Прејди на содржината

Википедија:Без правни закани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ЗАКАНИ
ВП:ТУЖБА
ВП:БПЗ
Најважното од страницава: Ако имате спор со Вики-заедницата или нејзините членови, водете се според соодветната резолуција. Ако изберете да користите правни постапки или се заканувате дека ќе покренете тужба за решавање на такви несогласувања, нема да ви биде дозволено да уредувате сѐ додека не се разреши тој спор. Во меѓувреме вашата корисничка сметка или IP-адреса може да биде блокирана. Љубезен извештај на правен проблем како клевета или кршење на авторските права не е закана и тој ќе се разгледа во најбрз можен рок.
Начела на Википедија
Глобални начела
Пет столба
Што не е Википедија
Занемарете ги сите правила
Начела за содржина
Неутрална гледна точка
Проверливост
Без оригинално истражување
Биографии на живи личности
Именување на статии
Работење со други
Учтивост
Без лични напади
Без правни закани
Консензус
Разрешување на спорови
Повеќе
Список на начела
Список на напатствија

Наместо да се заканувате со правни постапки, пополезно би било да ги решавате проблемите раководејќи се според начелото за решавање на спорови.

Ако сте решени да покренете судска постапка, ние не можеме да ве спречиме во вашата намера. Сепак, треба да се знае дека вие не смеете да ја уредувате Википедија додека правниот процес е во тек. Наместо тоа, треба директно да ѝ се обратите на засегнатата страна, по електронска пошта или на друг начин. Ако вашето прашање ја засега и самата Википедија, треба да ја контактирате страната која законски ја застапува Википедија, т.е. фондацијата Викимедија. Поставување правни закани на страниците на Википедија е забрането.

Ако упатите правни закани поради спор за содржината на Википедија, можете да бидете блокирани од уредување. Ова се прави бидејќи на правните спорови местото не им е на Википедија. За активирана правна закана треба да има известување на огласната табла за администратори или веднаш да биде известен одреден администратор.

Што не е правна закана

[уреди извор]

Учтива, културно доставена жалба во случај на кршење на авторски права не е правна закана.

Ако сте сопственик на заштитен материјал кој без ваше одобрение бил поставен на Википедија, јасно барање на дозвола дали материјалот е лиценциран за таква употреба е пожелно и добредојдено. Можете да ги известите надлежните лица, Викимедија фондацијата или да ги прочитате процедурите за проблеми со лиценците.

Начелото на Википедија за клеветење наложува материјалот кој содржи клевети веднаш да биде избришан. Дискусија за тоа дали материјалот е клеветнички во отсуство на закани со тужба не е правна закана. Ако сметате дека вие сте целта на текстот кој содржи клевета, контактирајте ги надлежните органи на „info-en@wikimedia.org“.

Согледување на правните закани

[уреди извор]

Важно е да се воздржите од оставање коментари кои другите можат да ги протолкуваат како правни закани по нив или по Википедија. Треба да се биде внимателен бидејќи целта на таквите коментари можеби не била судска завршница. На пример, ако искажете мислење во кое коментарите на друг корисник ги етикетирате како „навреда“ или „клевета“, другата страна може да го сфати тоа како правна закана, дури и целта да не им била таква. За да избегнете такво недоразбирање, користете поблаги изјави во кои ќе го искажете вашето гледиште.

Наместо експресно блокирање, администраторите треба да се уверат дека не постои недоразбирање и дека корисникот навистина го мислел тоа што го напишал. На пример, корисникот може да го сфати коментарот како „клеветнички“ без притоа да ги има на ум останатите начела (како тие за лични напади и неучтивост) кои се занимаваат со слична проблематика. Таквите пораки сами по себе не се сметаат за правни закани, но тие можеби спаѓаат во некое од претходно наведените начела и против нив треба соодветно да се реагира.

Образложение за ова начело

[уреди извор]

Иако сте слободни во одлучувањето дали треба да покренете правна процедура, сепак знајте дека Википедија не е место за тие работи. Упатувањето правна закана е непристојно и може да иницира посериозни проблеми:

  • Сериозно да го попречи слободното уредување на статии, концепт кој е апсолутно неопходен за да се обезбеди неутралноста на Википедија. Без оваа слобода, ризикуваме едно начело да засени друго, односно да создадеме системска пристрасност во нашите статии.
  • Создавање на лоша атмосфера и недостаток на доверба меѓу членовите на заедницата, со тоа намалувајќи ја нашата способност брзо и ефикасно да препознаеме меѓусебна добра волја.
  • Сме имале лошо искуство со корисници кои упатувале правни закани во минатото. Ако правно се заканувате, вашиот углед на Википедија значително ќе се наруши.

Ако се обидете недоразбирањата да ги разрешите користејќи ја постојната резолуција, нема да има потреба од правна завршница. Ако усвоената резолуција не ви помогне во изнаоѓање на решение на проблемот, а притоа се повикате на судска постапка, ќе го сторите тоа со знаење дека сте ги направиле сите разумни чекори за спогодбено решавање на ситуацијата.

Заклучок

[уреди извор]

Вики заедницата има долгогодишен општ принцип - „(речиси) сѐ е подложно на промени“. Според тоа, изјави дадени во лутина или погрешни проценки не треба засекогаш да се поврзуваат со одредени поединци, ако тие претходно љубезно и вистински се извиниле или ги повлекле.

Ова начело предвидува да се отстрани уредник кој упатил правни закани со цел да се спречи оштетување или нарушување на проектот. Уредникот не бил блокиран само поради „изрекување правна закана“, туку и поради тоа што:

  1. Се намалува веројатноста за влошување на ситуацијата;
  2. Се намалува стресот и се олеснува административниот товар на Вики;
  3. Се намалува непродуктивноста и негативното влијаение врз уредувачката атмосфера;
  4. Се спречува настанување на ситуација во која едно лице треба да ви биде соработник и тужител истовремено (логички поставено овие две улоги заемно се исклучуваат).

Ако ваквите конфликти се навремено разрешени, тогаш на казнетиот уредник треба да му се поништи блокот, освен ако нема друга причина повторно да му биде доделен.

Запомнете дека правниот тужител може да е личност која е вистински повредена или вознемирена. Ако некој е блокиран поради изрекување правни закани, важно е да се осигура дека сите можни фактички основи за поинаква постапка не се игнорирани или дека траат. Блокираниот корисник треба да се поучи како правилно треба да комуницира на Википедија. На тој корисник треба да му се стави дознаење дека по истекот на блокот тој и понатаму може слободно да уредува на Википедија (важен сегмент од начелото за неутралност). Запомнете дека целта на ова начело е да спречи правни закани, а не да ги попречи засегнатите страни во подобрување на статиите. И покрај споменатиот правен сегмент треба да претпоставиме добронамерност. Препоставувањето добронамерност не е чин на самопонижување, туку правилно постапување во вакви ситуации. Ако казнетата страна и понатаму продолжи со постојани жалби и лични напади, може да се соочи со трајно блокирање.