Бремен
Бремен
Bremen | ||
Центарот на градот Бремен | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Бремен | |
Градски единици | 5 окрузи | |
Градоначалник | Андреас Бофеншулте (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 326,73 км2 | |
- Метроп. | 11.627 км2 | |
Надм. височина | 12 м | |
Население | 569.396 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 1.743 жит/км2 | |
- Метроп. | 2,400,000 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | HB (со 1 до 2 букви и 1 до 4 цифри)[2] | |
Пошт. бр. | 28001–28779 | |
Повик. бр. | 0421 | |
Портал | Bremen online | |
Местоположба на градот Бремен во рамките на Бремен | ||
Координати | 53°05′0″N 8°48′0″E / 53.08333° СГШ; 8.80000° ИГД |
Бремен (службено: Градска општина Бремен; германски: Bremen или Stadtgemeinde Bremen) — главен град на сојузната покраина Бремен, сместен во северозападниот дел на Германија. Градот Бремен е единаесетти град по големина во Германија и припаѓа на метрополитенската област Северозапад.
Бремен бил важен ханзин град, поради што се развил во важен трговски и индустриски град. Поседува големо пристаниште на реката Везер.
Градското бременско прекуокеанско пристаниште Бремерхафен претставува една ексклава на градот Бремен во рамки на градот Бремерхафен.
Географија
[уреди | уреди извор]Бремен се наоѓа на обете страни на реката Везер, околу 60 километри од нејзиното устие во Северното Море, односно неговиот премин во т.н. „надворешен Везер“ кај Бремерхафен. Кај стариот град во Бремен Среден Везер преминува во Долен Везер, кој од железничкиот мост „Бремен“ станува пловен. Областа лево од Долен Везер е означена како Везермарш, додека десно од него припаѓа на триаголникот Елба-Везер. Реката Лезум, со своите притоки Виме и Хаме, Шенебекер Ауе и Блументалер Ауе, се притоки на реката Везер.
Градското подрачје е долго 38 километри и широко 16 километри (максимални вредности). Бремен е шеснаесетти најголем град во Германија по површина, како и втор најголем град во Северна Германија, по Хамбург, по број на жители, и единаесетти во цела Германија.
Бремен се наоѓа околу 50 километри источно од слободниот град Олденбург и 180 километри источно од Гронинген, 110 километри југозападно од Хамбург, 120 километри северозападно од Хановер, 100 километри северно од Минден и 105 километри североисточно од Оснабрик. Еден од бремерхафенската пристанишна област е наречено градско бременско прекуокеанско пристаниште Бремерхафен, што е всушност ексклава на градот Бремен.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Градот Бремен е целосно опкружен од територијата на покраината Долна Саксонија (со исклучок на ексклавата „Градско бременско прекуокеанско пристаниште Бремерхафен“, кое е опкружено од градското подрачје на Бремерхафен). На запад се граничи со слободниот град Делменхорст, како и со округот Везермарш со општините Лемвердер, Берне и Елсфлет, на север со округот Остерхолц со општините Шваневеде, Ритерхуде и Лилиентал, на исток со округот Ферден со општините Отерсберг, Ојтен, Ахим и на југ со округот Дипхолц со општините Ваје и Штур.[3] Бремен заедно со 26 други околни општини и два округа го образуваат комуналниот сојуз Долна Саксонија/Бремен во кој живеат 1,05 милиони луѓе.
Следни поголеми градови се: на запад градот Олденбург и на север приморскиот град Бремерхафен. Во пошироката област на Бремен живеат 987.400 жители,[4] додека во метрополитенската област Северозапад има над 2,37 милиони жители.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градското подрачје на Бремен е поделено на пет градски окрузи. Од нив се издвоени 88 места, кои образуваат 18 градски делови подредени на петте градски окрузи. За градските делови постојат соодветни совети, кои се надлежни за локални прашања.
Градски округ | Единици | Површина | Жители | Густина на населеност | Карта |
---|---|---|---|---|---|
Мите[5]
|
|
33,741 км² | 17.392 | 515 жит/км² |
|
Зид 2 |
|
66,637 км² | 123.303 | 1.850 жит./км² |
|
Ost 3 |
|
108,201 км² | 218.843 | 2.023 жит./км² |
|
Вест 4 |
|
56,606 км² | 89.216 | 1.576 жит./км² |
|
Норд 5 |
|
60,376 км² | 98.606 | 1.633 жит./км² |
Кон градот Бремен припаѓа и градското бременско прекуокеанско пристаниште Бремерхафен со површина од 8 км², кое во рамки на договорите општинската управа припаѓа на градот Бремерхафен.[6] Областа припаѓа на градската единица Хефен.
Водотеци
[уреди | уреди извор]Реката Везер тече низ самиот град и претставува граница со која градот е поделен на лев и на десен брег. Важна граница е и реката Лезум помеѓу самиот центар на градот и Бремен-Норд, која е притока на Везер. Јужно од Лезум е мочуриште, познато како Вердерланд, додека северно е гестот познат како бременска Швајцарија. Друга притока на Везер е Охтум, на која поминува јужната граница. Реката Виме тече низ Боргфелд и е гранична река до нејзиното устие (заедно со Хаме) во Лезум.
Природни области
[уреди | уреди извор]Бремен има 18 заштитени природни подрачја со вкупна површина од 2.126,9 хектари и со 6,69% од градското подрачје е заштитено.[7] Како најголеми области се Боргфелдер Вимевизен (677 хектари), Охтумнидерунг кај Брокхухтинг (375 хектари), Вердерланд (330,7 хектари) и западниот дел на Холерланд (293 хектари).
Возвишенија
[уреди | уреди извор]Стариот дел на градот се наоѓа на дина на Везер, поради што бременската катедрала е подигната на природна височина од 10,5 метри; највисоката точка во градското подрачје е 14,4 метри источно од Куќата на полицијата. Со 32,5 метри највисока природна точка во градот и покраината Бремен се наоѓа во паркот Фридехорст, во северозападниот дел на местото Бурглезум.[8] Со тоа Бремен ја има најниската точка од сите сојузни покраини.[9] Врвот на депонијата за отпад во местото Ховег има височина помеѓу 42 метри[10] и 49 метри.[11]
Клима
[уреди | уреди извор]Бремен, како и голем дел на Германија освен повисоките планински и алпски области, има свежа клима со силно морско влијание поради неговата близина со Северното Море. Сепак, во секое годишно време може да има влијание на континенталните воздушни маси, поради што лете се појавуваат топлотни бранови, а зиме подолги периоди на мрзнење. Вообичаено, температурите ретко одат под −15 °C и над 35 °C. Најтопол месец е јули со просечна температура од 18,0 °C, додека најладен е јануари со 1,8 °C.[12] Највисока измерена температура во Бремен изнесува 37,6 °C на 9 август 1992 година, додека најниска измерена температура изнесува −23,6 °C на 13 февруари 1940 година.[13]
Клима на Бремен | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 5,1 | 6,9 | 9,9 | 14,6 | 19,3 | 22,9 | 24,3 | 23,9 | 20,0 | 14,4 | 8,9 | 7,8 | 14,9 |
Просечна температура (°C) | 2,4 | 3,5 | 4,2 | 9,1 | 13,5 | 17,2 | 18,7 | 18,2 | 14,8 | 10,6 | 5,9 | 5,4 | 10,3 |
Просечна минимална (°C) | −0,2 | 0,2 | 1,6 | 3,6 | 7,7 | 11,6 | 13,1 | 12,5 | 9,6 | 6,8 | 3,0 | 3,0 | 6,1 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 62 | 56 | 47 | 44 | 26 | 62 | 51 | 68 | 56 | 48 | 59 | 46 | 625 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 19 | 15 | 17 | 14 | 12 | 15 | 14 | 16 | 15 | 17 | 17 | 19 | 190 |
Влага (%) | 87 | 84 | 80 | 75 | 71 | 73 | 75 | 75 | 81 | 84 | 87 | 88 | 80 |
Сончеви часови (дневно) | 1,5 | 2,5 | 3,5 | 5,7 | 6,9 | 6,4 | 6,6 | 6,2 | 4,8 | 3,5 | 1,8 | 1,3 | 4,2 |
Извор: DWD, Daten: 2015–2020;[14]wetterkontor.de |
Историја
[уреди | уреди извор]Први населби
[уреди | уреди извор]Помеѓу I и VIII век на реката Везер се основале првите населби, кои имале една долга дина како заштита од поплава и истовремено дозволувале пристап за речен премин.
Епископија
[уреди | уреди извор]Како епископски град и трговска населба, историјата на Бремен потекнува од VIII век.[15] На почетокот областа била несигурна за мисионерите, како што напишал мисионерот Вилехад 782: „… бевме протерани од Бремен и двајца свештеници беа убиени“. Градот бил освоен од Карло Велики во 787 година, кога го прогласил епископско седиште.
Од доцниот IX век, епископијата се споила со Хамбуршката епископија, создавајќи ја Епископијата Хамбург-Бремен. За време на водството на Адалберт (1043–1072) првпат имал влијание на царско ниво.
Царска слобода и Ханза
[уреди | уреди извор]Со декрет на царот Фридрих Барбароса од 1186 година, Бремен станал царски град.
Во 1260 година, градот станал член на Ханза, но не бил целосно сигурен партнер. Бремен при своето членство во Ханзата процветал со слободната трговија, што може да се забележи и денес од бројните културни споменици. Градот, кој станувал сѐ позначаен стопански, делумно го отфрлил црковното владеење на Бременската епископија и ги подигнал Роланд (1404) и Градското собрание (1409) на главниот плоштад како симболи на неговата световна слобода. Денес, овие градби се заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство.
Ширење на градот
[уреди | уреди извор]Утврдениот Нојштад бил подигнат во периодот 1574 и 1590 година како заштита на пристаништето на западниот брег Везер. Меѓутоа, Везер постепено станувал песоклив и со тоа потежок за пловење на трговските бродови, со што закотвувањето кај Шлахте станувало неизводливо, иако било користено како пристап до длабоко море од XIII век. Затоа, од 1619 до 1623 година, холандските инженери го изградиле првото вештачко пристаниште во Германија, кај Фегезак (градска единица на Бремен).
Царска непосредност
[уреди | уреди извор]Во текот на Триесетгодишната војна, Бремен успеал да добие декрет за царска непосредност доделен од царот Фердинанд III. Меѓутоа, оваа царска непосредност останала под закана. Така, во 1741 година, Бремен морал да направи отстапки со Кнежевството Брауншвајг-Линебург за да постигне договор.
Во 1783 година, бременските трговски започнале директна трансатлантска трговија со САД. Во 1802 година, градот го ангажирал пејзажниот градинар Исак Алтман да ги обликува поранешните градски бедеми во денешната состојба на зелен појас.
Француска окупација, основање на Бремерхафен
[уреди | уреди извор]Во 1811, Наполеон го окупирал Бремен и го прогласил за главен град на департманот Устие на Везер во француската држава. По нивниот пораз во војните за ослободување, француските трупи го напуштиле Бремен во 1814 година.
Во XIX век, Бремен одиграл клучна улога во развојот на германската прекуокеанска трговија. Во 1817 година, во бродоградилиште на Јохан Ланге бил изграден првиот германски пароброд. Паробродот со лопатки „Везер“ сообраќај како патнички и поштенски брод помеѓу Бремен, Фегезак, Елсфлет и Браке, подоцна исто така Гестеминде до 1833 година. Поради постојаните наноси со песок на Везер, во 1827 година била основана населбата Бремерхафен како истурена единица на земјиште купено од Кралството Хановер. Договорот за стекнување со пристаништето бил потпишан на 11 јануари 1827 година.[16]
Затворањето на градските порти на зајдисонце било укинато во 1848 година. Ова го забрзало индустрискиот развој на градот. Железничката линија Вунсторф-Бремен, финансисрана заеднички од Кралството Хановер и Бремен, била пуштена во употреба во 1847 година. По исушувањето на околните мочуришта во 1853 година започнале да се градат куќи во предградијата на Бремен, кои подоцна биле наречени бременски куќи.
Индустријализација
[уреди | уреди извор]Во 1812 година, Бремен имал околу 35.000 жители, додека границата од 100.000 ја преминал во 1875 година. Во 1911 година, градот стигнал до 250.000 жители. Во 1857 година била основан поморското претпријатие Северногермански Лојд. Во 1867 година, Бремен станал составен член на Северногерманскиот Сојуз, а во 1871 година на Германското Царство. Поради пристаништата, ханзините градови Бремен, Хамбург и Лике по 1870/71 година останале бесцарински зони. Дури во 1888 година станале дел од германската царинска зона. Слободните пристаништа на Бремен и Хамбург сепак останале надвор од германската царинска зона. Во периодот 1886-1895 била обезбедена пловидбата на морските бродови до Бремен преку Везер. Во 1890 година се одржала Северозападната германска стопанска и индустриска изложба на подрачјето на Градскиот парк. Стопанскиот развој на Бремен напредувал за време на Вајмарската Република. На аеродромот започнале летови во 1920 година. Во 1928 година бил подигнат кејот „Колумбус“ во Бремерхафен. Од таму испловил патничкиот брод „Бремен“, кој нудел најбрз премин на Атлантикот. Со стопанскиот развој, бројот на жители значително пораснал.
Бремен како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Бременските градски музиканти“ — сказна на браќата Грим.[17][18]
- „Бременска ноќ“ (Bremen Nacht) — песна на британската рок-група „Фол“ од 1988 година.[19]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Движење на населението во покраината Бремен“ (PDF). Статистичка служба на Бремен (германски). јуни 2023.
- ↑ Регистрациската ознака HB со 1 буква и 4 цифри е одредена за возилата од Бремерхафен.
- ↑ Marko Holzschneider, Marion Müller (1999). „Stadtregion Bremen: Die Stadt Bremen und ihr Umland“ (PDF). finanzen.bremen.de. Die Senatorin für Finanzen. Архивирано од изворникот (PDF; 142 kB) на 2018-10-29. Посетено на 2016-05-08.
- ↑ „Bremen/Niedersachsen, Urbane Agglomerationen“. citypopulation.de. Посетено на 2020-12-29.
- ↑ Бројките од Статистичката служба на Бремен не може директно да се користат. Statistisches Jahrbuch 2009 (PDF-Datei; 3,8 MB), S. 9 addiert.
- ↑ „§ 8 Verfassung Bremerhaven“. Transparenzportal Bremen. Посетено на 2016-04-15.
- ↑ „Übersicht Naturschutzgebiete“. umwelt.bremen.de. Der Senator für Umwelt, Bau und Verkehr. Архивирано од изворникот на 2015-07-02. Посетено на 2015-06-28.
- ↑ „Statistisches Jahrbuch 2014“ (PDF; 3,5 MB). statistik.bremen.de. Statistisches Landesamt Bremen. 2014-12. стр. 25. Посетено на 2015-06-04. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ 100 schräge Fakten über diese Stadt. In: Zitty. 16/2012, S. 15.
- ↑ Caroline Süss (2012-05-24). „Panoramablick und Fakten bei der Bergtour“. weser-kurier.de. Weser Kurier. Посетено на 2015-06-04.
- ↑ . Books on Demand. стр. 32–35. ISBN 978-3-8370-3316-8. Занемарен непознатиот параметар
|Title=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|Date=
(се препорачува|date=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|Author=
(се препорачува|author=
) (help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Temperatur: Langjährige Mittelwerte 1981–2010“. dwd.de. Deutscher Wetterdienst. Посетено на 2016-02-10.
- ↑ „Wetterrekorde Deutschland – Wetterdienst.de“. wetterdienst.de. Deutsches Wetterdienst. Посетено на 2016-02-10.
- ↑ Klima Bremen – Wetterdienst, Deutscher Wetterdienst, auf wetterdienst.de
- ↑ Bremen. In: Heinrich Gottfried Philipp Gengler: Codex juris municipalis Germaniae medii aevi. Regesten und Urkunden zur Verfassungs- und Rechtsgeschichte der deutschen Städte im Mittelalter. Erlangen 1863, Предлошка:Google Buch, S. 314b (Scan mit Textverlusten am Seitenrand).
- ↑ Nordsee-Zeitung. Sonderausgabe: 150 Jahre Bremerhaven. Juni 1977.
- ↑ Браќа Грим, Храбриот кројач, Детска радост, Скопје, 1980.
- ↑ Браќа Грим, Сказни, Наша книга, Скопје, 1972, стр. 29-32.
- ↑ Discogs, The Fall – The Frenz Experiment (пристапено на 22.10.2020)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бремен на Ризницата ?
- Официјална страница на градот
- Официјална страница за туристи (различни јазици)
- Официјална страница на Das Viertel
- Сеќавања од Втората светска војна во Бремеб
|
|
|
|
|