Витез Михај Чоконаи
Витез Михај Чоконаи (унгарски: Csokonai Vitéz Mihály, 17 ноември 1773 - 28 јануари 1805[1]) — унгарски поет, роден во Дебрецен.
Бил син на хирург. Учел, а потоа и предавал во дебреценската гимназија. Не можејќи да најде издавач за своите дела, кои биле сметани за неморални, тргнал на скитничко патување, во текот на кое се одигрува неговата тажна љубовна историја со Јулија Вајда, која во неговите песни ќе биде запамтена под името Лила.
До крајот на својот живот останува сиромав и несреќен, а умира во својот град, во куќата на неговата мајка, на возраст од триесет и една година.
Чоконаи е генијален и оригинален поет, претходник на Шандор Петефи, Моцарт на унгарскиот збор. Автор е на збирката Оди која ги содржи најдобрите примери на неговата љубовна и граѓанска поезија и на неброено многу љубовни песни. Покрај Петефи, голем љубител на неговата поезија ќе биде и Ендре Ади.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Encyclopædia Britannica: A Dictionary of Arts, Sciences, and General Literature, Volume 12 -PAGE: 392 , published in 1894
|
|