Галактичко јато
Галактичко јато (или јато галаксии) — склоп сочинет од стотици до илјадници галаксии кои се меѓусебно сврзани под силата на гравитацијата[1] Претставуваат најголемите гравитациски врзани структури во вселената и сè до 1980-тите се сметале за најголемите структури воопшто, пред откривањето на суперјатата.[3] Гледани како целина, обично имаат 1014–1015 Сончеви маси. Една од нивните клучни одлики е внатрејатната средина, која се состои од загреан гас помеѓу галаксиите и температура од 2 до 15 keV, зависно од збирната маса на јатото. Помалите склопови на галаксии се нарекуваат галактички групи. Самите групи и јата можат да бидат групирани заедно, образувајќи суперјата.
Познати галактички јата во релативна близина се Девица, Печка, Херкул и Береникина Коса. Рамнило е главна составница на Големиот Привлекувач, кој претставува посебно голем збир од галаксии, чија маса е толку голема што влијае врз месното ширење на вселената. Позначајни јата во далечната вселена се SPT-CL J0546-5345 и SPT-CL J2106-5844, кои се најмасивните јата настаните во раниот развој на вселената. Во последните децении е утврдено дека тие се битни места на честично забрзување, откриено набљудувајќи ги нетоплинските расеани радиозрачења, како што се радиоореолите и радиоостатоците. Во многу галактички јата се среќаваат и структури како студени предници на ударни бранови, утврдени со рендгенски набљудувања од опсеваторијата „Чандра“.
Основни одлики
[уреди | уреди извор]Галактичкото јато ги има следниве типични одлики:
- Опфаќа 100 до 1.000 галаксии, со врел гас кој оддава рендгенски зраци и колеми количества на темна материја[4]
- Распореденоста на трите составници во јатото е приближно рамномерна.
- Вкупна маса од 1014 до 1015 Сончеви маси.
- Пречник од 2 до 10 мегапарсеци.
- Брзините на поединечните галаксии во него се движат од 800 до 1000 км/с.
Состав
[уреди | уреди извор]Секое галактичко јато има три составни дела:
Дел | Удел во масата | Опис |
---|---|---|
Галаксии | 1 % | Единствениот оптички видлив дел од јатото |
Меѓугалактички гас во внатрејатната средина | 9 % | Плазма меѓу галаксиите при високи температури. Оддава рендгенски зраци по пат на топлинско закочно зрачење |
Темна материја | 90 % | Најмасивната составница која не е видлива, туку се изведува преку гравитациските заемодејства |
Забележителни јата
[уреди | уреди извор]Јато | Белешки |
---|---|
Девица | Најблиското масивно галактичко јето |
суперјато Ланијакеја | Јатото во чиј состав е нашата галаксија — Млечниот Пат |
Рамнило | Јатото во средиштето на Големиот Привлекувач |
јато Куршум | Спој од јата, каде за првпат е забележано раздвојувањето на темната од обичната материја |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Hubble Pinpoints Furthest Protocluster of Galaxies Ever Seen“. ESA/Hubble Press Release. Посетено на 13 јануари 2012.
- ↑ „Galaxy cluster IDCS J1426“. Посетено на 11 јануари 2016.
- ↑ Kravtsov, A. V.; Borgani, S. (2012). „Formation of Galaxy Clusters“. Annual Review of Astronomy and Astrophysics. 50: 353–409. arXiv:1205.5556. Bibcode:2012ARA&A..50..353K. doi:10.1146/annurev-astro-081811-125502.
- ↑ „Chandra :: Field Guide to X-ray Sources :: Groups & Clusters of Galaxies“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Галактичко јато на Ризницата ?
- Галактички јата — Голема руска енциклопедија Архивирано на 19 јули 2019 г. (руски)
- Јато галаксии — Енциклопедија Британика (англиски)
|