Вилијам Галас
Вилијам Галас | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Вилијам Ерик Галас[1] | ||
Роден на | 17 август 1977[2] | ||
Роден во | Ањер на Сена, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м[3] | 1,76||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 16 октомври 2014 (37 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1992–1994 | Кан | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1995–1997 | Кан | 34 | (0) |
1997–2001 | Олимпик Марсеј | 85 | (2) |
2001–2006 | Челси | 147 | (12) |
2006–2010 | Арсенал | 101 | (12) |
2010–2013 | Тотенхем | 61 | (1) |
2013–2014 | Перт Глори | 15 | (1) |
Репрезентација | |||
1997 | Франција 20 | 3 | (0) |
1997–1998 | Франција 21 | 11 | (0) |
2002–2011 | Франција | 94 | (12) |
Вилијам Галас (роден на 17 август 1977 во Ањер на Сена) — поранешен француски фудбалер, играч од одбраната.
Биографија
[уреди | уреди извор]Галас е братучед на Лудовик Квистен, поранешен фудбалер и репрезентативец на Гвадалупе.[4]
Технички карактеристики
[уреди | уреди извор]Тој бил брз централен дефанзивец, физички силен, добар во скокот и ударот со глава;[5] доколку било потребно тој бил користен и како бек на двете страни.[6]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоци
[уреди | уреди извор]Вилијам Галас има дипломирано на Француската фудбалска академија во Клерфонтен. Својата професионална кариера ја започнал во второлигашот СМ Кан, помагајќи им да освојат титулата во втората лига и изборат промоција во 1996. По овој успех, за него интерес покажал Олимпик Марсеј, кој го довел Галас во 1997. Таму поминал четири сезони, играјќи заедно со Робер Пирес. Своето деби во Лигата на шампиони го имал токму со Марсеј, а во ова натпреварување имал и натпревар против Челси во 2000 година.
Челси
[уреди | уреди извор]Поранешниот менаџер на Челси Клаудио Раниери го купи Галас од Марсеј во мај 2001 за 6,2 милиони фунти. Галас го одбрал бројот 13, бидејќи тој бил неговиот поштенски број во времето кога живеел во Марсеј. Марсеј се наоѓа во департманот Буш ду Рон каде што сите адреси започнуваат со 13. Под водството на Раниери, Галас развил цврсто одбранбено партнерство со сонародникот Марсел Десаи, а потоа и со Џон Тери; од неговото партнерство со Тери произлегла и серија од 16 натпревари без примен гол. Во Челси по потреба играл и како десен бек. Додека бил во Челси и под раководство на Раниери, Галас првпат бил повикан во репрезентацијата на Франција.
Тој беше член на составот кој освои две последователни титули во Премиер Лигата и еден Лига куп под водството на наследникот на Раниери, Жозе Мурињо. Поради сериозната повреда на левиот бек, Вејн Бриџ, во сезоната 2004-2005 Галас бил приморан да игра на неговото место. И покрај купувањето на Асиер дел Орно од Атлетик Билбао за 8 милиони фунти во 2005, Галас и понатаму играл лево, а ваквата ситуација била многу фрустрирачка за него. Сепак, тој постигнал неколку важни голови во сезоната на одбраната на титулата (2005-2006), против Тотенхем, Ливерпул и Манчестер Јунајтед. По натпреварот со Тотенхем, тој изјавил за Челси ТВ дека неговиот гол за победа, со удар од 25 метри, според него бил „најубавиот“.
Неговиот договор со Челси истекувал во мај 2007. Откако тој одбил да потпише нов договор со Челси велејќи дека клубот не му понудил доволно пари, и изјави дека имал желба да игра во Серија А; Јувентус и Милан порано веќе покажале интерес кон него, но Челси не се согласил да го продаде во мај 2006, со изговор дека сметаат на Галас за важен дел од тимот.
По Светското првенство 2006, Галас одбил да се појави на американската турнеја на клубот[7] поради замор од турнирот. При доделувањето на броевите, бројот 13 му припаднал на "новајлијата" Михаел Балак како казна за Галас, со што станало јасно дека неговата иднина на Стемфорд Бриџ е неизвесна. На Отворениот ден за навивачи на Челси, Галас било различно прифатен од неколку групи на навивачи, некои го поддржуваа, некои го исвиркуваа а трети воопшто не реагирале на него.
И покрај шпекулациите за трансфер во неколку европски клубови, преселба надвор од Англија беше неверојатна. Скандалот со местените натпревари во Серија А во 2006 го прекина интересот на Јувентус и Милан, и единствениот преостанат клуб кој покажа интерес беше Арсенал. Челзи дополнително ги засили одбранбените редевои со купувањето на холандскиот дефанзивец Калид Буларуж.
На 31 август 2006, Галас се префрлил во Арсенал како замена за Ешли Кол кој отишол во Челси[8] а Арсенал добил и доплата од 5 милиони Фунти. По трансферот, новинарите изјавувале дека Жозе Мурињо бил бесен што му било дозволено на Галас да се пресели во сопернички клуб, и дека размената Кол-Галас била договорена од Питер Кењон, еден од директорите на Челзи. По трансферот, Челзс излегле со изјава дека дефанзивецот се заканил дека намерно ќе постигнува автоголови доколку не му било дозволено да си замине.[9] Галас ги отфрли обвинувањата на Челзи и донесе заклучок дека клубот од западен Лондон нема класа и „се крие зад лажни обвинувања“.[10] Клаудио Раниери, поранешниот менаџер на Челси кој го довел Галас од Марсеј изјавил: „Не верувам во овие приказни. Навистина е неверојатно. Јас го потпишав Галас, и тој секогаш бил голем професионалец на теренот. Се разбира, не знам што се случувало во последните две години.“
Арсенал
[уреди | уреди извор]Галас потпиша четиригодишен договор со Арсенал, и му бил даден дресот со број 10, кој бил слободен по пензионирањето на Денис Бергкамп. Во интервју за изданието на Официјалниот Магазин на Арсенал за октомври 2006, менаџерот Арсен Венгер ја објаснил целата ситуација околу Галас и одлуката тој да го носи дресот со бројот 10 (традиционално број за напаѓачи): „Галас не се чувствуваше пријатно со бројот 3, а сите други броеви веќе беа доделени. Затоа одлучив да му го дадам бројот 10 иако е дефанзивец, бидејќи доколку го дадев на напаѓач, тој ќе беше под константен притисок поради споредби со Денис. На почетокот не сакав да го дадам бројот на Денис никому, особено не на дефанзивец, но мислам дека ова е најдоброто решение“.[11]
Дебито на Галас за Арсенал било на позиција лев бек во натпреварот против Мидлсбро на 9 септември 2006, кој завршил нерешено 1-1, а првиот гол го постигнал против Шефилд Јунајтед на 23 септември 2006.[12][13]
На 9 август 2007, Галас бил назначен за капитен на Арсенал, а Коло Туре бил назначен за негов заменик. Ова било неочекувано, бидејќи сите мислеле дека капитенската лента ќе му биде доделена на Жилберто Силва. Неговиот прв натпревар како капитен бил на 12 август 2007 против Фулам кој завршил 2-1 за Арсенал.[14] Галас заработил повреда на препоните на натпреварот против Блекбурн на 19 август, но се врати за победата на Арсенал од 2-0 против Болтон Вондерерс на 20 октомври. Во дербито против Манчестер Јунајтед на Емирати на 3 ноември, постигнал гол во судиското продолжение, за конечен резултат 2-2.
На 24 ноември 2007, во натпреварот против Виган Атлетик, Галас повторно постигнал гол. По нафрлувањето на Бакари Сања, Галас ја свртел топката меѓу рацете на голманот на Виган, Мајк Полит, со што го отворил резултатот.[15] На 16 декември 2007, Галас постигнал гол против својот поранешен клуб Челси, што бил единствениот во натпреварот, и му донел на Арсенал три бода. Галас подоцна за овој гол изјавил: „Кога Сеск нафрли од корнер, видов дека Петар Чех тргна кон топката, и искрено мислев дека ќе ја фати. Изненаден сум што не ја фати, а мојата реакција беше чист рефлекс. Едноставно бев таму во вистинското време.“[16]
Галас бил критикуван поради неговото однесување по нерешениот резултат против Бирмингем Сити на 23 февруари 2008, натпревар на кој неговиот соиграч Едуардо да Силва заработил скршеница на подколеницата по бруталниот старт на Мартин Тејлор. Кога бил досуден пенал по стартот на Гаел Клиши во судиското продолжение, Галас отишол во половината на Бирмингем во знак на протест и стоел таму додека напаѓачот Џејмс МекФаден не го претворил пеналот во гол. Потоа, било потребно двајца од стјуардите да го спречат, кога тргнал кон соблекувалната пред крајот на натпреварот. По последниот свреж на судијара, Галас седнал на тревата и плачел цели две минути додека другите играчи го напуштале теренот пред да дојде менаџерот Венгер за да го утеши.
Галас постигна гол и на гостувањето кај Болтон, во натпревар кој заврши со победа на Арсенал од 2-3 на 29 март 2008, со што го започнал пресвртот кој топџиите го оствариле со десет играчи. Како одговор на шпекулациите дека на Галас ќе му биде одземена капитенската лента поради неговото однесување по натпреварот со Бирмингем, Венгер изјавил дека ќе размисли за тоа на крајот на сезоната.[17]
Во август 2008, било објавено дека Галас ќе остане капитен и во сезоната 2008-2009.[18] Тој одлично ја започнал сезоната во Лигата на шампионите; во шест натпревари постигнал 3 гола, два против Твенте и еден за израмнување против Динамо Киев. На 29 октомври 2008 година, го постигнал својот прв гол за сезоната во Премиер лигата, против Тотенхем на Емирати, вториот за Арсенал во натпреварот што завршил без победник 4-4. На 8 ноември 2008 година, по победата со 2–1 над Манчестер Јунајтед, тој бил пофален за својот настап додека играл во срцето на одбраната со поранешниот дефанзивец на Јунајтед, Микаел Силвестр. Тврдењето било дека тој ги надминал дефанзивците на Јунајтед Рио Фердинанд и Немања Видиќ.[19]
Во ноември, Галас дал интервју за Асошиејтед прес во кое ги откри тензиите во тимот кои го нарушуваат моралот и сугерирал дека помладите играчи на Арсенал треба да покажат поголема храброст доколку тимот сака да биде успешен.[20][21] Тој бил изоставен од тимот за следниот натпревар, против Манчестер Сити, и било пријавено дека ќе биде казнет со кратење на платата за две недели.[22] Извештаите дека трајно ќе му биде одземена капитенската функција, се потврдиле од Арсенал на 24 ноември, кога со капитенската лента го наследил Сеск Фабрегас.[23] Спротивно на медиумските шпекулации, Венгер рекол дека Галас се уште има иднина во клубот, а потврда за тоа бил и неговиот настап веќе во следниот натпревар на клубот.[24][25]
На 17 март 2009 година, Галас го постигнал победничкиот гол во победата со 2–1 над Хал Сити во четвртфиналето на ФА Купот. На 10 април 2009 година, официјално станало јасно дека Галас ќе го пропушти остатокот од сезоната, откако претрпел оштетување на медијалните лигаменти на десното колено за време на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Виљареал. Натпреварот заврши 1-1, а тој бил на теренот само до 43-тата минута.[26]
Сезоната 2009–2010, Галас ја започнал во одлична форма, постигнувајќи три гола во неговите први три натпревари. Тој формирал партнерство со белгискиот централен дефанзивец Томас Вермален,[27] единственото позначајно летно засилување на Арсенал, и таа двојка постигнала заедно седум гола во првите осум првенствени натпревари. На 22 август, на првиот домашен натпревар во сезоната, тој постигнал бизарен гол против Портсмут; Вермален се обиде да постигне гол по изведениот корнер, но Галас случајно ја удрил топката во неговото лице и таа се одбила во мрежата.[28]
На 17 февруари, Галас го започнал својот 100-ти првенствен натпревар за Арсенал во поразот со 2–0 од Челси на Стемфорд Бриџ. Тој претрпел повреда во втората половина од сезоната и не играл повеќе од два месеци; изненадувачки, тој се вратил во стартната постава за натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Барселона, само за да биде изваден на носилки пред крајот на првото полувреме обновувајќи ја повредата. Откако пропаднале разговорите за нов договор, ова се покажал како неговиот последен натпревар за Арсенал. Галас го напуштил клубот во текот на летото како слободен агент, после вкупно 142 настапи и 17 гола за клубот.
Тотенхем
[уреди | уреди извор]На 20 август 2010 година, менаџерот на Тотенхем Хотспар, Хари Реднап, потврдил дека Галас е подготвен да му се приклучи на клубот и го опишал неговото ангажирање како потез „без размислување“.[29] Трансферот бил потврден на 22 август, по што Галас потпишал едногодишен договор со клубот од Вајт Харт Лејн.[30] Со тоа, Галас станал првиот играч кој настапувал за Челси, Арсенал и Тотенхем; Клајв Ален играл за Тотенхем и Челси и имаше престој во Арсенал на почетокот на неговата кариера, но никогаш не заиграл за нив.[31] По првиот тренинг со својот нов тим, Галас изјавил како верува дека Спарс имаат потенцијал да ја освојат Премиер лигата.[32]
Галас го направил своето деби за првиот тим на 11 септември во ремито 1–1 на гостувањето кај Вест Бромвич Албион.[33] На 20 ноември, како резултат на повредите на редовните капитени Ледли Кинг и Мајкл Доусон, Галас бил капитен на Тотенхем за првпат против неговиот поранешен клуб Арсенал на Емирати во незаборавната победа на Тотенхем со 2–3, прва победа на Спарс над Арсенал од 1993 година. На 2 февруари 2011 година, Галас му партнирал на Себастјан Басонг во центарот на одбраната во натпреварот против Блекбурн на Ивуд Парк добиен со 1–0 во средината на неделата.[34] Галас продолжил да импресионира со Тотенхем во 2011 година. Во нокаут-фазата на Лигата на шампионите, тој имал два впечатливи настапи против Милан за да му помогне на тимот да избори четвртфинален натпревар против Реал Мадрид во првиот обид на клубот во натпреварувањето.
И покрај сезоната на чести промени во одбраната за Тотенхем поради многуте повреди на неговите колеги одбранбени играчи, Галас се претставил силно во текот на неговата прва сезона со клубот и бил награден со двегодишно продолжување на договорот во март 2011 година, што го задржало во клубот до крајот на сезоната 2012-2013. Во својата дебитантска сезона за Спарс, тој забележал 36 настапи во сите натпреварувања.[35]
За време на Премиер лигата 2011-2012, Галас претрпел неколку повреди што му ја намалиле минутажата оваа година, забележувајќи само 19 настапи за Тотенхем во текот на сезоната, особено под светлата на силната конкуренција за централното место во Мајкл Доусон и Ледли Кинг. Во следната сезона, Галас одиграл 17 натпревари во Премиер лигата, постигнувајќи го својот прв гол за клубот - а исто така и неговиот прв гол во повеќе од две години - против поранешниот клуб Челси во поразот со 4–2.[36] На 7 јуни 2013 година, Премиер лигата потврдила дека тој е ослободен од Тотенхем.[37]
Перт Глори
[уреди | уреди извор]На 23 октомври 2013 година, Галас потпишал едногодишен договор со Перт Глори,[38] станувајќи првиот французин кој играл во австралијската А-лига. Меѓудругото, со доаѓањето во споменатата лига, Галас им се придружил на други ѕвезди на европскиот фудбал кои веќе играле таму како, Алесандро Дел Пјеро, Емил Хески и Шинџи Оно.[39] Галас го направил своето деби за Перт во 6-тото коло против Аделаид Јунајтед, влегувајќи како замена.[40] Тој го постигнал својот прв гол на 3 септември 2014 година, во ремито 1–1 против Велингтон Феникс.[41] Се пензионирал по завршувањето на А-лигата 2013-2014, запишувајќи 15 настапи и постигнувајќи еден гол.[42][43]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Галас беше дел од репрезентација на Франција под 18 години, која го освоила Европското првенство во споменатата возраст. Тој исто така играл за француската репрезентација под 20 години на Светското првенство 1997 заедно со Тјери Анри, Давид Трезеге, Никола Анелка, Микаел Силвестр и Вили Сањол.
Во октомври 2002 година, Галас дебитирал за сениорската репрезентација на Франција во натпревар од квалификации за Европското првенство 2004 против Словенија.[44] Тој беше вклучен во составот на репрезентацијата за Купот на конфедерации 2003 и одиграл цели 90 минути за Les Bleus во победата со 1-0 над Камерун во финалето. Тој продолжил да ја претставува својата земја, играјќи и на Европското првенство 2004, почнувајќи во три од четирите натпревари на Франција, на патот до нивната елиминација од подоцнежниот шампион Грција во четвртфиналето. Во август 2005 година, Галас го постигна својот прв гол за националниот тим во пријателски натпревар против Брегот на Слоновата Коска.
Натаму, Галас бил редовен стартер за Франција и на патот на репрезентацијата до финалето на Светското првенство 2006, каде загубиле на пенали од Италија на Олимпискиот стадион во Берлин. Во септември 2006 година, тој го одиграл својот 50-ти натпревар за Франција во победата со 3–1 против Италија на Стад де Франс во квалификациите за Европското првенство 2008. На Европското првенство 2008, Галас повторно бил редовен стартер за триколорите кој сепак разочарале и го завршиле своето учество уште во групната фаза.
Во ноември 2009 година, Галас постигна гол кој на Франција и помогнал да се квалификува за Светското првенство 2010. Голот бил постигнат во продолжението од плејоф-натпреварот за пласман на Светското првенство против Ирска, со што резултатот бил израмнет на 1–1, а Франција со вкупен резултат 2–1 победила и се пласирала на првенството. Сепак, голот бил многу контроверзен и се нашол во центарот на вниманието на фудбалската јавност бидејќи бил постигнат на недозволен начин откако неговиот соиграч, Тјери Анри претходно двапати ја допрел топката со рака.[45]
Галас бил вклучен во тимот на Франција за Светското првенство 2010; набргу, турнирот се претворил во вистинска катастрофа за французите бидејќи Никола Анелка бил избркан од тренерот Рајмонд Доменех а тимот штрајкуваше за време на тренинг.[46] Како постар член на тимот, Галас бил наведен како едно од нарушувачките влијанија во нехармоничниот камп.[47] По турнирот, Галас го критикуваше Доменех, обвинувајќи го селекторот за срамната елиминацијата на Франција уште после првата фаза.[48]
На 6 јуни 2011 година, на 33-годишна возрас, тој го објавил своето повлекување од меѓународниот фудбал со моментален ефект, откако не бил повикан ниту еднаш во репрезентацијата по Светското првенство.[49]
Вкупно за Франција одиграл 84 натпревари и постигнал 5 гола.
Хронологија на репрезентативните насатапи
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
1997-1998 | Олимпик Марсеј | Д1 | 3 | 0 | КФ+ЛКФ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 3 | 0 |
1998-1999 | Д1 | 30 | 0 | КФ+ЛКФ | 2+1 | 0 | КУ | 9 | 0 | - | - | - | 42 | 0 | |
1999-2000 | Д1 | 22 | 0 | КФ+ЛКФ | 1+1 | 0 | ЛШ | 7 | 1 | - | - | - | 31 | 1 | |
2000-2001 | Д1 | 30 | 2 | КФ+ЛКФ | 2+0 | 0 | - | - | - | - | - | - | 32 | 2 | |
Вкупно Марсеј | 85 | 2 | 7 | 0 | 16 | 1 | - | - | 108 | 3 | |||||
2001-2002 | Челси | ПЛ | 30 | 1 | ФАКуп+ЛК | 4+4 | 1+0 | КУ | 3 | 0 | - | - | - | 41 | 2 |
2002-2003 | ПЛ | 38 | 4 | ФАКуп+ЛК | 5+3 | 0 | КУ | 2 | 0 | - | - | - | 48 | 4 | |
2003-2004 | ПЛ | 29 | 0 | ФАКуп+ЛК | 4+1 | 0 | ЛШ | 11 | 1 | - | - | - | 45 | 1 | |
2004-2005 | ПЛ | 28 | 2 | ФАКуп+ЛК | 1+5 | 0 | ЛШ | 12 | 0 | - | - | - | 46 | 2 | |
2005-2006 | ПЛ | 34 | 5 | ФАКуп+ЛК | 3+0 | 0 | ЛШ | 7 | 0 | КШ | 1 | 0 | 45 | 5 | |
Вкупно Челси | 159 | 12 | 30 | 1 | 35 | 1 | 1 | 0 | 225 | 14 | |||||
2006-2007 | Арсенал | ПЛ | 21 | 3 | ФАКуп+ЛК | 2+0 | 0 | ЛШ | 6 | 0 | - | - | - | 29 | 3 |
2007-2008 | ПЛ | 31 | 4 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | ЛШ | 8[52] | 0 | - | - | - | 42 | 4 | |
2008-2009 | ПЛ | 23 | 2 | ФАКуп+ЛК | 4+0 | 1 | ЛШ | 9[53] | 3[54] | - | - | - | 36 | 6 | |
2009-2010 | ПЛ | 26 | 3 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | ЛШ | 8[55] | 1[56] | - | - | - | 35 | 4 | |
Вкупно Арсенал | 101 | 12 | 10 | 1 | 31 | 4 | - | - | 142 | 17 | |||||
2010-2011 | Тотенхем | ПЛ | 27 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | ЛШ | 8 | 0 | - | - | - | 36 | 0 |
2011-2012 | ПЛ | 15 | 0 | ФАКуп+ЛК | 1+0 | 0 | ЛЕ | 2 | 0 | - | - | - | 18 | 0 | |
2012-2013 | ПЛ | 19 | 1 | ФАКуп+ЛК | 0 | 0 | ЛЕ | 5 | 0 | - | - | - | 24 | 1 | |
Вкупно Тотенхем | 61 | 1 | 2 | 0 | 15 | 0 | - | - | 78 | 1 | |||||
2013-2014 | Перт Глори | АЛ | 15 | 1 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 15 | 1 |
2014-2015 | АЛ | 0 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 0 | 0 | |
Вкупно во кариерата | 421 | 28 | 49 | 2 | 97 | 6 | 1 | 0 | 568 | 36 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Кан
[уреди | уреди извор]- Дивисион 2 : 1
- 1995–1996
Челси
[уреди | уреди извор]- Премиер лига : 2
- 2004–2005, 2005-2006
- Лига куп : 1
- 2004-2005
- 2005
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]- Франција
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ „List of Players“ (PDF). FIFA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-17. Посетено на 8 November 2010.
- ↑ Hugman, Barry J. (2005). The PFA Premier & Football League Players' Records 1946–2005. Queen Anne Press. стр. 226. ISBN 1852916656.
- ↑ „William Gallas“. William Gallas. 31 May 2010. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 31 May 2010.
- ↑ „Gallas storms out of international football“. espn.co.uk. 6 June 2011. Посетено на 6 September 2020.
- ↑ „The big interview: William Gallas – "I never said I'd score an own goal on purpose. How can you say that?!"“. FourFourTwo (англиски). 2017-12-28. Посетено на 2019-08-14.
- ↑ Amy. „William Gallas was a great player who let his defending do the talking | Amy Lawrence“. The Guardian (англиски). Посетено на 2019-08-14. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help); Укажано повеќе од еден|surname=
и|author=
(help) - ↑ „William Gallas statement“. Chelsea F.C. 2006-08-01. Посетено на 2006-09-05.
- ↑ „Cole moved after deadline“. The Daily Telegraph. 2006-09-02. Посетено на 2006-09-05.
- ↑ „Gallas 'issued own-goal threat'“. BBC Sport. 2006-09-05. Посетено на 2006-09-05.
- ↑ „Gallas denies Chelsea claims“. Sky Sports. 2006-09-05. Архивирано од изворникот на 2007-03-26. Посетено на 2006-09-05.
- ↑ „Robin van Persie 'to transfer Arsenal squad shirt number' for new season“. Metro. 7 July 2010. Посетено на 6 January 2013.
- ↑ „Arsenal 1-1 Middlesbrough“. BBC. 9 September 2006. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ „Arsenal 3-0 Sheff Utd“. BBC. 23 September 2006. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ „Gallas named captain as Wenger looks to older heads“. Arsenal.com. 2007-08-09. Посетено на 2007-08-09.
- ↑ „Arsenal 2-0 Wigan“. BBC. 24 November 2007. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ Arsenal matchday programme before Tottenham Hotspur game, December 2007
- ↑ „Wenger to consider Gallas captaincy“. BBC Sport. 2008-04-19. Посетено на 2008-04-19.
- ↑ „Wenger - Why [[William Galls]] will be captain“. 2008-08-08. Посетено на 2008-08-10. URL–wikilink conflict (help)
- ↑ „Goal.com-Player Ratings: Arsenal 2–1 Manchester United“. 5 February 2014. Посетено на 8 November 2008.
- ↑ „Gallas launches Arsenal outburst“. BBC Sport. 21 November 2008. Посетено на 21 November 2008.
- ↑ „Gallas urges Arsenal's young stars to fight harder“. International Herald Tribune. Associated Press. 20 November 2008. Архивирано од изворникот на 24 January 2009. Посетено на 21 November 2008.
- ↑ Solhekol, Kaveh (22 November 2008). „William Gallas heads for Emirates exit“. The Times. UK. Архивирано од изворникот на 6 January 2010. Посетено на 24 November 2008.
- ↑ „Gallas 'stripped' of captain role“. BBC Sport. 21 November 2008. Посетено на 21 November 2008.
- ↑ Clarke, Richard (24 November 2008). „Fabregas named as new Arsenal captain“. Arsenal F.C. Архивирано од изворникот на 4 December 2008. Посетено на 24 November 2008.
- ↑ „Arsenal name Fabregas as captain“. BBC Sport. 24 November 2008. Посетено на 24 November 2008.
- ↑ „Gunners hit by Gallas blow“. The National (англиски). Посетено на 2020-10-08.
- ↑ Stafford, Mikey (5 November 2009). „Arsenal should be ahead of the rest, says bullish Arsène Wenger“. The Guardian. London. Посетено на 7 November 2009.
- ↑ Lawrence, Amy (22 August 2009). „Premier League: Arsenal 4–1 Portsmouth“. TheGuardian.com.
- ↑ Riach, James (20 August 2010). „Redknapp confirms Gallas deal“. Sky Sports. Посетено на 20 August 2010.
- ↑ „Gallas deal agreed“. Tottenham Hotspur F.C. 22 August 2010. Посетено на 5 February 2014.
- ↑ „Gallas agrees landmark Spurs move“. FourFourTwo. Reuters. 20 August 2010. Посетено на 24 August 2010.
- ↑ „Spurs can win the Premier League, says William Gallas“. BBC Sport. 24 August 2010. Посетено на 24 August 2010.
- ↑ Lillywhite, Jamie (11 September 2010). „West Brom 1–1 Tottenham“. BBC Sport. Посетено на 14 September 2010.
- ↑ McGrath, Mike (20 November 2010). „Redknapp wants Spurs to push into title race“. Agence France-Presse. Архивирано од изворникот на 25 January 2013.
- ↑ „New Deal for Gallas“. Tottenham Hotspur F.C. 28 March 2011.
- ↑ „Tottenham 2-4 Chelsea“. BBC. 20 October 2012. Посетено на 10 October 2020.
- ↑ „Premier League Free Transfer List 2012/13“ (PDF). Premier League. 6 June 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 9 June 2013. Посетено на 6 June 2013.
- ↑ „Perth Glory signs former Premier League defender William Gallas“. The Australian. 23 October 2013.
- ↑ „William Gallas agrees to Perth Glory move“. TheGuardian.com. Australian Associated Press. 23 October 2013.
- ↑ „FFA ruined William Gallas' Perth Glory debut, says Alistair Edwards | Herald Sun“. Архивирано од изворникот на 1 март 2015. Посетено на 17 ноември 2013.
- ↑ A-League (9 March 2014). „Wellington Phoenix vs Perth Glory, Hyundai A League 2014 (Round 22)“. Архивирано од изворникот на 2024-11-13. Посетено на 2024-11-12 – преку YouTube.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Metro.co.uk, Metro Sport Reporter for (16 October 2014). „Gallas retires – and this epic Perth Glory gaffe is probably why“.
- ↑ „William Gallas to announce his retirement from football“. ESPN. 16 October 2014.
- ↑ „Marlet leads French charge“. UEFA. Посетено на 1 August 2013.
- ↑ Jackson, Lyle (18 November 2009). „France 1–1 Rep of Ire (agg 2–1)“. BBC Sport. Посетено на 22 August 2010.
- ↑ „France were already on World Cup strike before Nicolas Anelka row“. The Guardian. 21 June 2010. Посетено на 1 August 2013.
- ↑ Edwards, Luke (19 November 2012). „Samir Nasri, William Gallas and Florent Malouda criticised in Raymond Domenech book“. The Telegraph. London. Посетено на 1 August 2013.
- ↑ „Domenech the reason for fiasco, says bitter Gallas“. Sydney Morning Herald. 8 July 2010. Посетено на 1 August 2013.
- ↑ „Gallas storms out of international football“. espn.co.uk. 6 June 2011. Посетено на 6 September 2020.
- ↑ 2. титула
- ↑ 2. место
- ↑ Еден настап во квалификациските кола.
- ↑ 2 настапи во квалификациските кола.
- ↑ 2 гола во квалификациските кола.
- ↑ 2 настапи во плејоф.
- ↑ Во плејоф.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вилијам Галас“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Вилијам Галас на soccerway
- Вилијам Галас на transfermarkt
- Вилијам Галас на espn
- Вилијам Галас на whoscored
|
|
- Родени во 1977 година
- Фудбалери на Светско првенство 2006
- Фудбалери на Светско првенство 2010
- Фудбалери на ФИФА Куп на конфедерации 2003
- Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј
- Фудбалери на ФК Арсенал
- Фудбалери на ФК Челзи
- Фудбалери на ФК Тотенхем
- Француски фудбалери
- Римокатолички христијани од Франција
- Фудбалери од Премиер Лига