Прејди на содржината

Базилика Нуестра Сенора де Атока

Од Википедија — слободната енциклопедија
Базилика Нуестра Сенора де Атока
Basílica de Nuestra Señora de Atocha
Основни податоци
МестоМадрид, Шпанија
Нашата госпоѓа од Аточа

Базиликата Нуестра Сенора де Атока (шпански: Basílica de Nuestra Señora de Atocha) е базилика која се наоѓа во Мадрид, Шпанија. Таа е една од трите базилики во престолнината на Шпанија, заедно со Базилика Сан франциско ел Гранде и Базилика Исус де Мединацели. Старата црква била изградена во 1890 година во неовизантиска архитектура, но истата за време на Шпанската граѓанска војна била разрушена. По војната реконструкцијата на објектот завршил во 1951 година.[1]