопруг на Елизабет Ниче
- Хелмут Шрајер (1912-1984), германски специјалист за телекомуникации, пронаоѓач и професор на Техничката школа на бразилската армија во Рио де Жанеиро
- Јоаким Фриче (роден 1951), фудбалер во источногерманската лига и играл за Источна Германија од 1973 и 1977
- Зигфрид Менерт (роден 1963), боксер
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Делич“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Страница на GSVE Delitzsch (германски)
|
|