Ва-о-Фоноти
Ва-о-Фоноти | |
---|---|
округ | |
Карта на Самоа со означен Ва-о-Фоноти. | |
Држава | Самоа |
Население (2016) | |
• Вкупно | 1.621 |
Час. појас | +13 |
Ва-о-Фоноти (самоански: Va'a-o-Fonoti) е округ во Самоа. Округот се наоѓа на островот Уполу.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот се наоѓа на островот Уполу, поточно во североисточниот дел на островот. Округот има вкупна површина од 38 км2 и ја зафаќа областа околу заливот Фагалоа, како и едно село, ексклава, која е на 10 километри северозападно. Во округот има 10 села. Административен центар на округот е селото Самамеја. Округот е опколен од округот Атуа. Округот има вкупно население од 1621 жител според пописот од 2006 година, од кои само ексклавата има 582. Овој е најмал округ по број на жители во Самоа.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Ва-о-Фоноти бил основан како засебна традиционална кланска област (денес округ) во 16 век за време на воениот конфликт помеѓу благородничките челници на Атуа Фоноти Тупу Тафаифа од една страна и неговите браќа Вафусуага Толеафоа и Самалаулу од другата страна. Фоноти победил во овој конфликт и на народот од тој дел од Атуа им подарил засебна управа. Новиот создаден регион бил именуван во чест на Фоноти, име кое до денес се користи и значи „воено кану на Фоноти“..[2] Кланската титула во округот е Улуалофаига Таламаивао. Моментално оваа кланска титула е празна.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Fagaloa Bay - Uafato Tiavea Conservation Zone“. UNESCO World Heritage. Посетено на 13 November 2009.
- ↑ [1] The making of modern Samoa by Malama Meleisea, p.132
Поврзано
[уреди | уреди извор]13°57′S 171°32′W / 13.950° ЈГШ; 171.533° ЗГД