Баухаус
Државното училиште Баухаус, познато само како Баухаус (герм. Bauhaus) — училиште за архитектура и декоративна уметност, кое постоело од 1919 до 1933 година. Според видот и концепцијата, појавата на училииштето претставувало појава на нешто сосема ново, а денес важи за дом на авангардата на современоста во сите подрачја на слободната и применетата уметност и се смета за посебен архитектонски стил.
Баухаус било основано во Вајмар од страна на Валтер Гропиус, а причина за основање на училиштето била идејата за создавање здружение на занаетчии-уметници, кои ќе бидат подучувани од уметници, со цел да се дојде до заедничко истражување на професорите и студентите во примената на новите техники, материјали и облици во архитектурата, производството на мебел и обликувањето на употребните предмети. Основачите имале за цел да ги задоволат масовните потреби на населението и се стремеле да создадат допадливи предмети со поволна цена и максимална удобност.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Предисторија
[уреди | уреди извор]Во 1902 година, белигскиот архитект, Хенри ван де Велде, организирал уметничко-занаетчиски семинар, кој се одржал во Вајмар, а во 1907 година прераснал во „Уметничко-занаетчиски институт“.[2] Не е спорно дека ван де Велде веќе вовел значителен број на методи и принципи, по кои подоцнежниот Баухаус станал познат.[3]
Вајмар
[уреди | уреди извор]Државното училиште Баухаус во Вајмар било основано на 12 април 1919 година со здружување на Саконскиот универзитет за луковна уметност во Вајмар и Уметничко-занаетчиското училиште, коешто било затворено во 1915 година.[4]
Како професори, Гропиус успеал да вработи познати уметници, како Лионел Фајнингер, Јоханес Итен, Јозеф Алберс, Паул Кле (од 1921), Василиј Кандински (од 1922) и Оскар Шлемер (од 1921). Предавањето во Баухаус се сочинело со одржување на почетнички часови и работа во работилници. Со работилниците раководеле уметници познати како мајстори на формата и мајстори кои се занимавале со рачна изработка. На почетокот, постоела мешавина од романтичките елементи применувани во прединдустриското производство со современите пристапи. Проектите на Баухаус, како што бил „Haus Sommerfeld“, во овој период биле експресионистилки. Во 1923 година бил ангажиран конструктивистот Ласло Мохоли-Наѓ како замена на сликарот Јоханес Итен. Истата година, Haus am Horn во Вајмар бил првиот проект којшто бил доследен во архитектурата и уредувњето на новата објективност, кој наликувал на проектите на холандското училиште од тој период, „Де Стајл“. Во јавноста, овие градби важеле за „студени“, „сиромашни“ и „машински“.
Во време на Вајмарската Република важеле професорите и учениците во Баухаус, како и неговите обожавателите за „леви“ и „меѓународни“. Десничарските политички партии уште на почетокот се наслонле кон училиштето. По промената на власта во Тирингија на изборите во февруари 1924 година, новата влада на чело со Рихард Лојтхојсер го намалила буџетот за 50%. По тоа, се појавиле нови градови кои им се понудиле на професорите и учениците. Откако финансиски и политички било под притисок од страна на владата на Тирингија, во 1925, советот на училиштето донело одлука, истото да се пресели во Десау. Таму, конструкторот на авиони, Хуго Јункерс, дал поддршка, а освен тоа во овој индустриски град владеело стабилно социјалдемократско и либерално мнозинство. Со тоа, Вајмарскиот Баухаус бил затворен во 1925 година.
Десау
[уреди | уреди извор]Во 1925 година, училиштето било преместено во Десау. Таму биле создадени првите парчиња мебел од челични шипки како нов материјал, а Марсел Броер, Март Штам и Лудвиг Мис ван ден Рое ги обликувале пвите столици на носење. Со тоа, започнала соработката со индустријата.
На 4 декември 1926, свечено била отворена новата зграда на Ваухаус, чијшто архитект бил Валтер Гропиус. Страната од градбата, којашто била свртена кон улицата, била целосно застаклена и особено наликувала на куќите кои во тоа време ги конструирал Гропиус, а биле наменети за живеење и како и зградата на Баухаус биле доследни и одлични принероци на единството на живеењето и работата.
На 1 април 1928, Гропиус се повлекол од функцијата директор. По негово предлог, за нов директор бил избран швајцарскиот архитект Ханес Мајер, кој за Баухаус не само што ја смислил паролата „народна потреба наместо луксузна потреба“, туку ја забрзал заедничката работа со индустријата и предизвикал зголемен интерес за предметот архитектура.[5] Мајер останал директор, сè до неговото разрешување од страна на градоначалникот на Десау, на 1 август 1930 година.
Од 1930 до 1933 година, со Баухаус раководел архитектот, Лудвиг Мис ван ден Рое. На 19 јули 1933 година, училиштето било трајно затворено. Многу од неговите членови се преселиле во странство и го изнеле меѓународното проширување на идејата за Баухаус.
Во 1945 година, зградата на Баухаус во Десау била делумно уништена, по што била обновена во 1976 година.
Берлин
[уреди | уреди извор]Во 1931 година, на локалните избори во Десау победила Националсоцијалистичката работничка партија на Германија. Така, во 1932 година, Баухаус морало да се пресели по вторпат. Овој пат, новото место на училиштето бил градот Берлин. Сепак, кратко потоа, во 1933 година, институцијата била принудена од националсоцијалистите да биде трајно затворена.
Активости и одлики
[уреди | уреди извор]Целта на училиштето била да се создаде ново здружение на уметниците-занаетчии под водство на уметници-професори, коешто ќе има за цел заедничка потрага по нови техники, нови материјали и нови облици, кои ќе се применуваат во архитектурата, изработката на мебел и употребни предмети.
Во Баухаус се одржувале часови по столарство, ткаење и грнчарство, како и по сликарство, графика и фотографија.
На практичната работа се врзувале теориските објаснувања за перцепцијата и бојата, на начин кој за тоа време бил доста напреден, со цел од учениците да се ослободи создавачката енергија.
Од повеќестручните активности кои се развивале во Баухаус и работењето од замисла до остварување, произлегол современиот индустриски дизајн.
Фотографијата и графиката, повторно биле откриени во Баухаус, каде што се експериментирало со бесконечниможности поврзани со употребата на фотографскиот апарат, како: колаж, фотографска монтажа, двојна експозиција, зголемуање на негативот и други технички средства, кои денес се во секојдневна употреба.
Градбите, мебелот и разните предмети кои биле конструирани во Баухаус биле врз основа на функционалноста. Нивната естетската вредност морала да произлегува од совршениот спој на обликот и функцијата. Сите творби на претставниците на Баухаус се одликувале со најголема можна едноставност.
Според сфаќањето на Баухаус, на предметите не треба да им се додаваат украси кои би го сокриле или подобриле лошиот изглед и безобличните делови, туку е потребно тие делови да бидат обликувани на убав, уметнички начин, па така предметот да биде убав сам по себе. Под влијание на одредени правци на современата уметност: експресионизмот, кубизмот и особено апстрактната уметност, кои се стремеле кон поедноставување и пронаоѓање на нови облици, обликувањето на нови предмети добило ново значење во создавањето функционалност на предметите како креативен чин. Идејата на Баухаус се почитува и денес, преточена во правилата на индустрискиот дизајн: единствената намена, почитување на материјалот и сериското производство.
Обликувањето и контролирањето на пластично-просторната околина во Баухаус било поставувано како идеална цел. Активностите за тоа биле насочени кон откривање на основните креативности, а со тоа и хуманизација на функцијата на предметот, рационализација на новите облици и подготовка на индустриското обликување. Сепак, општеството не било зрело да прифати такви предмети и Баухаус останало само генијално училиште и подготовка за идниот индустриски дизајн.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Баухауз (Bauhaus) Архивирано на 27 ноември 2010 г., 4living.ru
- ↑ Henry van de Velde in Weimar 1902 bis 1917 Архивирано на 31 јануари 2012 г., www.thueringen.de
- ↑ Der unbekannte Mr. Bauhaus
- ↑ Zur Gründungsphase des Bauhauses siehe jetzt Volker Wahl: Wie Walter Gropius nach Weimar kam. Zur Gründungsgeschichte des Staatlichen Bauhauses in Weimar 1919. In: Die große Stadt. Das kulturhistorische Archiv von Weimar-Jena. Band 1, 2008, S. 167–211, der zeigt, dass die in der Literatur zu findenden Gründungsdaten 21. März oder 1. April 1919 auf Missverständnissen beruhen.
- ↑ Hans M. Wingler: „bauhaus“ (Bramsche, 1975) – S. 462
Литература
[уреди | уреди извор]- Bauhausbücher. Schriftenreihe. Albert Langen, München 4.1924–1914.1929.
- Hans M. Wingler (Hrsg.): Neue Bauhausbücher. Neue Folge der von Walter Gropius und László Moholy-Nagy begründeten Bauhausbücher. Schriftenreihe. Mann, Berlin 1925ff., Kupferberg, Mainz 1965ff. (Repr.)
- Michael Siebenbrodt, Lutz Schöbe: Bauhaus 1919–1933. Parkstone International / Kroemer, New York 2009. ISBN 978-1-85995-628-1.
- Michael Eckardt (Hg.): Bauhaus-Spaziergang: in Weimar unterwegs auf den Spuren des früheren Bauhauses. Verlag der Bauhaus-Universität, Weimar 2009. ISBN 978-3-86068-378-1.
- Hajo Düchting (Hg.): SEEMANNS Bauhaus-Lexikon. Henschel, Leipzig 2009. ISBN 978-3-86502-203-5.
- Annette Seemann: Aus Weimar in alle Welt - Die Bauhausmeister und ihre Wirkung. Henschel, Leipzig 2009. ISBN 978-3-86502-183-0.
- Wolfgang Thöner, Ute Ackermann: Das Bauhaus lebt. Henschel, Leipzig 2009. ISBN 978-3-86502-208-0.
- Kirsten Baumann: Bauhaus Dessau: Architektur, Gestaltung, Idee. Jovis, Berlin 2007.
- Boris Friedewald: Bauhaus. Prestel, München 2009. ISBN 978-3-7913-4201-6.
- Marty Bax: Bauhaus Lecture Notes 1930–1933. Theory and practice of architectural training at the Bauhaus, based on the lecture notes made by the Dutch ex-Bauhaus student and architect J.J. van der Linden of the Mies van der Rohe curriculum. Architectura & Natura, Amsterdam 1991. ISBN 90-71570-04-5.
- Michael Siebenbrodt: Bauhaus Weimar, Designs for the Future; Bauhaus Weimar, Entwürfe für die Zukunft. Hatje Cantz, Ostfildern 2000. ISBN 3-7757-9030-6.
- Ulf Meyer: Bauhaus. Prestel, München 2006. ISBN 3-7913-3613-4.
- Jeannine Fiedler, Peter Feierabend (Hrsg.): Bauhaus. Könemann bei Tandem, Köln 1999. ISBN 3-89508-600-2.
- Michael Siebenbrodt, Gerda Wendermann, Constanze Hofstaetter, Emese Doehler, Eberhard Renno, Stefan Renno, Rolf Bothe: Karl Peter Röhl in Weimar 1912–1926. Stiftung. Kunstsammlungen, Weimar 1997.
- Michael Siebenbrodt, Utz Brocksieper, Heinrich Brocksieper, Ulrich Hermanns, Walter Klein, Eberhard Renno, Rolf Bothe: Heinrich Brocksieper. Nahsichten. Kunstsammlungen, Weimar 1998. ISBN 3-929323-15-X.
- Michael Siebenbrodt: Kunstsammlungen zu Weimar. Bauhaus-Museum. Weimar 1995–2006. ISBN 3-422-06584-9.
- Peter Hahn, Michael Siebenbrodt, Hardt W Hämer, Magdalena Droste, Jenny Anger, Manfred Ludewig, Rolf Bothe: Das Bauhaus webt. Die Textilwerkstatt des Bauhauses. G & H Verlag, Berlin 1998. ISBN 3-931768-20-1.
- Andrea Legde: Eine Zelle, die ausstrahlt in die Welt – Das Bauhaus. in: Ursula Peters: Moderne Zeiten. Die Sammlung zum 20. Jahrhundert. Kulturgeschichtliche Spaziergänge im Germanischen Nationalmuseum. Bd. 3. In Zusammenarbeit mit Andrea Legde. Verlag des Germanischen Nationalmuseums, Nürnberg 2000 (insb. S. 141–152). ISBN 3-926982-61-6.
- Magdalena Droste: bauhaus. Taschen, Köln 2002. ISBN 3-8228-2102-0.
- Magdalena Droste: Bauhaus 1919–1933. Reform und Avantgarde. Taschen, Köln 2006. ISBN 3-8228-2222-1.
- Cornelius Steckner: Bauhaus und Hamburgische Universität in: Gudrun Wolfschmidt (Hrsg.): Hamburgs Geschichte einmal anders. Entwicklung der Naturwissenschaften. Nuncius Hamburgensis – Beiträge zur Geschichte der Naturwissenschaften. Bd 2. Medizin und Technik, Norderstedt 2007, S. 30–57. ISBN 978-3-8334-7088-2.
- Walter Scheiffele: bauhaus junkers sozialdemokratie – ein kraftfeld der moderne. form+zweck, Berlin 2003. ISBN 3-935053-02-9.
- Hans M. Wingler: Das Bauhaus. 1913–1933 Weimar Dessau Berlin und die Nachfolge in Chicago seit 1937. DuMont, Köln 1968, 2002. ISBN 3-8321-7153-3.
- Christoph Wagner (Hrsg.): Das Bauhaus und die Esoterik. Johannes Itten, Wassily Kandinsky, Paul Klee. Kerber, Bielefeld 2005. ISBN 3-938025-39-5.
- Rainer Wick: bauhaus-Pädagogik DuMont, Köln 1982, 1994. ISBN 3-7701-1268-7.
- Herbert Bayer: 50 Jahre Bauhaus. Ausstellung, veranstaltet vom Württembergischen Kunstverein Stuttgart, Kunstgebäude am Schloßplatz, 5. Mai – 28. Juli 1968. Württembergischer Kunstverein, Stuttgart 1968.
- Die Bühne im Bauhaus. A. Langen, München 1925.
- Tom Wolfe: Mit dem Bauhaus leben („From Bauhaus to our house“). Aus dem Amerikanischen von Harry Rowohlt. EVA, Hamburg 2007. ISBN 3-86572-638-0.
- Anja Baumhoff: The Gendered World of the Bauhaus. The Politics of Power at the Weimar Republic's Premier Art Institute, 1919–1931. Peter Lang, Frankfurt/Berlin/New York 2001. ISBN 3-631-37945-5.
- Anja Baumhoff: Bauhaus in: Hagen Schulze, Etienne Francois, (Hgs.): Deutsche Erinnerungsorte. Studien zur historischen Philosophie von Pierre Nora, München, C. H. Beck Verlag, S. 584–600, ISBN 3-406-47223-0.
- Brigitte Salmen et al.: Bauhaus-Ideen – Um Itten, Feininger, Klee, Kandinsky: Vom Expressiven zum Konstruktiven, Schloßmuseum Murnau, 2007, ISBN 3-932276-24-8.
- Dorothea Fischer-Leonhardt: Die Gärten des Bauhauses – Gestaltungskonzepte der Moderne, JOVIS Verlag Berlin 2005, ISBN 978-3-936314-34-2.
- Torsten Blume, Burghard Duhm: Bauhaus.Bühne.Dessau – Szenenwechsel. edition bauhaus, Bd. 21, JOVIS Verlag Berlin 2008, ISBN 978-3-936314-81-6.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Баухаус“ на Ризницата ? |
- Архива на Баухаус, официјално мрежно место
- Иниверзитет Баухаус во Вајмар (германски)
- Град на Баухаус (германски)
- 90-годишен јубилеј во Вајмар (германски)
- Bauhaus Архивирано на 24 ноември 2010 г., Open Directory Project
|