Прејди на содржината

Гном

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тролови и дете гном

Гном — митско суштество што се одликува со мал раст и подземен начин на живот. Според алхемичарот Парацелзус, гномовите се најважните духови на стихијата земја, поради што тие се движат низ земјата со леснотијата со која луѓето одат по неа, имаат конусни капи и сончевите зраци ги претвораат во камен. Во другите митологии тие се едноставно мали, грди и палави духови или гоблини. Некои тврдат дека имаат волшебна моќ што може да го направи човекот среќен или тажен.[1]

Се верува дека зборот гном доаѓа од новолатинскиот збор gnomus и грчкиот збор gnosis, што значи „знаење“. Според митот, гномовите чуваат тајно знаење и богатство. На пример злато, сребро и скапоцени камења. Куќниот гном живее во пукнатини и процепи или под шпорет. Гномот моли за храна, па дури и краде кога е многу гладен.

Зборот „гном“ понекогаш е и истозначник за „џуџе“.

Историја

[уреди | уреди извор]

Постои одредена забуна поради фактот што гномот е едно од многуте слични, но различни суштества од европскиот фолклор. Митските суштества како гоблините и џуџињата често се претставени како гномови и обратно. Гномовите се појавуваат во легендите на многу земји од Средна, Северна и Источна Европа под други имиња: каукис е пруски гном, а барбегазите се гномоподобни суштества со големи стапала во фолклорот на Франција и Швајцарија. На исток, понекогаш крилестите гномови се нарекуваат тенгу.[2]

Денес, гномовите традиционално се сметаат за мали суштества — со брада и со шилести, шарени, конусни капи. Живеат во природни простори блиску до земјата и се грижат за дивиот свет. Тие се подобронамерни од другите народни суштества како што се гоблините. Гномовите исто така се здобиле со популарност од нивниот изглед во многу онлајн игри.

  1. „Gnome“. Encyclopædia Britannica Online. Архивирано од изворникот 17 април 2008. Посетено на 12 март 2008.
  2. Hall, Manly P. (1997, 1964). Paracelsus: His Mystical and Medical Philosophy. Philosophical Research Society. pp. 53, 69–72, 74, 77–78. ISBN 0-89314-808-3.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]