Прејди на содржината

Гепиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралство на Гепидите
454–567
Кралството на Гепидите по падот на Западната Римска империја во 476 год.
Кралството на Гепидите по падот на Западната Римска империја во 476 год.
Говорени јазициИсточногермански јазици (можеби и готски) помеѓу елитите.
Вероисповед
Германски паганизам, аријанство (помеѓу елитите)
УредувањеМонархија
Крал 
• ок. 454
Ардарик
• ок. 560-567
Кунимунд
Историја 
• Ардарик основал независно Гепидско кралство по поразот на Хуните по битката кај Надео
454
• Кралството било уништено од Ломбардите и Аварите
567
Претходници
Наследници
Хунска империја
Остроготско Кралство
Авари
Кралство на Ломбардите
Денес дел одРоманија, Унгарија, Србија

Гепидите (латински: Gepidae, Gipedae, старогрчки: Γήπαιδες) биле источногерманско племе кое живеело на територијата на денешна Романија, Унгарија и Србија, помеѓу реките Тиса, Сава и Карпатите. Се вели дека ја делеле религијата и јазикот на Готите и Вандалите.

За прв пат ги споменуваат римските извори во третиот век. Во четвртиот век, тие биле меѓу народите инкорпорирани во Хунската империја, во која сочинувале важен дел. По смртта на Атила, Гепидите под водство на нивниот водич Ардарик, предводеле сојуз на племиња кое биле дел од империјата, и ги победиле синовите на Атила и нивните сојузници на реката Недао во 454 година. Последователно, Гепидите и сојузниците формирале кралства во средното Подунавје, на границата на Римската империја. Гепидското кралство било едно од најважните и најдолготрајните од нив, со седиште во Сирмиум (Срем), а понекогаш се нарекува и Гепидија.[1] Покривало голем дел од поранешната римска провинција Дакија, северно од Дунав, и во споредба со другите среднодунавски кралства останало релативно неповрзано со Рим.

Гепидите биле поразени од Ломбардите и Аварите еден век подоцна во 567 година, кога Константинопол не им дал никаква поддршка. Некои од Гепидите им се придружиле на Ломбардите во нивните походи во Италија, некои преминале на Римска територија, додека некои останале на територијата на поранешното кралство откако било освоено од страна на Аварите.

Некои археолошки наоѓалишта можат со сигурност да им се пришишат на Гепидите. По нивното населување во Панонската Низина, тие главно биле сконцентрирани околу реките Сомеш и Кереш, но не се мешале со другите народи.[2]

  1. Jordanes, Getica, XII.74: Haec Gotia, quam Daciam appellavere maiores, quae nunc ut diximus Gepidia dicitur. Rough translation: "This Gothia, which our ancestors called Dacia, we now call Gepidia."
  2. „A gepidák rövid története“ [Short history of the Gepids]. Gepida (унгарски). 2024.