Прејди на содржината

Врбјани (Прилепско)

Координати: 41°19′54″N 21°23′21″E / 41.33167° СГШ; 21.38917° ИГД / 41.33167; 21.38917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Врбјани
Врбјани во рамките на Македонија
Врбјани
Местоположба на Врбјани во Македонија
Врбјани на карта

Карта

Координати 41°19′54″N 21°23′21″E / 41.33167° СГШ; 21.38917° ИГД / 41.33167; 21.38917
Регион Прилепско Поле
Општина  Кривогаштани
Население 249 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7509
Шифра на КО 20013
Надм. вис. 573 м
Слава Свети Никола летен, 2 јуни
Мреж. место Врбјани
Врбјани на општинската карта

Атарот на Врбјани во рамките на општината
Врбјани на Ризницата

Врбјани — село во Општина Кривогаштани, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп.

Потекло на името

[уреди | уреди извор]

Името Врбјани го добило по тоа дека во селото имало многу врби и по тоа селаните почнале да го викаат Врбјани.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Селото Врбјани е сместено во средишниот дел на големата житница Пелагонија. Врбјани е во составот на Општина Кривогаштани. Врбјани се граничи со следните села: од исток со селото Славеј, од запад со Кривогаштани, од север со селата Вранче и Заполжани и од југ со селото Боротино. Најблиските градови се во непосредна близина околу 15 километри. Најголем административен и културен живот има во Прилеп кој е многу посетен од населението од Врбјани. Времето во врбјани во летниот период е многу топло, а во зимскиот период е многу ладно.

Историја

[уреди | уреди извор]

Се споменува дека Врбјани постоело пред 1465 година.

На крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 364 жители христијани Македонци.[2] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 288 христијани Македонци.[3]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението во Врбјани најмногу се занимава со земјоделство и со сточарство.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948527—    
1953516−2.1%
1961503−2.5%
1971468−7.0%
1981431−7.9%
ГодинаНас.±%
1991334−22.5%
1994316−5.4%
2002294−7.0%
2021249−15.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врбјани живееле 364 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врбјани имало 288 Македонци, од кои 184 под врховенството на Бугарската егзархија и 104 патријаршисти.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врбени се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 37 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Селото броело 503 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле само 316 жители.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, во селото Врбјани живеат 294 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 249 жители, од кои 246 Македонци и 3 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 364 288 527 516 503 468 431 334 316 294 249
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Во селото нема староседелски родови. Денешното село е обновено средината на XVIII век. Први кои дошле биле родовите Коруновци и Поповци, по нив се населиле и други родови.[14]

Родови во селото се следните:

  • Доселеници: Поповци (5 к.) и Коруновци (3 к.) се најстари родови во селото, и основачи на денешното село. потекнуваат од ист предок, доселени се во средината на XVIII век од селото Врбјани во Дебрца. Го знаат следното родословие: Петко (жив на 84 г. во 1955 година) Цветко-Митре-Корун, се доселил таткото на Корун; Јадровци (3 к.) и Дамчевци (3 к.) порано чинеле еден род, и тие се доселени од Охридско; Митревци (5 к.), Трајчевци (3 к.), Пејовци (14 к.) и Стевановци (2 к.) некогаш чинеле еден род -Јевтинџиовци, доселени се од селото Кореница; Колчаковци (4 к.) доселени се од селото Обршани; Србиновци (4 к.) потекнуваат од селото Тројкрсти. Од таму се иселиле Крушеани, а потоа преминале во Врбјани; Тошевци (4 к.), Лозановци (3 к.), Станковци (2 к.) и Цепивировци (1 к.). Некогаш биле еден род. Доселени се, но не знаат точно од каде; Крбалевци (5 к.) доселени се од селото Боротино; Јошевци (4 к.) доселени се од селото Крушеани; Чачаровци (2 к.) доселени се во XIX век од селото Големо Коњари.

Општествени установи

[уреди | уреди извор]
Цркви[15]
Археолошки наоѓалишта[16]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Локалната самоуправа Кривогаштани ги дели селата на месни заедници. Месната заедница во село Врбјани се состои од: -Претседател -Секреатар -Благајник и други членови.

Претседател на месната заедница Врбјани е Крстески Кирил - Мангата. Во Врбјани има поддржувачи за сите политички партии, а најмногу за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1518 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости во село Врбјани се црквата Св.Никола која потекнува од XVIII век. Старата кула која била од Јордан Бомбол сè уште е во автентична состојба.

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Настани кои редовно се одржуваат во село врбјани е „Велигденскиот панаѓур“ и селската слава Св.Никола која се слави на 2 јуни и е празник на целото село кое го слави како свој заштитник.

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Во спортскиот живот во Врбјани доминира фудбалот кој се игра од 1950 година. Фудбалскиот клуб „Македонија Врбјани“ успешно се натпреварува во Општинската лига на Градот Прилеп. По заначајни успеси на фудбалскиот клуб „Македонија Врбјани“ се девет први места и настап во регионалната лига.

Личности

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Од далечни времиња населението во село Врбјани постепено почнало да се иселува на другите континенти во барањето на подобар живот и подобра живееачка. Најмногу иселеници има во Австралија, САД и западните ввропски држави.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
  3. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245.
  5. D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.150 – 151.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  17. 17,0 17,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]