Бергамот
Бергамот | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Розиди |
Ред: | Сапуновидни |
Семејство: | Седевчиња |
Род: | Цитрус |
Вид: | Бергамот |
Научен назив | |
Citrus bergamia (Risso) Wright & Arn. [1] |
Бергамот или бергамот-портокал (науч. Citrus aurantium subsp. bergamia) — мал агрум со приближно крушест облик. Ова овошје за првпат е добиено во Италија, со вкрстување на крушест лимон и горчлив портокал или грејпрфут. Расте на мали дрва со исто име.
Овошјето главно се одгледува на јонскиот крајбрежен регион во покраината Калабрија, дотолку што претставува симбол на целиот регион и градот. Тој обем и квалитет не може да се добие никаде на друго место во светот; се одгледува и на Брегот на Слоновата Коска, Аргентина и Бразил но добиениот квалитет на есенција не може да се спореди со оној од Реџо Калабрија заради тамошните аргилитни, варовнички и алувијални наслаги.
Овошјето е кисело, а од неговата ароматична кора се добива етерично масло кое се користи во чајот Ерл Греј, кај парфемите, за слатки и ароматерапијата за лекување на депресија. Се користи и за полесно варење. Бергамотот е и состојка на првата колонска вода направена во Германија во XVII век.
Најмалку еден италијански производител прави мармалад чија главна состојка е бергамот. Во Грција од него се прави слатко.
Бергамот-портокалот нема сродна врска со истоимената билка.
Маслото има некои негативни ефекти како осетливост на светлина (заради хемикалијата бергаптен) и спречување на желудечна апсорпција на калииум во организмот.[2],[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Етерично масло од бергамот во ароматерапијата Архивирано на 19 јуни 2012 г. (англиски)
- БиБиСи - Статија за одгледувањето на бергамот во Калабрија, Италија (англиски)
- За бомбоните „Нансиски бергамот“ Архивирано на 10 февруари 2009 г. (англиски)