Прејди на содржината

Балади (Шопен)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Четвртата балада на Фредерик Шопен, оп. 52. Автографски ракопис, 1842 година, Бодлиова библиотека.

Четирите балади на Фредерик Шопен се дела со еден став за соло пијано, компонирани помеѓу 1831 и 1842 година. Тие се сметаат за едни од најважните и најпредизвикувачките дела во стандардниот репертоар за пијано.[1][2][3]

Облик

Поимот „балада“ бил користен од Шопен во смисла на балетски интерлудиум или танц, што е еднакво на старата италијанска балата, но поимот може да има и конотации на средновековната јуначка балада, наративна минстрал-песна, често со фантазиски одлик. Има драматични и танцови елементи во употребата на жанрот од страна на Шопен, и може да се каже дека е пионер на баладата како апстрактен музички облик. Се вели дека четирите балади биле вдахнати од пријателот на Шопен, поетот Адам Мицкевич.[1][4] Сепак, точното вдахновение за секоја поединечна балада е нејасна и спорно.

Иако баладите не одговараат точно на обликот на соната, „обликот на баладата“ создадена од Шопен за неговите четири балади е варијанта на обликот на соната со специфични несовпаѓања, како што е репризата на огледалото (претставувајќи ги двете експозициски теми во обратен редослед за време на рекапитулацијата). Баладите директно влијаеле на композиторите како Франц Лист и Јоханес Брамс кои, по Шопен, напишале свои балади.[2]

Покрај споделувањето на насловот, четирите балади се ентитети различни еден од друг. Според композиторот и музички критичар Луј Елерт, „Секоја [балада] целосно се разликува од другите, и тие имаат само едно нешто заедничко – нивната романтична работа и благородноста на нивните мотиви“.[2] Меѓутоа, современите теоретичари покажаа дека баладите имаат многу заедничко, како што е „баладниот метар“ (6
4
или 6
8
) и одредени формални практики како што е реприза на огледалото и одложување на структурната доминанта.

Балада бр.1

Баладата бр. 1 во г-мол, оп. 23, била завршена во 1835 година во Париз.[5]

Балада бр.2

Баладата бр. 2 во Ф-дур, оп. 38, била составена од 1836 до 1839 година во Ноан, Франција и на шпанскиот остров Мајорка.

Балада бр.3

Баладата бр. 3 во А дур, оп. 47, е составена во 1841 година во Ноан.[6]

Балада бр.4

Баладата бр. 4 во Ф-мол, оп. 52, била компонирана во 1842 година во Париз и Ноан и ревидирана во 1843 година.[6]

Снимки

Четирите балади се снимени од многу пијанисти, меѓу кои Артур Рубинштајн, Владимир Ашкенази, Дину Липати, Свјатослав Рихтер, Марта Аргерич, Емануел Акс, Андреј Гаврилов, Јунди Ли, Сеонг-Џин Чо, Мареј Перахија и Кристијан Цимерман.[7] Весникот Guardian ја опишал снимката на Кристијан Цимерман со Дојче Грамофон како „клучна снимка“.[7]

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Chopin: Complete Music Analysis - Ballades“. ourchopin.com. Посетено на 16 март 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 Huneker, James (1921). Chopin: the Man and his Music. стр. 414. ISBN 1-60303-588-5. Посетено на 16 март 2023.
  3. Samson, Jim (1992). Chopin: the Four Ballades. Cambridge University Press. doi:10.1017/CBO9780511611650. ISBN 9780511611650.
  4. Zakrzewska, Dorota (1999). „Adam Mickiewicz's "Ballady" and Chopin's Ballades“. Polish Music Journal. 2 (1–2). ISSN 1521-6039. Посетено на 16 март 2023.
  5. Smaliek, William; Trochimczyk, Maja (2015). Fréderic Chopin: A Research and Information Guide (2. изд.). Њујорк и Лондон: Routledge. стр. xxviii. ISBN 978-0-415-99884-0.
  6. 6,0 6,1 Bielecki, Artur. „Ballades“. Narodowy Instytut Fryderyka Chopina. Посетено на 16 март 2023.
  7. 7,0 7,1 „Building a classical library - Chopin: Four Ballades“ (англиски). 11 август 2000. Посетено на 16 март 2023.

Надворешни врски