Афикс
Афикси |
---|
претставка |
наставка |
циркумфикс |
дуплификс |
инфикс |
меѓуфикс |
трансфикс |
симулфикс |
супрафикс |
дисфикс |
Афикс е морфема која се додава на зборот или коренот на зборот за да се создаде нова лексична единица. Морфемите се делат на две групи: формообразувачки (инфлекција) и зборообразувачки (деривација). Според начин на сврзување на морфемите со зборовите, афиксите може да се поделат и на сврзани и слободни афикси.
Поделба на афиксите според местоположбата
[уреди | уреди извор]Афиксите може да се поделат на голем број категории, во зависност од нивната местоположба во однос на коренот на зборот. Најчесто користени афикси се наставките и претставките. Инфиксите и циркумфиксите не се често застапени во европските јазици, а останатите се ретко застапени меѓу светските јазици.
афикс | пример | шема | опис |
---|---|---|---|
претставка | поголемо | претставказбор | Оваа морфема се користи пред зборот/ коренот |
наставка | јадење | збор-наставка | Оваа морфема се користи после зборот/ коренот |
полунаставка | анг. cat-like | збор-полунаставка | Оваа морфема се користи после зборот, но за разлика од наставката, полунаставката има слава врска со коренот на зборот, т.е. е послободна |
инфикс | борн. Minne⟨flippin'⟩sota | ко⟨инфикс⟩рен | Оваа морфема се користи во рамките на коренот на зборот, односно коренот се дели на два дела и меѓу нив се става инфиксот. Оваа морфема е често користена во борнејско-филипинските јазици. |
циркумфикс | рас⟩копа⟨н | циркумфикс⟩збор⟨циркумфикс | Еден дел се појавува на почетокот од коренот, а другиот дел од морфемата се појавува на крајот од зборот. |
меѓуфикс | брзин-о-метар | коренa-меѓуфикс-коренб | Со оваа морфема се поврзуваат два збора/ корена во една зборовна целина. |
дуплификс | шарам~барам | корен~дуплификс | Со оваа морфема се удвојува дел од коренот на зборот |
трансфикс | мал.: k⟨i⟩t⟨e⟩b „тој напиша“ (спореди со коренот ktb „пишува“) |
к⟨трансфикс⟩ор⟨трансфикс⟩ен | Попречен афикс кој се појавува во коренот. |
симулфикс | анг. mouse → mice | корен\симулфикс | Се менува дел од коренот на зборот. |
супрафикс | анг. produce (именка) produce (глагол) |
корен\супрафикс | Се менуваат суперсегменталните одлики на коренот, односно се различен изговор се добиваат два различни збора. |
дисфикс | алаб.: tipli "раскина" (коренот е tipasli "кине") |
ко⟩дисфикс⟨н | Се отстранува дел од коренот. |
Лексични афикси
[уреди | уреди извор]Лексичните афикси, или познати како семантички афикси, се сврзани елементи (морфеми) кои се појавуваат како афикси, но функционираат како вклучени именки во рамките на глаголите или како елементи на сложени именки. Лексичните афикси не стојат како слободни, тие секогаш се припоени со друг збор. Таквите афикси се многу ретки и може да се сретнат во вакашките, салишките и чимакауанските јазици. Во прилог следуваат пример од саничкиот јазик:
лексичка наставка | именка | ||||
---|---|---|---|---|---|
-o, | -aʔ | "лице" | , ełtálṉew̱ | ʔəɬtelŋəxʷ | "лице" |
-nát | -net | "ден" | sȼićel | skʷičəl | "ден" |
-sen | -sən | "стапало" | sxene, | sx̣ənəʔ | "стапало" |
-áwtw̱ | -ew̕txʷ | "зграда, куќа" | , á,leṉ | ʔeʔləŋ | "куќа" |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Gerdts, Donna B. (2003). „The morphosyntax of Halkomelem lexical suffixes“. International Journal of American Linguistics. 69 (4): 345–356. doi:10.1086/382736.
- Montler, Timothy. (1986). An outline of the morphology and phonology of Saanich, North Straits Salish. Occasional Papers in Linguistics (No. 4). Missoula, MT: University of Montana Linguistics Laboratory.
- Montler, Timothy. (1991). Saanich, North Straits Salish classified word list. Canadian Ethnology service paper (No. 119); Mercury series. Hull, Quebec: Canadian Museum of Civilization. ISBN 0-660-12908-6
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа статија од областа на лингвистиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |