Прејди на содржината

Бива (инструмент)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Колекција на изложени биви во јапонски музеј.
Перца за чикузен (лево) и сацума бива (десно).

Бива (琵琶)јапонски традиционален музички инструмент, жичен, во форма на лејта со краток врат, богато украсен со орнаменти. Обично се користела за наративно пеење и усмено пренесување на приказни и митови. Бивата исто така е избран инструмент на шинтоистичката божица Бензајтен (божица на музиката, елоквенцијата, поезијата и образованието).

Тешко е точно да се утврди кога бивата е донесена во Јапонија; некои научници тврдат дека води потекло уште од периодот кофун (250-538 н.е.). Други пак сметаат дека постои можност дека бивата била донесена во текот на владеењето на царот Кинмеј, од страна на слепите будистички монаси познати под името мосо.