Водоматица
Водоматица | |
---|---|
Мост на Водоматица | |
Изворно име | Βοϊδομάτης (грчки) |
Местоположба | |
Земја | Грција |
Физички особености | |
Устие | |
• место | Војуша |
• координати | 40°00′49″N 20°38′40″E / 40.0136° СГШ; 20.6445° ИГД |
Особености на сливот | |
Течение | Војуша→ Јадранско Море |
Водоматица (грчки: Βοϊδομάτης, Војдоматис) — река во Јанинскиот Округ на областа Епир, северозападна Грција, притока на Војуша. Извира под селото Високо (Викос) и по течението се спојува со други водотеци кои се спуштаат по падините на Тимфи или од клисурата Вик (Викос), па завршува недалеку од гратчето Коница. Има вкупна должина од 15 км.[1]
И покрај нејзиното име, Водоматица важи за една од најчистите реки во Европа и не страда од никакви еколошки проблеми. Минува низ еден од највпечатливите природни предели во земјата, во состав Националниот парк Вик-Војуша уште од 1973 година. Реката ја пресекуваат повеќе камени мостови, од кои најпознат е Клидонскиот кај клисурата Вик[2]. По Водоматица се одвиваат водени спортови како сплаварење и кајакарство.
Водоматица има сезонски водостој, иако никогаш не пресушува. Просечната темепратура на водата не надминува 4 °C.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Travel Magic. (2009). ΒΟΪΔΟΜΑΤΗΣ ΠΟΤΑΜΟΣ Архивирано на 14 јануари 2012 г.. посетено на 6 јули 2013
- ↑ „Το Γεφύρι της Κλειδωνιάς“. Архивирано од изворникот на 2009-09-17. Посетено на 2009-11-18.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Водоматица на Ризницата ?
- Слики од Водоматица (грчки)
- Патеки - СКАИ, Водоматица (грчки)
- За селата во областа Загори (грчки)