Ајсен (покраина)
Ајсен Provincia de Aysén | ||
---|---|---|
покраина | ||
Поглед на градот Мелинка | ||
| ||
Местоположба во регионот Ајсен | ||
Држава | Чиле | |
Регион | Ајсен | |
Главен град | Пуерто Ајсен | |
Општини | Пуерто Ајсен Сиснес Гвајтекас | |
Управа[1] | ||
• Вид | покраина | |
• Гувернер | Мануел Ортис Торес (UDI) | |
Површина[2] | ||
• Вкупна | 46.588,8 км2 (179,880 ми2) | |
Население (Попис 2012)[2] | ||
• Вкупно | 26.858 | |
• Густина | 0,058/км2 (0,15/ми2) | |
• Урбано | 16.180 | |
• Рурално | 13.451 | |
Час. појас | CLT[3] (UTC-4) | |
• Лето (ЛСВ) | CLST[4] (UTC-3) | |
Повик. бр. | држава 56 + област 67 | |
Мреж. место | Влада на Ајсен |
Ајсен (шпански: Provincia de Aysén) — една од четирите покраини на чилеанскиот регион Ајсен (XI). Главен град на покраината е Пуерто Ајсен.
Население
[уреди | уреди извор]Покраината во 2002 година имала население од 29.631 според спроведениот попис од Националниот статистички институт. Од нив, 16.180 живееле во урбаните центри, а 13,451 во руралните области. Помеѓу 1992 и 2002 година, населението опаднало за 20%. Покраината е петта најголема покраина во земјата по површина, иако е десетто најмалку населена.[2]
Управа
[уреди | уреди извор]Како покраина, Ајсен е второстепена административна единица, предводена од назначениот гувернер. Мануел Ортис Торес бил назначен од претседателот Себастијан Пињера.[1]
Општини
[уреди | уреди извор]Покраината се состои од три општини:
Општина | Површина (км2)[2] | Население 2002[2] |
Густина на нас. (км2) | Страница[1] |
---|---|---|---|---|
Гвајтекас | 787,0 | 1.539 | 2,0 | врска |
Сиснес | 15.831,4 | 5.739 | 0,4 | врска |
Ајсен | 29.970,4 | 22.353 | 0,7 | врска |
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името Ајсен е англиска поморска изрека за ледениот „крај на светот“. Многумина во областа имаат британски и германско потекло, иако мнозинството на жителите се Чилеанци од местицо шпанско потекло.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Asociacion Chilena de Municipalidades“ (шпански). Архивирано од изворникот на 19 April 2011. Посетено на 27 February 2011.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Territorial division of Chile“ (PDF) (шпански). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-11-14. Посетено на 2 March 2011.
- ↑ „Chile Time“. WorldTimeZones.org. Архивирано од изворникот на 13 July 2010. Посетено на 2010-07-29.
- ↑ „Chile Summer Time“. WorldTimeZones.org. Архивирано од изворникот на 2007-09-11. Посетено на 2010-07-29.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Влада на Ајсен (шпански)
|