Гвинејски Залив
- Ова е статија за залив во Западна Африка. За останати значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Гвинејскиот Залив е дел од Атлантскиот Океан сместен југозападно од Африка. Заливот се смета за географски центар на Земјата, бидејќи се наоѓа на нула степени географска ширина и должина (место каде што се среќаваат екваторот и нултиот меридијан).
Заливот го носи името од поранешните имиња за бреговите во Африка. Јужниот брег на Западна Африка, северно од Гвинејскиот Залив, беше историски нарекуван "Горна Гвинеја". Западниот брег на Јужна Африка, на исток, беше историски познат како "Долна Гвинеја". Името "Гвинеја" е сè уште приврзано за имињата на трите земји во Африка: Гвинеја, Гвинеја-Бисао и Екваторска Гвинеја, како и за Нова Гвинеја во Меланезија.
Меѓу многуте реки кои се влеваат во Гвинејскиот Залив се реката Нигер, Волта и Конго. Брегот на заливот вклучува Бенинскиот и Бонискиот Залив (Бијафра).