Голема сина дупка
Голема сина дупка | |
---|---|
Great Blue Hole | |
Место | Лајтхаус Риф, Белиз |
Координати | 17°18′55″N 87°32′4″W / 17.31528° СГШ; 87.53444° ЗГД |
Длабочина | 124 м (407 ст) |
Големата сина дупка (англиски: Great Blue Hole) е огромна подводна дупка блиску брегот на Белиз во Средна Америка. Дупката се наоѓа во средишниот дел на Лајтхаус Риф, мал атол кој се наоѓа на 70 км од градот Белиз. Дупката е округла, пречник од 318 метри и длабочина од 124 метри.[1] Дупката се наопавила во периодот на ледената доба кога нивото на морето било пониско (последно ледено доба). Анализата на сталактитите кои биле пронајдени во дупката покажуваат дека истата била создадена пред 153,000; 66,000; 60,000; и 15,000 години. Како што нивото на океанот се зголемувало, пештерата постепено се потопувала.[2] Големата сина дупка е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО.[3]
Истражување
[уреди | уреди извор]Ова место било промовирано во светските рамки од Жак Кусто, кој го прогласил за едно петте најдобри места за нуркање. Во 1971 година со неговиот брод „Калипсо“ започнал да ја мапира дупката и нејзината длабочина.[4] Истражувањата од оваа експедиција наведуваат дека дупката е типично карстно-варовничка формација, која била создадена пред издигнувањето на нивото на морето. Ова било потврдено со испитувањата на сталактитите кои се под вода.[1] Некои сталактити биле закосени вертикално за 5 степени, што индицира дека имало во минатото некои геолошки поместувања на платото.[4]
Првичната измерена длабочина на дупката била 125 метри, што е најчесто цитирана длабочина за дупката. Во 1997 година имало истражување извршено од Камбриската Фондација и тие навеле длабочина од 124 метри.[1] Разликата во длабочината може да се објасни со седиментацијата на дното или неточни мерења. Целта на истражувањето било да се соберат примероци од дното на дупката и да се документира пештерниот систем.[5]
Во декември 2018 година две мали подморници влегле во дупката сè со цел да ја мапираат внатрешноста на дупката. Со користење на сонарно скенирање, тимот успеал да направи 3Д мапа на дупката.[6]
Туризам
[уреди | уреди извор]Дупката е популарно туристичко одредиште за нуркање. Дупката има кристално чиста вода, богат животински свет и убави услови за нуркање. Најчесто туристите се носат на еднодневно патување до дупката. Во 2012 година Discovery Channel ја рангирал Големата сина дупка на прво место на списокот на „Најдобри 10 неверојатни места на Земјата“.[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 The Great Blue Hole of Lighthouse Reef Atoll, Belize, Central America: Deep Technical Diving to Collect Sea-Level Records. Transactions of the Fifteenth Caribbean Geological Conference. 2002. ISBN 9789766401009.
- ↑ „Belize Blue Hole reef“. NASA.
- ↑ „World Heritage Nomination – IUCN Summary Belize Barrier Reef Reserve System (Belize)“ (PDF). IUCN/WCMC.
- ↑ 4,0 4,1 Jacques-Yves Cousteau (1973). Galapagos – Titicaca – The Blue Holes (Hole). London: Cassell.
- ↑ Tysall, Terrance N (1999). „The Belize Blue Hole Exploration Project“. Во Hamilton, RW; Pence, DF; Kesling, DE (уред.). Assessment and Feasibility of Technical Diving Operations for Scientific Exploration. American Academy of Underwater Sciences. Архивирано од изворникот на 2013-04-16. Посетено на 2011-01-08.
- ↑ Street, Francesca. „Dispatches from the bottom of Belize's Blue Hole“. www.nbc-2.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-02-18. Посетено на 2019-02-18.
- ↑ Robert Lamb; Amanda Arnold (2012). „The 10 Most Amazing Places on Earth“. Discovery Channel. Архивирано од изворникот 2012-11-09. Посетено на 2013-09-12.