Грчка салата
Грчка салата (грч. χωριάτικη σαλάτα „селска салата“ или грч. θερινή σαλάτα „летна салата“) е салата од грчката кујна.
Грчката салата е направена од парчиња патлиџан, краставица, исецкан лук, фета сирење, и маслинки (најчесто каламата маслинки), обично зачинети со сол и оригано, и прелиена со маслиново масло. Може да се користат и парчиња зелени пиперки.
Терминот „грчка салата" исто така се користи во Северна Америка, Австралија, Јужна Африка и Велика Британија, а се однесува на зелена салата со грчки состојки, прелиена со масло и оцет. Во овие земји, вистинската грчка салата е наречена со грчкиот термин horiatiki или изразот како „селска салата", за да се избегне забуна. Зелена салата, домат, фета, и маслинки со стандардни елементи е американски стил на грчка салата, но може да се користат и краставци, лути пиперки, пиперки, лук, и сардини.
Во минатиот век разни видови на салати се нарекувале грчка салата, дури и оние кои немале врска со грчката кујна. Во 1925 година австралискиот новинар ја опишал грчката салата како варена тиква со прелив од кисело млеко,[1] а во 1934 година еден американски новинар салатата направена од сецкана зелка и морков со прелив од мајонез ја нарекол грчка салата.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Age – Google News Archive Search“. google.com. 13 јануари 1925. стр. 7.
- ↑ The Daily Times (Rochester and Beaver, Pennsylvania), March 13, 1934