Голанска Висорамнина
Голанска Висорамнина هضبة الجولان רמת הגולן | |
---|---|
Езерото Рам во близина на Хермонската Планија (во позадина), во североистичниот дел на висорамнината | |
Местоположба на Голанската Висорамнина во рамките на Израел. Висорамнината е во зелена боја во северниот дел. | |
Статус | Контролирана територија на Израел, а меѓународно се води под сириска управа |
Површина | |
• Вкупна | 1.800 км2 (700 ми2) |
• Израелска контрола | 1.200 км2 (500 ми2) |
• мешана контрола: Сирија, сириска опозиција, Тахрир ал-Шам и армијата Халид ибн ал-Валид (вклучувајќи и 235 квадратни километри контролна зона на ООН) | 600 км2 (200 ми2) |
Најг. вис. | 2.814 м |
Најм. вис. | −212 м |
Голанска Висорамнина (арапски: هضبة الجولان Haḍbatu 'l-Jawlān или مرتفعات الجولان Murtafaʻātu l-Jawlān, хебрејски: רמת הגולן, Ramat HaGolan ⓘ) или едноставно Голан — регион на Блискиот Исток кој зазема околу 1800 км2. Регионот е денес под контрола на Израел, како директна последица од Шестдневната војна, а претходно бил под сириска контрола. ООН го смета регионот за „окупиран“ од страна на Израел, и „интегрален дел на Сирија“.
Геолошки, географски и биогеографски регионот ја опфаќа територијата од базалтската висорамнина помеѓу реката Јармук на југ, Галилејското Езеро и долината Хула на запад, Хермонската Планина на север Вади Ракад на исток.
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]Арапските имиња за висорамнината се Џавлан[1] и Џолан (арапски: جولان).[2] Во Библијата Голан е споменат како град за прибежиште кој се наоѓа во Башан.[3] Авторите од 19 век го толкувале значењето на зборот како „нешто опколено“.[4][5] Во Мишнах името на регионот е Габлан, а во арамејскиот јазик Гавлана, Гувлана или Гублана.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Голан се граничи со северниот округ на Израел, Либан, Јордан и Сирија. Според Израел под негова контрола се 1150 км2,[6] а сириските извори наведуваат дека Голам има вкупна површина од 1860 км2, од кои 1500 се под израелска контрола.[7] Според ЦИА, Израел контролира 1300 км2.[8]
Регионот е планински и е на висока надморска височина, кој има преглед на јорднската долина, каде се наоѓа Галилејското Езеро и реката Јордан. На север се наоѓа високата планина Хермон.[9] Просечната надморска височина на Голан е 1000 метри, односно на север е некаде највисока точка со 2814 метри, а кај Галилејското Езеро е под нивото на морето.[8]
Регионот е значаен извор на свежа вода, особено во повисоките места. Голанската Висорамнина снабдува 15% од потребната вода на Израел.[10]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Moshe Sharon (2004). Corpus inscriptionum Arabicarum Palaestinae, (CIAP) (Hardcover. изд.). Brill Academic Publishers. стр. 211. ISBN 90-04-13197-3.
- ↑ John Lewis Burchhardt (1822). Travels in Syria and the Holy Land. Association for the promoting the discovery of the interior parts of Africa. стр. 286.
- ↑ E. A. Myers (2010). The Ituraeans and the Roman Near East: Reassessing the Sources (Hardcover. изд.). Cambridge University Press. стр. 43. ISBN 0-521-51887-3.
- ↑ "Ancient faiths embodied in ancient names: or, An attempt to trace the religious belief ... of certain nations", by Thomas Inman, 1872 History, page 551
- ↑ „A Dictionary of the Bible: Volume II: (Part I: Feign -- Hyssop)“. google.com.
- ↑ CBS, Statistical Abstract of Israel 2011 AREA OF DISTRICTS, SUB-DISTRICTS, NATURAL REGIONS AND LAKES (table 1.1)
- ↑ The Syrian Golan Архивирано на 8 октомври 2010 г. – Permanent Mission of the Syrian Arab Republic to the United Nations
- ↑ 8,0 8,1 „The World Factbook“. cia.gov. Архивирано од изворникот на 2017-12-29. Посетено на 2018-02-14.
- ↑ Henry T. Conserva. Earth Tales: New Perspectives on Geography and History. Предлошка:Google book
- ↑ Haim Gvirtzman, Israel Water Resources, Chapters in Hydrology and Environmental Sciences, Yad Ben-Zvi Press, Jerusalem (хебрејски) Water.gov.il Архивирано на 11 јануари 2009 г. indicates that the Golan Heights contributes no more than 195 million м3 per year to the Sea of Galilee, as well as another 120 million м3 per year from the Banias River tributary. Israel's annual water consumption is about 2,000 million м3.
Литература
[уреди | уреди извор]- Biger, Gideon (2005). The Boundaries of Modern Palestine, 1840–1947. London: Routledge. ISBN 0-7146-5654-2.
- Bregman, Ahron (2002). Israel's Wars: A History Since 1947. London: Routledge. ISBN 978-0-415-28716-6.
- Louis, Wm. Roger (1969). "The United Kingdom and the Beginning of the Mandates System, 1919–1922". International Organization, 23(1), pp. 73–96.
- Maar'i, Tayseer; Usama Halabi (1992). „Life under occupation in the Golan Heights“. Journal of Palestine Studies. 22: 78–93. doi:10.1525/jps.1992.22.1.00p0166n.
- Maoz, Asher (1994). „Application of Israeli law to the Golan Heights is annexation“. Brooklyn Journal of International Law. 20, afl. 2: 355–96.
- Morris, Benny (2001). Righteous Victims. New York, Vintage Books. ISBN 978-0-679-74475-7.
- Sheleff, Leon (1994). „Application of Israeli law to the Golan Heights is not annexation“. Brooklyn Journal of International Law. 20, afl. 2: 333–53.
- Zisser, Eyal (2002). „June 1967: Israel's capture of the Golan Heights“. Israel Studies. 7, 1: 168–194.
- Richard, Suzanne (2003). Near Eastern Archaeology: A Reader. Eisenbrauns. ISBN 978-1-57506-083-5Предлошка:Inconsistent citations
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Голанска Висорамнина“ на Ризницата ? |
- Сирискиот Голан – постјана мисија на СИрија во ООН
- Гаилонитис, Еврејска Енциклопедија
- Голан, Меѓународна стандардна Библиска енциклопедија
- Кацрин Архивирано на 14 февруари 2006 г.
- Што е спорно со Голанската Висорамнина? Архивирано на 24 август 2013 г.